За некој период ќе завршам општа медицина. Ама факултетот најискрено го завршувам за да не ги разочарам моите, а и да имам "втора опција" за не дај Боже. Веќе повеќе од две години работам за странска фирма (со диплома од средно, и познавање на англиски јазик), и не планирам да ја немам работата ниту по завршувањето на факултетот. Напреднав мноогу со плата, и оваа плата што сега ја имам, ниту на сон нема да ми дојде ни како специјалист лекар ни со 20 години стаж... А за стресот што каде помал па и да не зборувам. Затоа ќе кажам - Не гледајте на тоа кој факултет е перспективен и колку. Гледајте колку вие сте спремни, колку имате капацитет да вложете во нешто (не мислам на финансии), и да се трудите да успеете и да одите нагоре. Работете го тоа што го сакате и континуирано се надградувајте. Размислувајте како може уште да бидете подобри, поразлични од "просечните" и трудете се да го направите тоа.
Некои доктори во државни болници земаат 3-5 000 евра, вие за приватни сте се фатиле Зависи од што специјалист е, па натаму. Секако дека дерматовенеролог и трауматолог не земаат исто, итн. Ни дежурства, ни саати, ни додатоци. Башка НЕМА доктори. Што значи сега сме во состојба тие сами да си ја кажуваат платата, а не обратно. И допрва ќе ги нема.
Здраво, размислувам периодов да се запишам на логопедија ама не знам баш колку е просперитетна таа професија и колку се платени, па некој да ме просветли поупатен во оваа област
Nema legalna drzavna plata za lekari na drzavno 3000-5000 evra. Da ne se lazeme. Privatno mozebi nekoi dobivaat no retki se. Privatnite rabotat na procent.Retki se da dobivaat tolku. Nitu eden privatnik ne se grizi za rabotnikot bez razlika dali e lekar Ili drugo.Profit pred se.Sopstvenici na ordinacii mozebi imaat tolkavi plati.
На клиника Не е тешко да се стигне до 3.000 евра плата. Секако, ова зависи од бројот на дежурства најмногу. На сето тоа кога ќе се додаде приправност, началничко место, фин стаж, отежнати услови на работа, ноќен труд, повици... може да се дојде до таа плата. Поготово ако специјалистот е хирург, анестезиолог или кардиолог. Бар јас сум 'видела' таква плата.
Da imalo takva plata nema da begaat doktorite od klinika.Pojdi na bilo koja klinika I prosek na starost e 35 godini.Poiskusnite I povozrasnite se izbegani. Povici,nacalnici,noken trud I dezurstva ne odat na eden lekar odednas.
Јас само споделив дека плата од 190.000 ден на клиника ПОСТОИ. Конкретно мм има и началничко место, ноќен труд, приправност, отежнати услови на работа повици, стаж околу 30г. Во нашата болница има уште двајца вакви специјалисти. Во Јзу до плата од 190.000 не се доаѓа, но на клиника се стига до таква. Не велам дека секој втор др има таква плата, но сепак има. И тоа легално
Како не е легална кога болницата на трансакциска им исплаќа? Учиноци, дополнителни, дежурства, врагови... ехе Не бегаат само ради плата. Ако не државно, приватно одма некој ќе ги прибере за 2000+ Има други работи што смрдат многу повеќе од плата
Пак ќе спомнам како пример, никој не вика дека некој микробиолог или хирург или незнам каков началник не зима 3,4,5к евра. Можда зима. Ама сте се фатиле за некои 2-3% од медицинските работници. Колку началници има вкупно? Или незнам какви други специјалисти? Кои се шансите сите на мед.факултет да го стигнат тоа? Спомнав, има и архитекти што зимаат 4-5-6к евра, ама тоа не е просечната плата на архитектите, можеби 2-3 посто зимаат. А тука испадна секој што ќе стане микробиолог ќе зима минимум 3к евра у државна. Па на факултетон немаше место да има...
