Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. Аленас

    Аленас Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите! Имам прашање околу уписот на архитектонски факултет. Една моја пријателка сака да се запише на архитектура но има ја плаши приемниот. Дали некој кој студирал на архитектонскиот факултет може да сподели што е потребно да се знае и кои предзанења да се имаат и на што воопшто се сведува тој приемен? Инаку пријателката учи во гимназија општ смер. Ви благодарам многу однапред.❤❤
     
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Многу има дипломирани архитекти кај нас.И има невработени доста и такви што работат уредување и ентериери,зошто повеке има работа тука.
     
    На randomweeb му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.911
    Допаѓања:
    6.695
    Пол:
    Женски
    Има подготвителен курс нешто во јуни/јули месец го организираат од факултетот како спремање за приемниот, прати на нивната веб страница
     
  4. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    Најперспективен факултет според мене е технички факултет, медицински факултет, правен факултет.
     
  5. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    547
    Пол:
    Женски
    Ако те влече архитектура тоа да си запишеш не слушај други што ти зборат па ни твоите, работа има со тој факултет сегде низ светот исто како и медицината само што ако завршиш архитектонски дипломата ќе ти биде признаета сегде низ светот без дополнителни квалификации и испити што не е случај со медицината,ќе мора да дополагаш испити одново а некаде нашиот медицински не го признаваат воопшто, ова ако планираш да емигрираш некогаш надвор од земјава..Поздрав
     
    На randomweeb му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Babygirl1234

    Babygirl1234 Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Што мислите за правен факултет новинарство?
     
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Какво мислење бараш?
    Од аспект на просперитет или?
     
  8. Babygirl1234

    Babygirl1234 Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Какво мислење бараш?
    Од аспект на просперитет или?
    Da
     
  9. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Остај просперитет ако тебе те влече да си го запишеш. Убава професија е.
    Не сум студирала таму ама ако имаш љубов за нешто каков сака факултет нека е, убаво ќе ти е.
     
  10. Babygirl1234

    Babygirl1234 Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Se mislam zashto kaj nas rabotive se sekade korumpirani kade i da zgazish i ne sum upatena dali e dobro platena ovaa profesija.
     
  11. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Кај нас ништо не е добро платено ако така гледаш да бидеме реални. Мали плати имаме.
     
    На Tanjamm и Babygirl1234 им се допаѓа ова.
  12. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    7.332
    Naprospektivno e lepenje plakati I partiska marioneta, visenje po shtabovi.Taka se zavrshuva brzo fakultet a voedno I se dobiva istovremeno i vrabotivanje. Ama za toa treba da te vlece, da si ameba so genetika na supozitorij. Ne moze sekoj taka. Treba talent.
     
    На Tanjamm и truffles им се допаѓа ова.
  13. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Ако ти е пасија да станеш новинар, не ти треба правен факултет, можеш и со диплома од книжевност да станеш новинар. Тебе ти треба да знаеш како да комуницираш со луѓе и да си начитан. Не ти требаат врски, ти требаат конекции со луѓе, тоа не ти е вработување преку другар на татко ти. Тоа се "пријателства" кои си ги стекнал со одлични комуникациски вештини и така можеш да се протнеш во професијата.
     
    На Karamela12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    12.762
    Никој не гарантира дека со диплома од книжевност може да биде новинар. Дел се протнале преку врски така, ама па реално тоа што го работат тие со книжевност, дури не е ни новинарство. Ќе направи две интервјуа во месецот за некој весник, и тоа со ликови кои се желни за самопромоција, тоест не вложила никаков труд за да стигне до нив, ќе земе некоја смешна пара или ќе волонтира и наоколу ќе кажува дека е новинар, што нема врска со реалноста(знам такви книжевници демек новинари). Ќе дојде време кога новинарите ќе се побунат оти кој стигне им ја зема работата, од модели, актери до професори, сите станаа водители. Инаку, со книжевност има кадри со лопата да ги ринеш, и нема работа освен ако се со јаки партиски и роднински врски. Но, генерално ништо не е платено кај нас, па ни новинарството.
     
  15. Babygirl1234

    Babygirl1234 Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Океј, благодарам. Има ли некој што го учи овој дел да сподели искуство?
     
