Знам.. ама немам каде да одам на друго место. Плус положувам добро.Си се тешам дека можеби еден ден ќе го засакам ова. Инаку јас сум многу креативна како особа и би се бавела со нешто што ќе можам да го изнесам тоа добро, но во Македонија би била само шнајдерка и ништо повеќе. А можеби сум и премногу млада па се уште не знам што сакам и како се гледам. Ама решена сум да останам тука и ако треба со маки ќе завршам кога-тогаш.
Што ќе кажете за економски факултет? Се наоѓа ли лесно работа? Лесно ли се напредува? Моментално сум во последната година од студиите, па ме интересира ваше мислење.
Луѓе и да го сакате тоа што го студирате ќе имате моменти кога ќе чувствувате омраза зошто нешто нема да ви оди по план или со професор ќе имате негативно искуство. Најлесно е да упишеш друг факултет и многу го прават тоа поради две причини, сватиле што стварно сакаат или им треба диплома. Во нашата држава приоритет е да имаш факултетска диплома за да најдеш работа каде што нема да те третираат како малоумен. Тие што уште студираат нешто што не сакаат е можеби зошто неќаат финансиите што ги дале да ги изгубат туку така или ете немаат нерви да почнат од почеток. И понекад ова е единсвена опција за многу луѓе кои се измачиле на факултет каде профрсорите се мачни.
И трите се преубави струки, пред се хумани, и верувај дека што и да одбереш, доколку го учиш со љубов и се посветиш - ќе ти биде перспективно. И секако, доколку не успееш во Македонија, здравствените струки се нешто што секаде се бара. Со оглед на тоа што сум од фармацевтската фела, јас ќе ти дадам совет доколку ТИ сакаш да студираш фармација, да не ги слушаш тие демотивирачки муабети од страна. И јас добивав такви совети од лица од кои воопшто не барав мислење, но за среќа јас не им обрнав внимание и си терав по мое - и воопшто не зажалив! А за тоа дека 90% завршуваат во аптека и дека кај нас нема перспектива за оваа фела, не се согласувам бидејќи имам голем број на примери за спротивното. Медицината е исто прекрасна. Можеби здравството не е сјајно кај нас, но лекар што работи со љубов и се труди - секогаш го наоѓа своето место. Стоматологијата е според мене нешто во кое најчесто мораш да вложиш сам големи финансии, но се во свое време. Најбитно е самата да си размислиш и одлучиш, во секој случај ништо од овие 3 не е лоша одлука, а и не знаеме што носи иднината. Со среќа
Зошто велиш дека за стоматологија мора да се вложат финансии? За дообуки мислиш? Има пријателка на 40 години, само 3 години работеше во струката. Кога е невработена кажува дека испушта многу семинари, и највројатно со тоа не е конкурентна.
Затоа што мислам дека најисплатливо на стоматолозите им е да си отворат сопствен бизнис, а опремувањето на стоматолопка ординација е прилично скапо
Преку АВРМ даваат 3.000 евра, но мислам дека тоа не е доволно како што кажува другарка ми. Инаку, треба да има и лекарот пациенти за да се исплати, да му тргне бизнисот, во спротивно ништо.
Зраво дечки, 4 година сум средно и планирам да се запишам на ФИНКИ на смерот : Примена на информациски технологии Уште од мал ме интересира програмирање, лесно се снаоѓам со компјутери и имам такви ствари но имам проблем со математиката што многу слабо ја знам и имам одбивност спрема неа. Видов дека во овој смер има само една математика (дискретна) во прва година. Да ве прашам за ваше мислење. Дали да се запишувам или поради тоа што сум слаб со математиката да си бркам некој друг факултет што не е за програмирање?
Запишисе на ФИНКИ, мислам дека ќе згрешиш ако не се запишеш, бидејќи викаш дека си добар во порграмирање и сакаш компјутери. Доста перспективен факултет и работата како програмер е секаде барана и ќе биде уште повеќе, како што се развива технологијава. Математиката се совладува, плус ако е ете еден семестар само така е ставена колку да има математика. Исто и на Архитектонски еден семестар е математиката, јас тапа си бев математика, но редовно одев на предавања и вежби, после тоа вежбав дома и положив. Така да немој за еден предмет да се откажеш од тоа најмногу што те привлекува како професија.
На секој факултет ќе наидеш на некоја тешкотија. Ако сакаш тоа да го учиш, те влече, тогаш не се плаши од предизвик. Многу концетрација на предавање, ако треба има и приватни часови (кои може и нема да ти требаат), се се надминува. А ако запишеш друг, веројатно нема да ти биде интересно, па се ќе ти биде тешко. Факултет е перспективен и нема да згрешиш.
Дали има некој што студира или завршил на Филозофскиот факултет отсек- Историја, и колку е просперитетна таа струка.
Па дали ќе најдеш работа никој не може да ти каже. Секој со својата среќа. Можам да ти кажам дека правници има колку сакаш, не е дефицитарна професија.
Здраво дечки,веќе неколку месеци размислувам за мојата иднина,и морам да кажам дека ме фаќаат кризи... 4та година сум,и за многу кратко време ќе треба да се запишам на факултет. Се размислувам помеѓу фармацевски факултелт,биохемија на пмф и лаборант. Значи не можам да се одвучам,би се запишал на сите три факултети ако можев.Што мислите вие,кој по вас е повеќе преспективен,со кој би можел да успеам да се вработам во Германија (желба ми е таму да живеам):?
Dali ima nekoj sto e zapisan ili zavrsil na turizam-ohrid? Ako ima neka mi pise ili neka spodeli iskustvo...
Видов дека ти имаа пишано дека двата факултети немаат допирна точка баш напротив. Смерот криминалистика има многу голем број правни предмети во кој е опфатен 70% од матријалот што се учи по истите предмети на правен. Јас дипломирав на криминалистика, другарка ми на правен. Многу слични предмети има, но има и предмети што немаат никаква поврзаност. Пс: и двете не работиме со факултетот
Мислење за Градежен факултет - Скопје. Какви се професорите, дали е тежок како што кажуваат, дали може да се најде солидна работа после дипломирање и слично?