1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Женски
    Не би можела да замислам германска фамилија од 4 члена да живее во стан од 55 квадрати, да има само едно 15 годишно Фиат Пунто на старо купено и да чека ред за бањање за едното купатило во недела на ефтина струја.

    Исто така не можам да замислам скопска фамилија од 4 члена да живее во 180 квадрати куќа, со три нови автомобила и секое утро секој член на семејството на раат да си се систушира во едно од трите купатила.

    Но јас не студирам економски кај шуки, толку разбирам.
     
    На Tanjamm и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Има повеќе трошоци, ама од таа плата во странство можат да одвојат и да си купат кола или да идат на одмор. Тука со македонска плата луѓето минусот не можат да го затворат и не можат сметки да платат. Таа е разликата.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    @Abel тоа со докторите го има да и тоа е чисто регрутерство, а не врски. Такви примери и јас знам, ама сите се кај што самата болница вика ни требаат доктори најди некој од Македонија. Ко што мене ми викале за електричари да најдам. Има и со регрутери финти, ама за тоа си плаќаш. Едно интервју во ИТ сектор може да трае и 3-4 саати, па и работен ден.
    Врски е кога крајно неспособен влегува на работа, без никакво образование, а никој целосно образуван седи дома. И тука ако не сум сретнала, можеби има но единечни примери. Во МК тоа е за "добро утро" скоро на секое интервју, и тоа ги разочарува младите.

    А за тоа со документацијата 100% си во право, кога ќе видат која документација треба за виза фирмите се откажуваат.
     
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    @truffles @Just.do.it
    Со правилно менаџирање на парите сѐ може.
    Првите месеци ќе се стискаш малку нормално е.
    Пример ја коа ќе завршам.Уште ќе живеам дома така? Еве две години да живеам уше со моиве до 24/25
    Платата да ми е 500€ Тоа се 30800 и нешо
    24 месеци по 30,800 = 739,000 и кусур
    Еве не живеам дома така
    Пак 500€ плата
    -ќе бараш поевина кирија гасоњерче (сеа нз као идат али ваљда 100-150€)
    500-150€ = 350€ на располагање
    Ако се урачунати и сметките таму врв
    Ако не се уше 100€ за сметки за вода+струја
    Телефон 1000,2000 да е
    350-100€-16€ =234 €
    Цигари ја ко шо пушам 110 ден ми се
    Тоа се 3300 ден т.е 53€
    234-53 = 181€
    Од тие 181€ рачунаш тој месец колку би ти требало за храна.Да кажеме 100€ шо е дури и многу за сам чоек
    Тоа шо ќе остане го ставаш на страна
    Друг месец пак така, тоа шо останува ќе се акумулира
    Еве и да не ми е таа математиката
    Пошо ја не плаќам сметки нишо, грубо ги знам цените
    Поентата.Праиш план однапред шо како колку зашто.
    И ова со сметкиве врши работа и 1000ка да земеш ќе се најде
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Примерот со докторите е само тоа, пример. Препорака постои во апсолутно секоја индустрија во светот. Ти ја викаш препорака, но тоа е рамно на врска на некој начин, иако не е партиска или семејна. Reffer a friend and receive bonus е тактика која интерните регрутери ја користат за да дојдат до соодветни кандидати преку своите вработени. Во пракса, ако јас работам во фирма (на било која точка на планетата) и таа фирма бара работници (од било кој профил), и јас познавам такви, тогаш препорачувам. Следствено на тој податок, моите пријатели/познаници имаат статистички поголеми шанси да влезат на таа позиција од твоите пријатели на пример, затоа што имаат човек "од внатре", кој не е врска, но е сепак врска, или контакт. Интервјута во ИТ индустријата траат исто колку и оние во продажба/корисничка поддршка. Знам затоа што сум била регрутер и во двете.
    Затоа велам, препорака еве нека не биде врска, ама може да биде клучна. Затоа кога ќе кажеш дека некој добил нешто по заслуга, јас реплицирам, бидејќи навистина некогаш вратата не може да се отвори ако ги немаш вистинските контакти, без разлика на тоа колку си квалитетен.
     
    На Tanjamm и kikikikirika им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Ја знаеш таа, домашниот есап на пазар не излегува. Е и ти така, друго е да си претпоставуваш, а друго е реалноста.
     
    На Ambitious и Feminka22 им се допаѓа ова.
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Во ред е математиката, ама разликата е што во странство останува многу повеќе од платата.
    И во Македонија 20% од луѓето земаат 500€. Најголем процент земаат 300€. А со 300€ знаеме колку може да се заштеди.
    Ако беше толку лошо во странство и ако не се заштедуваше, немаше пола Македонија да се исели.
     
