Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Абе ти ако знаеш, и од Славјански имај диплома, ќе знаеш.
    Многу нѐ потценувате.А колку се учи овде (бар ја по мене шо глеам) не е песма лета.
    У Германија, Швајцарија никој не те држи ако не знаеш или си мрзлив, а овде им одговара, од 8 саати раб. време кој има среќа ќе работи 4, другите ќе ги спие, кој нема, ќе работи и за спијачиве.
    Не знам дали ја сум мрдната шо сум реална или шо е работава.Еве ја сакав да идам у Германија да студирам, м ми фалеше Ц1, али и овде со тоа шо сакам да работам, после некои 10 години ќе зеам добра плата од 1000-1500€+
    Баш учам таков предмет годинава и има тема за плаќање, и вика ,,поединецот кој повеќе учи подобро ќе биде платен”.Не може тазе искочени од факс да барате кузнае каква плата, а везе си немате.
    Ако не ви чини, смени фирма, не е сегде лошо.Ја познам мноогу луѓе, вработени и во приватен и во државен сектор, и во наши и во странски фирми кои се пре за до вол ни.И од плата, и од работни услови, и од сѐ.
    Мислите ако отидете у Германија за месец дена дека Рокфелер ќе станете.Почетокот сегде е тежок, и овде и таму.Само шо СТАНДАРДОТ на живот е различен.Овде плаќате 100/200€ кирија, таму коа ќе ви фукнат 400+ евра.Али, да платата е поголема.
    И еве ако ви е за утеха, за врските
    Иам другар во Америка што студира,и сакаше да поработи нешто, ама за да поработи треба да го препорача некој така? Да не образлагам може има членки шо ќе го препознаат
    Треба да помине низ сито и решето за да дое прво до тие дечишта (буквално деца од негова генерација, моја или 3та година) за после да ги препорачаат.
    Така шо не е само Македонија, сегде е така.
    Ако имаш познанства, животот ти е полесен, ама у секој аспект.
     
    На Glowy и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Што подразбирате под перспективен? Да најдеш најлесно работа, да е платата добра, работа да те исполнува целосно, работа кај што лесно се напредува, работа кај што си независен и работиш за себе? Многу е широко тоа "перспективно"

    Мислам дека сите "занаетчиски" факултет се перспективни ако си ја сакаш работата, знаеш странски јазици и знаеш што сакаш. Под занаетчиски мислам нешто што другите не можат да го сработат сами, па имаат потреба од тебе, а не општествени науки.

    Еве јас имам биохемија завршено и покрај тоа што сите велат неперспективен јас имам супер кариера, без врски и партии успеав и во МК и во странство. Повеќе ме влечеа практични и технички работи, па се снајдов со сродна професија. Почетна плата во МК ми беше 15000 (во 2013) и тоа непријавена. Повеќе заработував преведувајќи текстови и учејќи деца странски јазици. На крај (2018 имав приход од 48000 плус бонуси и тоа годишни бонуси од неколку илјади евра. Ама сум работела ко коњ, без ниеден слободен ден, притоа работата никогаш не ми била досадна и монотона, секој ден различно.

    Истовремено завршив магистратура па се преселив во странство. Почнав од НУЛА !Нострификација немам направено, ама имам милион сертификати и многу технички знаења. Почнав 2019 со 900€ плата плус ситна помош за стан, сега земам скоро три пати повеќе. Наредна година ќе полагам испит за инспектор во хемиска и фармацевтска индустрија каде плата е 4000 - 6000 нето. Ама тоа да го положам, газот ќе ми се залепи на стол од учење+ искуство бараат + два европски јазици на C1 ниво + комуникациски, продажни и не знам какви не вештини + 4 -5 дена месечно да патуваш и да не спиеш дома со децата + испитите коштаат околу 10 000€ а никој не ги положил од прва значи 15000 € а сертификатите треба да се обновуваат

    Тоа АКО го положам нема ни 2 минути да барам работа, можам и фриленсерски, плус 50% од времето е работа од дома. Можам каде сакам да се преселам во светот секаде се признаени.

