Ехее, многу години ќе се тоа за мене. Дека и 4 години, односно уште 2 имам од факултетов за туризам, а не би сакала да одам многу години ба факултет би сакала ако бирам втор да е со што помалку, гледав за фармација се учи 3 години. Па најверојатно би го одбрала тој ако можам дека имам знаење за природните науки. А кој смер од фармација е за да работам во аптека ? И дали клиничка фармација може да се заврши за тоа ?
Фармација се учи 5 години, грешка си. Тоа е смерот магистер по фармација за во аптека со факултет да работиш и трае 5години тој факултет.
Фармација учиш 5 години ама си магистер. Не мислам дека е перспективен факултет. Зошто? Бидејќи ако сакаш да работиш во аптека можеш и со средно и со завршен курс. А за други работни места со фармацевтски факултет многу тешко во нашата држава. Со фармација можеш да работиш и на други места, ама најчесто се вработуваат во аптеки. Дали се исплаќа да учиш фармација факултет во Македонија, според мене не.
Е за тоа не бев сигурна, и 5 да се во ред е. Па незнам искрено да ви кажам и би одбрала странска земја за работа ако е за тоа јас би го завршила и би одела странство по работа за таа професија. Па затоа од средно школо имав професорка по хемија што не советуваше дека фармацевтски факултет е многу добра опција и така јас почнав за тој да разгледувам па ќе видам што би одлучила. А за во лабораторија биохемиска што треба да се учи?
Со фармацевтски факултет во Македонија ќе работиш во аптека и ќе продаваш лекови. Значи ништо од тоа што ќе го научиш на факултет нема да го користиш во работата. За биохемиска лабораторија треба биохемија и физиологија на ПМФ.
На медицински имаш и 3 годишни смерови, доколку ти одговара нешто од тие, има неколку, разгледај си ги предметните програми. Меѓу нив има и за лабораториски инжињер, и со тоа можеш да работиш во лабораторија, и е 3 години. Мислам дека и на фармацевтски има 3 годишни смерови, ама не сум сигурна.
Има, членката веројатно тие ги гледала. Сепак поразлични се од фармација што е 5г, не се за во аптека. @R.i.n.a1 разгледај ги студиските програми, може ќе ти се свиѓа нешто и од тие смерови.
Па да тие ги гледав. Ама не сум одлучила за ниеден од нив. Гледав сега на медицински смерот за инженер по медицинско лабораториска дијагностика, за тоа ли велиш ? @ElenaOfRivendell Дали има на тој смер мал број на студенти просечно или се запишуваат повеќе во генерација?
Za vo stranstvo nitu eden fakultet ne se priznava osven finki Ili nekoj od tie fakultetot. Sto I da uchis za stranstvo treba od 0 da pocnes.Poarno tamu da rabotis I studiras odkolku tuka.Za struchno uciliste mozebi ke ti bide popraktichno za naogjane rabota.
@R.i.n.a1 Поубава работа ќе си имаш со туризам од фармација. Далеку поинтересен ти е факсот, со просперитетот тука некаде се. Нема некои големи разлики.
Знам тоа сите ми го викаат, ама како дојде короната се зафркна и туризмот колку просперитетен би бил за во државава е прашање, само да се чека летна сезона кога е најгусто. Инаку проблемот е остатокот од годината што пропаѓа, се намалуваат побарувањата за сместување, па малку е тешко да се рече дека ќе просперира со сигурност. Тоа те тера и на најневозможните работи што мислиш дека ќе ги можеш да ги направиш, да одиш на потежок чекор од тоа што си, знам јас дека туризмот ми е добар факс, ама си викам да се качам на друго ниво малку , да пробам понатаму како ќе е сепак нема да изгубам ништо, би можела да добијам повеќе за мене така бар си мислам.
Па ме привлекува, да. Истото мислење го имам ако не ми оди барем еден ќе имам завршено. Не ќе останам без ниеден.
Подобра опција ти е средно медицинско (вонредно). Фармација од мене едно големо не. Познавам случај каде се има завршено фармација, секако со загарантирано работно место (од мајка на ќерка). Друг случај, работење во аптека (ама едвај, што се вика со години ја влечкаа и на крај се повлече од тоа). Според мене скокот од туризам во фармација ми е чуден.
Не е возможно средно медицинско да одам и вонредно, јас имам завршено природно математички смер во гимназија и погодно за да одам на медицински смер на факс. Па нема да се смета за медицинско завршено средно образование? Инаку така испадна сега, јас учам од што имам желба за тоа. Можеби и за медицински лабораториски инженер би одела. Сакам само втор факултет да завршам па со што ќе се најде работа со тоа ќе сум задоволна. И друга работа јас ако избирам втор сакам да е нешто поврзано со природните науки. И затоа сакам тоа да одам.
Нема врска, можеш да заминеш и на друго средно. Според мене, втор факултет е фрлање пари. Денес ништо не е сигурно, па сакај терај од средно до докторски студии едно. Тука среќата е во прашање.
Членките ти кажуваат дека е поисплатливо вонредно средно да земеш, отколку да учиш факултет од 5 - 6години,во однос на можностите и платата што ќе ја зимаш не дека твоето средно нема да е признаено да продолжиш на медицина... Само ако сакаш да бидеш пример доктор не верувам дека ќе имаш желба и време за две професии
На фармацевтски факултет имаш нешто смер 3 годишни студии види тоа и на технолошко металуршки разгледај ги смеровите ако сакаш за пократко
Па колку што видов и дознав има за инженер во лабораторија во медицина со 3 години, па на тој прифаќам да одам. Не сакам да бидам доктор.