    На Tanjamm, Feminka22, kikikikirika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Ова е твој личен став, искуство или нешто трето? Неточно е ова, воопшто не работат како коњи и не им е толку сјајно. Среќни се што се родени во бивш фшистички систем кој се изградил благодарение на крадење од други, исто како и повеќето европски земји, нивната сила е во големината и во крвавата историја. Германци, Италијанци, Шпанци работат во Скандинавија и Швајцарија, а Источна Европа се сели кон Централна во поглед на работа. Не ги поставувај црно и бело работите затоа што не е така. Цигари и кирија се скапи, а зошто Европјаните не се сопственици на имот, има зошто и нема врска со парите. Храна и тековни трошоци за живот и сметки ни се исти. Знам колку сум плаќала струја во Италија, знам колку плаќам во кралството Македонија.
     
    На Angie1432, Feminka22 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    @Abel во твоето прво мислење стои дека никој не успеал само со знаење и диплома. И штом си работела како регрутерка го разбирам, тоа е Прво што ти го кажуваат сите регрутери, второ е "се знам со менаџерот", за на крај да те извисат, слушаш примале некој кинез што тек сега доаѓа од Кина, го нашол огласот на линедин.

    Десет регрутери и дваесет луѓе да се јават за тебе да влезеш на работа, ако јас се понудам на истиот оглас за 5000€ годишно помалку од тебе врските паѓаат во вода. Германија е чист капитализам, само пари ги интересираат и работата да е завршена ништо друго.

    Колку луѓе (најмногу медицински сестри) пробуваат да дојдат и преку врски и преку регрутери, ако не ја бива џабе е, не ја примаат. Или ќе ја примат кај што никој нејќе да работи, да менува памперс во старински дом.

    Ти што би им препорачала на младите, кој факултет и кариерен пат како најперспективен , ете како некој искусен во регрутерството?
     
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Па и математиката не и е во ред. Кој е тој млад само што завршен да зима 500е плата во нашава држава. Прво за да се вработиш во државава, да најдеш нормална работа иако си дипломирал е научна фантастика, да не се лажеме, а платата ќе ти биде максимум 20000. За да одделиш од мама и тате треба да плаќаш кирија. Колку се качени сега кириите девојче?? 200е ти е кирија во мизерна гарсоњера. А кај ти се трошоците за сметки, струја, вода. Па во продавница 5 производи да купиш се 1000ка. Едно е да си правиш матиматика, ама реалноста е друга. И компарацијава со странство ти е смешна. Немаше да има масовно иселување на младите во странство ако во државава се живееше добро, далеку е од тоа. Секој што замина не се врати, не е луд побогу. А сега со инфлацијава, младите уште помасовно ќе се иселуваат.
     
    На Glowy, Ambitious и cooll им се допаѓа ова.
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Истото го збориме. Само што членката тврди дека во Македонија може да се заработува доволно, па дури и да се заштеди, што сметам дека е смешно.
     
  12. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    1.507
    Пол:
    Женски
    Feminka. Математиката се е во ред ама и не е зошто никогаш не можеш да планираш кој месец како и колку ќе потрошиш. Ама добро на страна тоа. Кажи ми кој на почеток зема 500 евра плата? Прво не можеш одма да се вработиш. Еве пример викаш економски си. Освен ако нема кој да те бутне одма нема да можеш да се вработиш. Имам познаничка која скоро па еве 2 години бара добра работа по струка. Друго и да најдеш сигурно нема одма да ти е 500 евра плата. Тоа дури по неколку години работење и искуство. За жал ама така е кај нас.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Да само со сметка за струја 10000 денари месечно, повеќе од пола плата е сметката за струја.
     
    На Feminka22 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Ако читнеш мои мислења претходни, ќе видиш дека единствениот совет е да го правиш тоа што го сакаш. Перспективата е категорија која е сигурно многу различна за мене и за тебе. Битно е плановите да си ги кроиш според тоа што го посакуваш, а не затоа што некој на форум тврди дека нешто носи многу пари или е перспективно затоа што носи/ќе носи многу пари. Во животот плановите и желбите се менуваат, така ќе се менува и перспективата.
    Во однос на регрутерството, не сум сигурна дека го разбирам примерот, јас сум работела во ЧР како човек меѓу другото задолжен за интервјуа, и "се знам со менаџерот" не постои, затоа што по природата на нештата, прво, да, се знам со менаџерот, второ, тоа е фраза која ми звучи ко да излегла од устата на покондирен сељак и апсолутно не сум ја изговарал ниту сум ја чула од колеги ниту е потребна, а ако јас ја чујам како кандидат бегам главом без обзира, и трето, не е важно дали јас се сакам со менаџерот или сум на здраво, кога секоја позиција предвидува тестирање (техничко, психолошко) и јас тука не можам да помогнам. Буџетот игра голема улога, и тоа е точно, ама тоа многу зависи од индустријата. Постојат индустрии каде има многу дефицитарни кадри или каде се многу потребни кадри со одредено знаење или искуство или лиценца или сертификат и слично, и таму може да се маневрира.
    Затоа напишав дека само знаење/труд/искуство не е доволно. И јас како кандидат сум била на стотици интервјуа и тестирања, и да, имало и такви со врски, и со препорака, и полоши и подобри од мене. Тоа е нормално.
     
