Зашто премалку работни места има за таа струка, а ќе ти требаат еден тон врски, за не толку голема плата. Ако одиш на курс за програмирање секаде ќе можеш да работиш, ќе си имаш занает и ако си амбициозна ќе можеш многу да напредуваш.
Да,можеби ќе има работа со тој курс но еве на пример јас секогаш сакав да работам со луѓе,со деца .. А информатика и програмирање со сосема друга работа..Сепак фала на мислење.
Не ти е секој сторен за информатика. Мислам да одиш педагогија зошто повеќе опции ќе имаш, ако патот те доведе да работиш со деца. Педагог во училиште или па да предаваш педагогија како наставник, воспитувач во градинка можеш и да завршиш докалификација.
Воопшто не е промашај,да си дел од Педагошки Факултет во Битола,напротив голема привилегија е.Не слушај приказни од типот не оди таму,,не е добар факултет,на последно ново е во Р.С.М. напротив факултетот е одличен,професорите се перфектни во секоја смисла на зборот.Секогаш подготвени,има многу нови предмети соодветни за било која област и насока да ја избереш. Нека не те лажат со негативни измисли, дека факултетот не чини. И не биди водена од мислата само да завршиш факултет и да земаш висока плата.Познавам илјадници луѓе кои се запишаа на правен се со цел дека ќе бидам адвокати,судии,правобранители. Исто така мислат дека сите ќе бидат доктори. Нели не може сите да бидеме доктори и судии. Мора од секоја професија да има по нешто. Тоа е солидна група на Педагошки,програмата е збогатена со многу предмети нови,и плус книжевности секако ако сакаш да читаш книги од македонските писатели.Најѓногу книги од нив има ,но секако ни странските не ги пропуштаат и тоа најдобрите. Има пракса во училишта средни или основни не е во ,но праксата е кај професорите по македонски јазик. Професорките што се главни за оваа насока се најдобрите професори низ државата.Збпруваѓ за Даниела Андоновска Трајковска и Виолета Јанушева,првата 10 од неа ја имав во прва година,па бев пресреќна. Потоа прво одиш на колоквиуми,но ако си активна на час не одиш на усно ти пишуваат директно оценка .Инаку усно и писмено има испит. Вреди да студираш. Најдобрите насоки во Педагошки,посебно делот што доаѓа на крај на семестрите,праксата. Дефинитивно од тоа нема ништо поубаво.Работа со деца . Насоките се исто така добро организирани,со нови предмети,професорите спремни,организирани,подготвени...и што друго да ти кажам,се е во најдобар ред.
Не мислев дека факултетот не е добар, туку дека не е најперспективна струка, познавам многу луѓе кои завршиле Педагошки и седат дома, а скоро сите кои зеле макар и основен курс по информатика, нашле солидна работа. Ок, желбата е едно, но што вреди ако не можеш да егзистираш од тоа.
Може ќе и се посреќи баш нејзе и ќе го работи тоа што го сака. Не се знае тоа никогаш. И егзистенцијата секој различно ја толкува. Некој ќе биде задоволен и со 20.000 ако го работи тоа што го сака зошто нема да се угнетува секојдневно на работа работејќи го тоа што не го сака. На крај краева ако нема работа со тоа што го сака може секогаш да работи нешто вон струка .. ако сака.
Името на оваа тема некако не е прикладно. Не постои најперспективен факултет. Односно, не постои ништо "нај". И не, најидеалното решение не е да упишеш курс за програмирање за да заработуваш ХУ плата (проверете ги ИТ форумите што постојат кај нас и ќе видите премногу лоши искуства со новопечени и сомнително многу "академии" кои шиткаат вакви прикаски). Не знам зошто воопшто оваа држава дозволува да се користи зборот АКАДЕМИЈА за приватни училишта и во рамки на неформално образование, многу некоректно и девијантно. Заклучокот е дека човек може да заработува за живот/или многу пари иако не е програмер, може да заработува од своето хоби, од некој талент, може да студира и да работи една работа цел живот, може да не студира и да работи нешто рандом, може сто пати да си ја смени професијата во текот на работниот век. Сѐ може во животот.
Нормално, има многу фактори, моето искуство така покажало. Дај боже тоа што го сакаш да го работиш и да ти носи многу пари.
И ти секако да си го работиш тоа што го сакаш. И само да дополнам,не се секогаш во прашање парите,некогаш треба да имаш и љубов за професијата што ја работиш,ако трчаш само по парите нема да бидеме никогаш среќни.Јас конкретно сум воспитувач во детската градинка,и ја сакам работата к сакам да работам со деца,платата не е многу висока. Ама што ако ако си ја сакам професијата ,платата е ништо. Знам дека сега сите трчаат за пари и сите избираат вакви високи професио,и затоа не мибоди државата.Има голем квантитет на студенти ама за жал квалитет нема. Јас не те разбирам што сакам да ми кажеш конкретно?
Го избришав мислењето за да не ја полнам темава со офф топици ама еве дека ме цитира ќе се надополнам. Сакав да кажам предмет изборен што сум го зела а за чија што содржина не се интересирам ми е тешко да го учам не па цел факултет да ми биде вон интерес. Уште помалце работа. Затоа некогаш не вреди да се силува човек со работи кои не ги сака. А успехот е таму каде што има колку толку љубов.
За кој како. Ти имаш интерес за една работа, некој за сосем трета и тоа нема врска со перспективноста. Заминаа мислењава надвор од темата али океј
Може и не толку многу офф топик. За да бидеме свесни дека "перспективноста" за секого од нас има различно значење. Не знам дали некој од вас воопшто пробал да работи нешто што воопшто не сака, секој ден, пет, десет или петнаесет години? Ако единствената мотивација се парите, колку мислите дека таа мотивација ќе коегзистира? Колку време ќе ве држи еуфоријата? Колку ќе се чувствувате задоволни, исполнети, а колку фрустрирани и напнати? пс. Прашањето е општо кон сите, не кон тебе лично. За да видиме колку е изводливо, да пробаме да процениме што е "поперспективно".