    Е сега не можат сите да бидат јас, ама ко што гледам сите мои колеги се вработени, посебно сега со короната ептен сите. Значи и биохемија е перспективен на некој начин.

    За споредба дечко ми е програмер, тој многу полесно најде работа од мене, и лесно добива покачувања. Работата му е крајно досадна, скоро и да нема работно време кога ќе му дојде музата работи по цел ден. Изгледа ко зомби после работа, контакт со луѓе слабо. Плус постојано мора да се надоградува, дека индијци што работат за ич пари има се повеќе. За програмер и не ти треба факултет, колку ги има што немаат факултет па пак се добри програмери. Тој има па тешко му оди и не си ја сака работата. Значи секој за тоа не е скроен.

    Па и за докторите, алал да им се парите . Секој не е скроен да гледа крвишта и да се расправа со стари баби. И кога збориме за перспектива не би рекла дека во МК се најперспективни. Едвај стигаат до специјализација ако нема кој да ги бутне.

    Мислам дека со инженерски струки (машински, електро, архитектура, градежен, применета хемија) нема мака да има никој за вработување во странство и да добие висока позиција (во МК не знам како е).
     
    На Glowy, Lemon, supergirlmb и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Мислам дека кај нас концептот "факултет" е погрешен. Во смисла на тоа дека кој завршил факултет значи дека учел/знае/го бива, а кој не завршил факултет не знае/не го бива. Поентата е да стекнеш вештини и применливо знаење, а во 21 век најмалку ти е потребен факултет за тоа. Во светот најмалку потребна информација им е што си "завршил". Дури и тие што стигаат до диплома, кога-тогаш, ќе мораат да го продлабочуваат своето знаење и да усвојуваат нови вештини. Клучот е во тоа да добиеш шанса за тоа.

    За повеќето перспективноста значи пари. Голем комплекс ни се парите, и си успеал кога раскажуваш колкава плата заработуваш. Сѐ поретко сретнувам/читам за луѓе кои зборуваат со мерак за својата работа. Критериум е најчесто платата.
     
    Последна измена од модератор: 18 јануари 2022
    На Glowy, kikikikirika и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.328
    Пол:
    Женски
    Не признаваат наши факултети. Ке ти кажат јазик прво па ке учиш и тогаш ке видиме. А за работници секогаш има работа.
    За мене 1000-1500 евра за 10 години не е добра плата. Тоа е лоша плата за тоа искуство. Мал напредок ама за наш стандард е солидно.
    Сега брзо еден пар отиде со дете, мажот работи и од тие пари јадење пиење кирија сметки. Кај нас еден да работи не можеш кирија и сметки да покриеш.
    Точно. Ама кај нас замисла за факултет е да учиш 4 години и веќе во животот книга да не фатиш.
    Јас не го завршив факултетот и сосема трето работам и добро е платено.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Во Македонија таа плата е далечна пуста желба за повеќето. Не знам дали читаш/следиш статистика од независни истражувачки тела, но има фрапантно висока бројка на семејства, особено од внатрешноста кои имаат само за еден оброк дневно, или пак нешто што скоро прочитав, дека незнамколкупосто од жените во државава немаат средства за лична хигиена за време на циклус. Сиромаштијата е огромна. Толкава плата само во Скопје, и тоа ептен ако ти се склопат коцките. Или ако си дудлач партиски или криминалец, ама тоа да речам дека не го рачунам за перспектива.
     
    На Tanjamm, poi и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.328
    Пол:
    Женски
    Знам знам затоа се што е квалитетно фати штрафта од тука.
    Партиски не знам каде може таа плата да земаш, секаде почетна е околу 400 евра и не мрда брзо. Покачување само ако работиш активно на дообука и да доучуваш ама на приватно. Државно одиш ако сакаш иста плата и да не те замараат, освен од штаб на избори.
    Внатрешноста пропаѓа полека.
     
