Aма @Just.do.it мене во друга тема лом ме направија оти реков минималец не е успех, не успех било. Еејј во дилема ме стави сега. Шала на страна, реков, минималецот е ништо, посебно за луѓе над 40 години кои имаат деца, а добар дел од нив веќе имаат и внуци.
Факт е дека со 15 000 денари(па и 300е) не се живее, и сите што тврдат поинаку цел живот го поминале со парите од мама и тато.
кога го читав ова, ми текна на мојот муабет, кога зборев дека тие што се иселуваат- си прават себеси добро, ама на државава и идните генерации лошо.
Дотолку подобро. Што побрзо се распадне РСМ тоа подобро. Државата тоа се ВМРО и СДСМ. Нека горат во пеколот.
Тие во гроб што се и што се бореле за државава, се превртуваат сега Некој умрел за ти денес да си слободна и да тресеш зелени по форуми
Распаѓање на држава носи големи последици. Тоа не е шега. За споредба, пропадна Југославија и сите се радувааа, имаме нова држава, а денес од таа Југославија на многу од постарите им фалат по 4-5-6 години стаж. Збришано е се. Значи со новата држава, стартувавме од нула. Архивите од Белград, мрзиве дали ги земале, и дали внеле во систем? Веројатно не. Така да, денес тие што одат во пензија си земаат по 3.000-4.000 денари пензија помала од заслуженото.
Да прашам и тука: Кои се работните места доколку завршиш применета математика или теориска математика?
Како што е образованиево на многу ниско ниво,плус корона,онлајн предавања,ќе има голем број на необразована младина.За 10 години само кој ли ќе ја води државава?Ќе нема стручен кадар.Жално.Знам на факултет вработиле демонстратори со низок просек.
Да, јасно ми е тоа што е и со што се занимава. Но прашањето ми е на која работна позиција можам да работам, пример ете во Македонија. Во фирма или?
Не влегувам во друго за дискусија и офф топик е ама да не си грешка нешто со сметката за струја? Штедиме, најчесто грееме само дневната цело време и собите по потреба за спиење, сметката не е под 6000 никогаш и тоа само една клима, апаратите нормално и болјер
Иако одамна помина времето кога требаше да студирам, размислувам некогаш да запишам факултет кој ќе ми донесе добра титулата и добри пари, според вас што би било тоа?
Па, може да си лекар, а да работиш во ординација за 20.000 мкд. Сите што сме на градско парно добиваме сметки за струја околу 1500мкд, Ама, па затоа парното е 3500 мкд.
Модератор: Ве молам држете се до темата за да не ве бришам. Имате други теми на форумот, ако сакате да дискутирате за сметките за струја и за греење во домот.
Za 10 god ke ja vodat nepismeni kako I sega sto ja vodat nepismeni drzavata. Ima zakon po koj vrabotuvaat demonstrators I ne mozat da vrabotat so nizok prosek.Verojatno go prekrshile zakonot I davaat mnogu pomalku pari za niv.Periodot na corona sozdade nepismeni generacii segde vo svetot chii reperkusii ke gi cuvstvuvame ponatamu.
Да ми кажете што е според вас најдобро решение за студирање фармација , што смер е најдобро да се оди според стандардот на државата и капацитетот за вработување дали ќе се најде лесно работа како фармацевт во аптека или тешка процедура е ? Студирам јас веќе туризам ама имам во план да продолжам нешто по медицинските струки дека пред да се запишам не бев решителна ниту пак сигурна па го одбрав факултетот во градот каде што живеам како еден полесен што го сакав да го запишам. Доколку се нема работа евентуално од овој факултет би штедела па би одбрала некој од медицинските како фармација или пак дерматологија? Инаку најдобро е кога се студира од желбата кон професијата и тоа е главното за кое ќе треба да внимаваме при изборот. Не е според мене важна цената на платата секако ако не е ептен слабо платена професијата.
За дерматовенерологија треба да завршиш прво општа медицина 6години, па платена пракса 6месеци и потоа уште 5-6години за да станеш тоа. Според мене медицински факултет не би го вброила во перспективен(во нашата држава) за фармација не знам лично како е