Добро ама ајде сега да сме реални колку па со филолошки земаат повеќе од 50 000 денари плата? И претпоставувам дека си во Скопје, во некоја странска компанија. Исклучоци има од секоја струка. Доктор специјалист ни во Германија не зема 9000 евра (секако дека има исклучоци, ама зборуваме за просек) колку шефот што го спомна. Барем нето не земаат толку. Во просек нето е 4700 на доктор специјалист. Менаџерски позиции во одредени компании се платени со баснословни суми, тоа знаеме. Сепак платата на докторите е мн повисока во последно време отколку порано. И ако споредуваме со просек плата во Мкд е океј. А, ако споредуваме со луѓе што се платени од странски пазар, е ниска.
Се сложувам дека се повисоки, и треба да бидат. Сите треба соодветно да бидат платени за својот труд, од работниците во текстилната индустрија со тажни 150 евра, и тие заглавени на минималец, и доктори специјалисти. Не знам колку луѓе со Филолошки земаат 50 илјади, но познавајќи ги малку приликите во "јазичните" струки или сектор продажба/корисничка поддршка, тука некаде се движат платите, зависи од фирмата и јазикот. Го земав за пример мојот директор, затоа што тој е пример меѓу директорите на исто ниво колку и доктор специјалист. Во однос на странските фирми, преведувачи/јазичари/корисничка поддршка немаат ниту многу да бираат, најголем број од компаниите се странски, затоа и потреба од луѓе што познаваат јазици.
Здраво на сите..Нова сум во форумов и прв пат пишувам. Имам дилема сама со себе и затоа би ве замолила за совет. Сега сум 4-та година средно образование. Размислувам на тама факултет и се мислам. Дали да се запишам на правен или медицински факултет. Во прва година бев многу добра ( 4) додека во втора и трета година одлична (4.5). До пред некое време бев решена дека ќе одам на правен. Но наеднаш ми се јави во глава медицина. Никогаш порано не се замислував како доктор и сега размислувам и се плашам бидејќи ние во гимназија немавме многу познавања од медицината. Се плашам пд тоа дека ако одам нема да се снајдам и дека се ќе ми е непознато и сето тоа ми прави комфузија и ме демотивира. На друга страна е правото мојата љубов. Но од овој аспект размислувам дека медицината е многу по перспективна и дека повеќе ќе имам можности со медицинскиот одколку правниот. Сега сум во бунило и не знам на што да се посветам. Се плашам од тоа дека нема да успеам со мојот успех да влезам на двата факултета но и на друга стрсна знам дека со помош на национална база можеби ќе имам некакви шанси. Ве молам за совет ако некој го помина ова дали ќе може да сподели оскуства и пријателски совет? Ви благодарам однапред и добро ве најдов!
Ако планираш општа медицина да одиш, во прашање се шансите дали ќе влезеш. Зошто многу е голема конкуренцијата таму и се зголемува ептен последниве неколку години. Никад не им остануваат слободни места за втор уписен рок. А правен им се намалува конкуренцијата и шансите за да влезеш се големи, па на крај краишта мора да те примат зошто и таму не е е сега како што беше на времето.
Првенствено ви благодарам на одговорот. Јас су припадник на ромска националност. На нас ромите ни се доделуваат поени за да имаме поголеми шанси во уписите. Дали некој знае како се пресметуваат поените? Бидејќи би сакала да имам предзанење за тоа дали во општо имам шанси таму. Ви благодарам
Заборавив како се рачунаат. Ти можеш и за стипендија да конкурираш ради националноста, btw. Мислам дека не ви се додаваат поени, еднакво сте третирани на уписите.
Мислам дека грешитеБидејќи познавам другарка кој со помош на националните поени е примена на медицинскиот факултет на одделот медицинска сестра. А тоа за стипендијата е точно.
Најди на интернет калкулатор за поени од средно и израчунај, ама ако си малцинство мислам имаш шанси да влезеш, ако не Штип имаш опција. Јас би одбрала медицина искрено...
Нема поени за националност туку посебна квота и би била примена и на општа медицина годинава преку националност и со 70 поени влегоа
Јас оваа година сум матурантка, а сум на државно средно училиште, општа паралелка. така да можам да одберам која да сакам факултет. тоа дали ќе ми е тешко да учам, не ми е проблем. мислам дека нема лесни факултети. но, сакам да студирам факултет, и понатаму да останам тука, и да можам без проблем да најдам работа. Домашниве сакаат да одам медицина, а јас пак не сум баш многу заинтересирана за таа смера. има најмногу позитивни работи за медицинава, како вработувањето не е проблем а и имам многу другари/ќи кои веќе одлучија дека сакат да студираат таму. значи нема да имам проблеми ни за друштво . но работава е тоа дека лично јас не сакам да студирам медицина. Долго време (3 години) се спремав за архитектура, но како што ги прашвам луѓето имаат роднини/пријатели или пак самиве имаат студирано архитектура, многумина ми кажваа дека нема работа. За сега истражувам за информатика, кај финки, ама не сум баш сигурна. ако има некои во форумот кои повеќе знаат за овие факултети, ве молам да ме информирате дека стварно ако оди вака ќе ми остане за последен момент да бирам што било
Здраво. Јас сум на медицина, трета година од октомври, и ќе ти кажам нешто. Мене, тоа ми е најдобра одлука во животов, ама тоа е лично за мене. Зошто? Затоа што го сакам тоа што го учам, а верувај, факултетот е прилично напорен, и ако немаш желба да го учиш, и ако не те привлекува, тешко ќе ти оди. Не викам да не пробаш, можеби ќе ти стане интересно, ама ако си децидна дека не сакаш медицина, тогаш пробај се на друг факултет.
Фала ти за одговорот. Па како и што спомнав, тешкотијата не ми е гајле. А медицинскиот ќе го оставам за како џокер Имам уште две три месеци за да размислувам, па мислам до тогаш ќе можам да одлучам
@randomweeb Тоа што те интересира, тоа да запишеш. Семејството нема да го учи факултетот за тебе, ќе бидеш полнолетна, ќе се консултираш со сите, но одлуката ќе си ја донесеш ти. Најпаметно е така. Факултетите пред упис организираат отворени денови, има и саем (не знам точно во кој дел од годината) каде сите факултети ги презентираат своите програми преку своите сегашни студенти, на такви настани можеш да собереш најмногу и најточни податоци. Тешкотијата сега не ти е проблем бидејќи не си ја осетила. Борба за просек, за повисока оценка, за стипендија, борба со демонстратори/асистенти/професори и нивното расположение, саати и саати чекање, саати и саати предавања и вежби. Динамиката на факултет е поинаква. Понекогаш чекаш три/четири саати за испит кој трае петнаесет минути. Што и да одлучиш со среќа.
Да одиш на архитектура. Немој да одиш на нешто што сакат твоите родители, а тебе тоа не те привлеква. Тоа е професија за цел живот. Немој да слушаш други дека немало работа, јас невработен архитект не познавам. Тоа што ти е љубов на тоа да си се запишиш, за да не ти биди криво после цел живот