    На Boka98 и mira.mira им се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Како бе не признаваат наши факултети во странство, кога признаваат. Ептен ако не е некој правен, политички, социологија, ама и со тие може после факултет да направиш преквалификација.

    Не признаваат незнаење, никакво искуство, никаква пракса, непознавање јазик. И да, нема одма да те примат на висока позиција ама тоа не го прават ни за нивните студенти.

    Ако мислите дека ќе покажете негде диплома и одма ќе ви се клањаат, тоа нема со ниеден факултет и никаде на светот.

    И не споредувајте стандард на живеење во две држави, за тие што имаме убави плати стандардот и во МК и во странство е ист, квалитетот на живеење е подобар во странство. За тој што работи за минималец никаде не е сјајно.

    Во врска со врските, во странство никој никаде не ми барал, ни па сум чула на некој да му барале врски при вработување. Ти бараат препораки но тоа е нешто друго.

    Горе пишале нема работа за архитекти во МК. Нема, ама има во Германија. Во Австрија за магистратура на архитектонски да запишеш не ни бараа јазик, само А1, гледаат што си проектирал до сега.

    Има можности, иако некогаш треба време дури ги најдете.
     
    На Glowy, poi и $ophia им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Како коа уким признаваат
    Па јазик нормално ќе ти бара.Сегде бараат, и логично ти треба ж.
    Само кај нас бараат два :?: :rofl: заебани сме, кај мора официјалниот, па и албански ќе учат пошо у администрација не можат да се пријават ако не знаат мердита​
    Скроз почитувам да се знае туѓ јазик ( у странство! Овде не ) иди во Германија збори им на англиски, ќе те одјебе друже за секунда.Е тоа е самопочит.
    1500€ малце за 10 год?
    А колку сакаш ти?Преку леб погача.
    Затоа не нѐ бива, пошо имате нереални очекувања.
     
    Последна измена од модератор: 19 јануари 2022
    На Glowy, Ladyinblackkk, supergirlmb и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Boka98

    Boka98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2021
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    se slozuvam so poslednata recenica ama ne sekoj ima prijatelstva taka da...
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Сум чула и сум видела дека бараат врски и во странство секако. Многу си го замислувате тоа странство праведно и демократски :)
    Сум видела и препораки, и врски, и партиски врски, и спијачи и неработници, и неписмени на високи позиции, и дудлачи, и секакви. Луѓето се исти, и кај нас и на било која точка од планетата.
    Муабетот е тоа дека не е важно само што си учел или што знаеш, фактор среќа мора да имаш. Тој што успеал (според неговите лични стандарди за успех) не успеал само и исклучиво поради својот неоспорен талент. Седум милијарди луѓе има на планетава, нема да добијат сите еднаква шанса.

    Партиски 400 евра можеби во државна институција. Во приватните фирми, особено оние отворени како "инвестиции" на власта, бивша, сегашна и идна, директориумите и менаџерите се све партиски "млади, надежни" кадри. Тие се партиски вработени и не земат 400 евра. Политиканството и врските ги има и во приватниот сектор, и тоа како.
     
    Последна измена од модератор: 19 јануари 2022
    На MilaSs12 и mira.mira им се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Како бе врски во странство? Посебно за ако имаш факултет нема шанси врски Ова е капитализам, баш му е гајле кој ти е чичко, гајле му е да му носиш пари.

    Еве јас сум во Германија, две пракси сменив, три работи, никаде никој не познавав. Препораки да, врски не! Тоа што наши луѓе се научени се преку врски, па дури и во странство пробуваат така е друго. Десетици програмери му се имаат јавено на дечко ми, да им најде работа во фирмата кај што работи, ќе му плателе они. Не можеше на некои ни да им објасни дека тоа така не оди, не е Македонија.