    На kikikikirika и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    10.634
    Пол:
    Женски
    Во Германија не е две ипол евра тегла ајвар, 15€ е..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Освен ИТ мислам дека друго нема перспективно засега кај нас. Добро е да заработиш во странство, а да трошиш овде. Така за неколку години ќе си средиш или купиш куќа, стан со кеш пари. Некои луѓе имаат амбиција да останат во странство. Нивна волја, нивна желба. Но, како што пишаа погоре, секој почеток е тежок. Моја роднина е во Гермнија, и сега се снајде, оти е преамбициозна, ама почетокот значеше 5 -6 години живеење во иста куќа со луѓе од Босна, значи буквално 3 семејства, над 20 луѓе живеат заедно, и каде е тука личниот простор, интимен живот со партнер, дете? Но, таа сега најде работа.

    И од македонска плата се штеди. Јас штедам, но кога велам дека не сум задоволна мислам на тоа дека со мојот труд досега реално требаше да купам стан и да го средам тип топ, а тоа за жал го немам засега и еве квадрат скока, а платите стојат во место или минимално се покачуваат. Но, газдите не би биле газди ако не плаќаат колку што заслужуваме. Затоа тие ќе си имаат по 4-5 куќи.
     
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Да, ама во Германија цените на храната се како тука. А ние земаме 300 евра, а тие најмалку 2000.
     
    На Angie1432 и нина122 им се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Јас се вратим, нисам луда :D
    Живот е тоа. Битно е да нѝ биде убаво.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    @Just.do.it мислам дека сме во заблуда кога велиме дека храната овде и таму е иста. Македонија е европска земја со најевтина храна во Европа, а скандинавија, Луксембург, Исланд, најскапи, додека Германија е во првите неколку со најскапа храна, а сепак не е прва. Овде во опкружувањето храната е поскапа од македонската, а таман работа во Германија да е иста, тоест леб да купиш за третина евро. Кога одев надвор од државата, пред пандемијата, немаше скоро ништо под евро од храна, а дури и во Црна Гора има производи кои се двојно поскапи од македонските.
     
    Последна измена: 19 јануари 2022
    На Glowy и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    08C695D0-9279-452B-8CFE-5C3E442A91E8.jpeg 08C695D0-9279-452B-8CFE-5C3E442A91E8.jpeg
    Зборете ми после дека нема работа.Има работа нема квалифициран кадар.А срам им е да работат како келнери/келнерки, садомијачки итн.
    У Воденица, салатер зима 200 евра плата.Шо е многу за мене за сецкање марули.
    @Just.do.it @Guns N` Roses @Abel
    за Абел. Мој личен став.Ете и ти си потврдуваш од кај им е веќе стекнатото богатство, а нас не` краделе и не` крадат.Немаме толку пари.
    За Џаст ду ит и Ганс енд роузез.
    Еве да кажеме не ми е точна, ја реков дека не ги знам точно цените на кирии, пошо живеам со моите, али глеам колку трошиме за пазарење за тројца, колку сметки плаќаме итн.
    Моиве не се родиле со пари у џебот.И двајцата се од фамилии кај шо и бабите и дедовците ми се со средно.Кој работел у јсп, кој у фабрика за текстил, итн.
    Сами си создале се.Ама не се откажувале.Еј абе мала ми е платава ај ќе си идам.И моиве на почетокот сигурно зимале некои 20,000, ама татко ми еве го, на 60 години уште иде по семинари и се надоградува пошо му е таква професијата.Секој ден шо се вика се мењаат сметководствените стандарди, законите за ревизија итн..сам ми рекол ,,ја тебе не те размазувам пошо знам како е кога немаш и коа ќе створиш со пот и крв"
    Он здравјето си го уништи за да дое до таму кај шо е.
    Иам у фамилија докторка, со специјализација со се`.Неќела да работи нигде на друго место освен Клиника, а мајка и` намерно не и` фаќаше врски (пензионирана докторка исто од Клиника).Не седеше оваа 2 години дома?И пак не работи таму.Морало море на клиника, кој ти вика дека мора?Имаш други работни места.
    И пак не ми ги читате горе тие работи, еве ја не викам дека сум најпаметна и се` знам пошо уште моиве ме издржаваат, али иам дома економисти со 30год работно искуство.Знаат као да менаџираат со пари, и мене ме научиле.
    Летово бев на 5 дена со колеги, платен смештај, и 7000 ден ќеш.Мене дури и ми останаа пари, а праев се` како и другите, си искачав ова она, само рационално трошев.
    Другари мои по 200 евра трошеа, и пак не им стигаа.
    Значи не е само до парите, треба да знаеш као и да ги потрошиш.
    Не знам шо да ви кажам..
     
    На Glowy, Lemon и Tanjamm им се допаѓа ова.