Темата е перспективност, т.е. можност за вработување и висина на плата. Темата воопшто не е љубов интерес или слично. Со оглед на ова јас се согласувам со членката погоре дека педагошкиот факултет не е перспективен.
За тебе перспективност е висина на плата, за мене не е. Моето мислење и став за "перспективноста" е од моето лично искуство, работам точно 19 години (верувам дека и по возраст и по стаж сум повозрасна од повеќето на оваа тема), студирав неперспективен факултет со кој успешно (без партии и врски) сум добивала различни работни места и сум заработувала (и зарботувам) дури и повеќе од толку извиканите програмери, доктори и слични професии (кои се сметаат за ептен перспективни). И познавам навистина многу луѓе како мене. Не го пишувам ова чисто фактографски или да се фалам, туку затоа што животот толку многу се менува. И на 17/18/19 години не сме ни зрели да донесуваме животни одлуки без да бидеме условени од околината. Се сеќавам дека пред дваесет години моите беа фрапирани од одлуката да студирам италијански (а не германски,англиски), економски беше ептен популарен, а денес сите мои колеги економисти или се невработени или работат нешто сосема трето. Перспективноста никако не е само можноста за вработување и платата. Демографијата на светот е премногу променета, со тоа се менува и пазарот на трудот.
Не знаеш колку ме охрабри. Учев сообраќај средно и сите ме критикуваат зошто не продолжувам.Не продолжувам затоа што мразам математика,а смеров на технички да ти бил скоро се математика. Имав и имам дилеми со себе, дали ќе успеам,немам оцени како што треба,имам сосем друга основа,поминав катастрофа на матура ама јас се надевам дека ќе ме примат...
А и овие што одат за професори и професорки одат на пракса по средни и основни училишта? Предаваат таму или како? Не сум многу во тек околу факултетот и начинот на студирање. Е сега сака да те прашам и друго, слушнав дека имало и приемен психофизички испит, ако е тоа точно може да ми објасниш подетално околу тоа? Разбрав нешто како одење на греда, читање, зборување итн..
Да,ако студираш на насоката македонски,јазик,англиски јазик,книжевност одиш на пракса во основни и средни училишта,и тоа се училишта што се околу факултетот.Не знам дали си од Битола ако си сигурно ги знаеш кои училишта се блиску до Педагошки.А во четврта година се оди на пракса во училиштата ама во руралните места,каде што има општини како Могила,Новаци... Што се однесува тоа на психофизичките,има само тест за психофизички способности треба да го решиш со основни прашања,а тоа за греда одење секако дека не.А инаку да се доискажам на пракса во руралните места подалеку од градот те носат професорите со сопствен превоз.Инаку праксата од прва до трета година е слушање ,а во четврта е ти да предаваш,без тоа предавање не можеш да ја поминеш Четврта година.
Ти благодарам премногу на одвоеното време, супер ми објасна и сега разбрав. Инаку не сум од Битола туку од Охрид, ама имам отприлика претстава за кои училишта станува збор.
Здраво, ми треба мислење за земјоделски факултет, поточно за смерот анимална биотехнологија. Но, исто така би била благодарна ако некој воопшто сподели некакво мислење за тој факултет.
Ми треба мислење помеѓу смер воспитувач и социјална рехабилитациска педагогија на педагошки факултет во Битола
Кој се можносите за вработување со смерот односи со јавноста на правен? Мислење? Секоја информација би ми била добредојдена. Фала ви однапред.
Нема што да ги бројам. Ти што мислиш? Лозанче ( неврохирург) колку плата зема у Систина? Да имаш мала ориентација ќе ти кажам дека специјалист гинеколог во ивф одделот во Систина зема околу 3.000 еур.
Зашто се фаќате све за супер специјалисти кога е во прашање просечна плата, а не колку зимаат дваесетина специјалисти во државава? Мојот директор на оддел во програмерска фирма зима 9000 (со зборови ДЕВЕТ ИЛЈАДИ) евра, а не е ни CEO. Мубаетот е за просечна плата на повеќето доктори во државава. И смешно е 50 илјади денари да ги спомнувате како "висока" плата за доктор специјалист кој спасува животи, човече јас со мочан филолошки зимам повеќе, а најлошо што може да ми се деси на работа е двапати да принтам ист документ во кој дополнително сум утврдила дека има печатна грешка. Просечната плата на доктор специјалист не е ниту две ниту три илјади евра. Зборуваме за просек значи. Она што го заработуваат повеќето од една одредена група.
Просечна плата на специјалист Не е 50.000 ден. Минимална нето плата на специјалист во државна болница ( вчера примен) е 53.000 ден. Дежурства , повици, стаж, приправност... све се тоа е плус. Мојов пример стигнува и над 110.000 ден. А се работи за државна болница во мал град. На клиника е друга песна, таму све е поплатено. Не велам дека платите на докторите се ваууу, ама па е за разлика од пред 4 год сега е тројно зголемена. Не би рекла дека само 20тина специјалисти земаат 4.000 евра плата во приватна клиника. Јас лично знам малку појќе од 20 такви доктори.
Пишав 50 илјади затоа што некој погоре ја пиша. Плус на плата за деловна успешност, бонуси за продажба, дневници за патувања и јас не рачунам. На колку години во просек се станува специјалист? Колку специјализанти има во година, или по специјализација кои ќе влезат во државна квота? Премногу работи играат улога. Платите се зголемуваат поради пропорционалното намалување на кадарот, инаку ќе се тапкаше во место уште долго време.
Искуства со факултетот за информатика во Штип, ФИКТ или УИНТ? Дали се добри, дали се учи на македонски или англиски, строго дали е, тешко/полесно..?