    Брат ми, дечко ми, братучеди, сите сме тука на добри позиции, никој никаде не му барале врски. И тоа менувале по многу работи. Секако дека сум во позиција да фатам врски за мој човек да работи во фирмата, ама ќе го стават на лента а не во канцеларија. Таква е и политиката на фирмата "фамилијарна", секогаш ако некој наш е во шкрипац без работа може да се обратиме, но ќе работи нешто колку да не седи дома. На газдата син му ѓубре фрла дека за друго не е способен, ни па има школо.

    И правилно и демократски е, не си го замислуваме, такво е. Истата професија што тука ја целам да ја постигнам, во МК ја работат само некои што цела фамилија им работи во Алкалоид и Реплек и вчера завршиле факултет. Тука воопшто не им е гајле што јас германски зборам со грешки, ако го исполнувам квалификациите ме примаат. И збориме за функција инспектор, нешто што во МК е незамисливо ако не си во партија. За три години во фирмава имам подобра позиција од луѓе што работат 20 години, само затоа што имам факултет и знаење. Не познавав ама баш никој, никој. Е има задачи што јас сеуште не можам да ги извршувам, на пример разговори со клиенти и нормално е некој нивен тука да е подобар од мене.

    Фактор среќа да, но тој Фактор е многу поголем ако аплицираш на 40 места или само на 4 места. Среќата треба да си ја бараш, никој од дома нема да те викне и да те стави на фотелја.

    Врски во странство имам слушнато само за пракса на средношколци, што сите сакаат во банка и книговодство на пракса да одат, ама па и така си е до негде, не можеш во банка да примиш детенце 15 годишно што не го познаваш. Фирми ко мерцедес и ауди, за во производство трети смени да работиш може и ти требаат врски, но за менаџерска позиција ако не те бива и Меркел да ти е мајка џабе е. А на темава збориме за академски кадар, не за автолакер.

    Колку наши лекари и инженери се во странство, дали некој им фаќал врски? Не. Дали спијат на работа? Пак не. Им треба ли партија? Не ни знам од која партија е градоначалникот на нашата општина а не верувам и другите иселени дека знаат.

    Не се разочарувајте дека без врски не бива, јас и илјадници други лекари и инженери сме успеале во странство без да познаваме никој. И никогаш, ама баш никогаш да не се потценувате дека вашето знаење и диплома, се помалку од оние на странците.

    Ви посакувам среќа на сите и при изборот на Факултет и при барањето работа.
     
    На Glowy, Feminka22, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    @kikikikirika Не зборувам за препораки, туку за врски. Скоро дваесет години живеев "надвор", помеѓу Америка, Италија, Шпанија, кратко Полска и Германија, сенешто сум се изнагледала, исто како и во Македонија. Тоа што ти си странец и немаш прилика да практикуваш "врски" , не значи дека другите го прават истото. Искуства добри и лоши има апсолутно секаде. Не зборував лично за тебе за да пишуваш фермани во одбрана на академскиот кадар од Македонија кој работи поштено у Германија, туку споделив свое искуство, кое и не е толку скромно бидејќи имам годинки :)
    Најголемата препрека на младите од Балканот се административните процедури, односно добивањето виза. Фирмите не се заинтересирани да влегуваат во "игра" за да овозможат папирологија, единствена шанса е бугарски пасош или семејство/познаници и слично.
    Сума сумарум, не е апсолутно доволно да си добар или да имаш диплома, едноставно не е.

    Секако знам доволно луѓе кои си обезбедиле интервју за работа и гарантно писмо благодарение на врските, односно она што ти го нарекуваш препорака, а е всушност врска, бидејќи врската не се сведува само на партиска или фамилијарна. Мислиш дека е малку ако ти работиш како доктор во болница во Германија, да ѝ овозможиш на другарка ти контакт со истата болница за да може да добие термин за интервју/тестирање? Хипотетички пример дадов само. Тоа многу значи и може апсолутно да биде гејмчејнџер. Со оглед на тоа што сум работела и како регрутер, многу добро знам што значи препорака. Често значи и повеќе од партиска врска :)
    Затоа реков, премногу коцки треба да се склопат.
     