  16. Paris hilton

    Paris hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2021
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    439
    Jas sum medicinski fakultet i iskreno super mi e. E sega za perspektiva isto ne mozam da se zalam. Se baraat doktori vo drzavata. Sakam da bidam kozen ili ocen, ne znam ke vidime, ima vreme do specijalizacija. Iskreno da vi kazam zavrsiv i sredno medicina i koga bev vtora godina ic ne sakav da produzam so medicna, duri prezirav. Potoa trgnav na praksa od treta i se zaljubiv. Tie denovi sto ne bevme na praksa mi se idese da gi sedam doma od zal zatoa so nema da odime vo bolnicata toj den . Ima za ucenje i toa baagi ama kade nema e prasanjeto? Pomalku ili poveke toa e, site fakulteti se umiracka. Bitno e da ucis so razbiranje i da sakas da ucis. E sega treba da imas nervi za medicina i isto da ne si gadliv, eheeeee kolku pati ima nekoi padnat od sto im se zgadi koga gledat nekoja mala intervencija ili koga vidat tuga krv. No ajde toa e se prolazno, imav takva drugarka se gadese vo pocetoko no posle se navikna. Se e navika vo zivotot. Im posakuvam sreka na site tie sto ke se zapisat medicina!
     
    На злоба, truffles и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  17. Boka98

    Boka98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2021
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Mozebi kasno palam so muabetov tuka gledam ima mn vreme pomianto 2016,2020 se zalisav i diplomirav studirav arhivistika,diplomiran arihvar i pomosnik administrstor ikancelarisko rab (adminjstracija) i sfativ deka ako nemas partija za drzavmo a nemam,i vrski za privatmi firmi i tje nemam ke idam da rabotam sofer ....moj sovet do onie so se mislat so fakultet i tie bakraci ne e sekoj za progamer skroen i slicni srodni nauki,vadete bg pasos i kidla odtuka,ako sakas da prozivees zivot, i sekako uste sum ne vraboten skoro 1god ip9l posle diplomiranje rabotam nekoj random bezvezalni raboti.Od prixina so ne fukncionira sistemott
     
    На злоба, Indiegurl, GirlLove и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    А без факултет у странство, шо мислиш дека ќе работат?Директор на ММФ?Раководител на претпријатие?
    Таму и дупло бараат сестро златна.
    Иди на кариера.мк најди 200 огласи, пушти CV во сите одеднаш, едно ќе влезе.Ко тикет да пишуваш.
    А кај нас добро е да си програмер, САМО пошо на странциве, ако пример работиш за странска фирма. им се исплати да вработуваат македонски програмери, ради поевтина работна сила.Ние овде се мочаме у гаќи ако им е почетна плата 40/50,000, а во Америка им е многу поише.Па полесно му е ако има/нема канцеларија, да вработи наш шо ќе паѓа у несвест за тие пари, додека некој на Вол Стрит ќе лапа 2000 долари (значи дупло од нашиов).
    А тоа ,,талентот" и за други професии треба да те бива шо би рекле.За хирург ти требаат смирени раце, за новинар ти треба добра дикција, за професор по музика ти треба слух/познавање за музика, за Филолошки треба да ти идат јазици итн.
    Сте се фатиле (не само ти) за програмерствово као божество да е.
     
    На gold.unicorn, Glowy, _beautyy_ и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Мала дигресија. Почетници програмери во наши фирми зимаат 30-40 илјади, но во странските фирми кои работат тука, не баш. Моите познаници што работат за швајцарска фирма зимаат 1500-2000(не се почетници, но не се ни убер експерти), нивните колеги во Швјцарија земаат 7-8-9 илјади цхф. Исто и во Америка, земаат далеку повеќе од две илјади долари. Актуелно занимање е генерално сѐ што е поврзано со дигиталниот свет бидејќи станува јасно дека во моментов е движечка сила. Бармен или готвач кој исто заработува одлично во Европа или Америка, поради катаклизмава е на работ на егзистенција, а програмери/маркетери/QA/дата аналист/систем администратор полесно ја пребродуваат кризата. Колку и да те бива за нешто, секогаш е потребна таа мала среќичка која ќе ти помогне да се отвори некој врата, талентот сам за себе нема клучна улога.
     
    На Glowy, Feminka22 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.328
    Пол:
    Женски
    Со наш факултет никаде не те бива ни тука ни таму. Мислиш во несвест паѓаат ако им покажеш фиплома од филозофски?
    Програмери со искуство и кај нас не се под 2-3000 со искуство. Битно е да ти се погоди работно место и газдата.
    Иднина е фриленсерство, за се се наоѓа работа.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.