Што се објаснувате Каме не ми е јасно? И @Bubce38 тргнала правда да дели Нека дојде некој специјалист на темава што аплицирал во онаа приватната и не му понудиле 240000 па после објаснувајте се Туку македонче..ќе прочита нешто и ќе се полакоми одма. А не е свесно дека ни за 1000год нема да стигне до таа специјализација И сите мислат дека луѓето си заминуваат од МК поради ниска плата... Не бе другари.. си заминуваат поради подобри услови за живот. Намален стрес, поквалитетно образование, платено дообразование, чиста животна средина, чист град каде што живеат или макар и село кое патем е 10.000 светлосни години понапредно од нашиот главен град... Заминуваат затоа што им скиснало секој ден за политика да се збори, затоа што им е мака кога имаат знаење ама не им даваат никако да придонесат.. И ред други работи.. Си оделе поради пари.. мхм, си одат оние што се на најниското ниво на скалата. Оние со добри факултети, магистерски и специјализации не си одат само поради плата. У склоп на темава, не прашувајте колку се перспективни факултетите. Џабе е да го завршите ако после тоа ви е мака да станете наутро за да одите на работа. Учете нешто што сакате, само така ќе имате желба за цел живот да доучувате по нешто потребно за струката, инаку џабе сте ги потрошиле годините за студии. Ем потрошени години ем мизерен живот. И после македончето било несреќно.. епа дабоме..
Zdravo, jas imam edno prasanje do oni koi povekje se informirani i znaat da mi odgovorat. Sakam da se zapisam na graficki dizajn, no na drzaven fakultet go nema, samo akademii i privaten. Pa sto mislite ili pak nekoj ima iskustvo da mi kaze sto e podobro. Jas smetam deka diploma od fakultet ne moze da se sporedi so akademija no so nekolkumina sto imam zboruvano se mnogu pozadovolni od akademija poradi toa stoe se fokusirale na najpotrebnite raboti za ucenje. Blagodaram odnapred.
Еве сега најново се отвори еден институт за дизајн и технологија. Прилично е скапо, но мислам дека вреди. Отвори ја страната на институтот, имаш во делот на графички дизајн подетално објаснето. Јас ги чекам да видам какви услови нудат со стипендиите.
Наискрено, мислам дека е подобро да запишеш друг факултет, а за графички дизајн да си учиш од курсеви, академии. Бидејќи таму се се учи низ годините и искуството. Има толку многу начини да научиш за графички дизајнер, не е тоа програмирање па неможеш сам да го научиш. Вака со факултет од друга област, ќе имаш поголем избор, и можност за преориентација.
Kako druga opcija mi e arhitektonski fakultet, no povekjeto studenti se zalat od obemen materijal. A jas i fizikata ne stoime bas dobro. I za toa odluciv da ve prasam site vas koi delime isti problem
На ФЛУ имаш смер за графика, колку што знам само 10 души примаат годишно. На архитектонски и на ФЛУ имаат по 10 предмети во семестар, ептен им е напорно, можеш и програмите да им ги видиш на страниците. Јас би ти предложила да размислиш за оној за мебел. Доста е интересен, но и таму имаш физики и математики. Скоро сегде имаш на покреативните смерови.
Temava ne ja razbiram.Vo vremeto koga jas se zapishuvav na fakultet nikogash ne zboruvavme za najprespektiven fakultet.Fakultet se zapishuvase spored zelbata sto sakavme da bideme I sto sakavme da rabotime vo soglasnost so postignatiot uspeh vo sredno uchiliste. Sekoj fakultet e perspectiven ako vlozis trud I ako ja sakas rabotata koja ja rabotis.Ako pespektivata se gleda spored plata sto se zarabotuva e sekogash razlichno zavisno od rabotnoto mesto. Ne vi treba da imate fakultet za da zarabotite golemi pari.Imate mnogu poveke moznosti da zarabotite pari bez fakultet ako ste dobar I kvaliteten rabotnik.Dobar majstor za kola Ili dobar strujadgija zarabotuva mnogu poveke od (najprespektivniot) fakultet spored vas. Zatoa studirajte toa sto navistina go sakate,rabotete go toa vo sto se najdobri I ke imate pari. Vsushnost vo Mk najprespektivno e da si politicar vo parlament.