    Последна измена од модератор: 19 јануари 2022
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Абе ниедно??
    Зборам за било шо.Не за работа само
    За у ресторан диско да закажеш, за било кај
     
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Во нашата држава работа се наоѓа со врски и партиски. Секако, може да се најде и без врски, ама ќе работат за минималец по 10 саати на ден.
    Не не бива за ништо. Затоа сите си заминаа од тука.
    Не може некој вработен, непријавен или пријавен на 4 саати, а работи по 10.
    Затоа иднината младите не ја гледаат тука. И подобро така.
     
    На supergirlmb, Boka98 и kikikikirika им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Епа сами се си криви за тоа, тие млади, ако толку ги бива и знаат, нека отворат свој бизнис овде, нека не биде се` партиски настроено.Као не сфаќате дека се` сами си праиме, еве не користете никој врски, па ќе се опраиме.Него пример знаеш дека ја ко Феминка работам да кажеме у царина, тебе ти треба нешо, ама неќеш да чекаш и ми ѕвониш.Епа не ми ѕвони, чекај си, така и сите.
    Со тоа шо младите бегаат, до 30 год тие, ја оставаат државата на луѓе шо веќе се научени на врски и партиска книшка, моја генерација и постари, ги заболе онаквото кој е на власт у моментов, дали СДСМ или ВМРО.Си учиш за себе, си работиш за себе.Младите ако не го сменат општеството нема кој сфатете.
    Со тоа шо бегаат у странство:
    1)Губат можност да створат нешто овде, да отворат некое претрпијатие фирма итн
    2)Влијаат на нателитетот на државава, останува се` повеќе старо население кое не допринесува во БДПто ама ИЧ.Плус има издатоци за пензионери, за болни, за социјални лица.А младо население ШИПКИ.
    Ќе видиме коа ќе искочат резултатите од пописот
    3)Место да рмбаат во Германија, Швајцарија итн, земи овде стани газда, менувај го мајндсетот на луѓето околу тебе.
    Како очекувате промени, а самите треба да ги создадеме.
    Ако ја на 50 души од форумов им го сменам манјдсетот, дека и овде не е лошо, дека не треба се` со врски, па ете најдат добра работа и им се погоди, тие 50 ќе влијаат на уште 50-100 души, па тиее на уште толку и така ќе се шири кругот.
    Нашиве бре се у стање да иде у Мекдоналдс да работи за 10евра сатница, само да не работи по звање овде, а зашо?Германија нема работна сила, они имаат интелектуална, не им требаат доктори, инженери, професори, онии имаат образование како за три Македонии, ама немаат кој да мете улици, да молерисува, да кова клинци шајки итн.А овде не ви чини тоа?
    Па и приватњак електричар или водоинсталатер да си, ако те бива ќе си стаиш добра тарифа за работна рака и лека полека ќе биде.
    Како очекувате високи плати кога нема кој да допринесе у БДП, не сфаќам?
    Еве од државен завод за статистика: во 2021 во третото тромесечије, БДПто изнесувал 116,304,000 денари.
    Рачунајте политичариве шо ќе си стаат у џеб малце.Еве некои 5 милиони да тргнеме.
    111,304,000
    Државава има 793121 вработени, а да кажеме сме 1,800,000 тоа се 44,6% од населението.Значи ни пола не работи.Од овие 793121, плаќаат данок, 10% рамен данок
    Просечната плата да е 29145 по Заводот, 10% се 2914 ден.
    Да треснам дека 700,000 души зимаат просечна плата. -> тоа се 20.401.500.000 денари. пример зборам
    е сеа од овие, пари за образование, бесплатни книги за деца, здравство, опрема за стравство/школи/институции итн итн
    да не го дрвам со статистики, поентата ми е.
    Како очекувате високи плати, кога нема кој да работи???
    Не сте ми јасни.Ај 5 души ќе останеме и ќе бараме плата 2000 евра.
    Си имате завод за статистика, бесплатни се податоците, отворете видете
    https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=40&rbr=13849

    Ние неаме кој да работи, а вие плати барате.А и тие шо немаат работа, па не ни пробуваат да најдат мислејќи дека се` мора со врски.Па пробај бе човек, пушти огласи на триста места, негде ќе те примат.Ќе работиш, ќе одиш по други фирми, ќе стекнеш знаења.
    Иам братучед до 31та год (сега има толку), ова му е 4то работно место.Не дека прошливе не му чинеле ич, добри плати имаше сегде, фер однос од менаџерите од колегите итн, ама си најде па уште подобра понуда, го интересираат и други работи, идеше по курсеви по ова по она.
    Колку луѓе знам ( личен пример од фамилија) се вработува во фирма која бара премногу, после факс, се избрусува во одредена област и иде работи на друго место и продолжува со кариерата.
     
  16. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Ни за добра плата не можеш да најдеш веќе вистински професионалци и луѓе кои ќе си ја бркаат работата, сите или сакаат да побегант од тука или во администрација.
    Конкретен пример, од нашата адвокатска канцеларија си замина супер квалитетна адвокатка и отиде во општина кога дојде новата локална власт и се отвори прилика иако за помала плата смета дека подобро во администрација одколку во самостоен адвокат или адвокат во адвокатска канцеларија која може секој момент да те шутне.
    Иако не ни беше ни крај памет да ја шутнеме бидејќи беше една од најдобрите.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Значи од арно и убаво бегаат луѓето според последните два поста.
     
    На Just.do.it и Abel им се допаѓа ова.
  18. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Ете нека било од што и било лошо кај нас, ама нека си отвореше своја канцеларија немаше да ми биде мака дека замина од кај нас, но се нервирам зошто сите во таа администрација заминаа.
     
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    За истата работа во Мк се добива многу помалку отколку во странство. Ете пример стоматолог не зема исто пари тука и во странство.
    За приватно што збориш пример ќе земам, психолошко советувалиште. Знаеш која е иднината на ова?
    Е поради овие работи си заминуваат.
    Не е исто да се зема 2000 евра и 300 евра за иста работа.
     
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Сам ако не си го зачукаш нема кој..
    тоа е хахахаха

    @Just.do.it ама тоа е СТАНДАРДОТ НА ЗЕМЈИТЕ луѓе
    ме читавте горе или?
    Нормално дека ќе зима повеќе плата, ама и трошковите се поголеми, кутија цигари е овде 2e таму е 10-15 евра.
    Кирија овде 200 евра да кажеме, таму е од 400 па нагоре.
    Ти мислиш ќе лапаш 2000 евра плата,а ќе имаш трошоци као овде и ќе стаиш 1500 евра у џеб?Мало морген.
    У Германија БДП во 2021 ОД ГЛАВА НА ЧОВЕК 50,787.86
    GDP per capita in Macedonia is expected to reach 5500.00 USD by the end of 2021,
    ај сеа да те видам?
    5500 подели со 50,787.86 и види уште колку фурни леб иаме ние за јадење.
    И башка види колку население има Германија колку ние.Колку една населба не сме им.
    Башка у Германија нема, е ова не можам, е ме мрзи, ај после, ај утре.
    Работат бе ко КОЊИ.А кај нас, ај кафе, ај ми се јаде, чекај хороскоп да видам.
    епа прц
    ја ви давам со факти докази, вие?
    Од рекла казала
    Башка студирам економија, тазе ми се учени работиве, не зборам напамет
     
    Последна измена: 19 јануари 2022
    На Tanjamm и Luciferka им се допаѓа ова.