Па сега размислував за што најдобро би било па се мислам меѓу медицинска сестра и лабораториски инженер, а не сум запознаена со тоа како најдобро се завршува и што подобро е да бидам. Така да според тоа сакам да дознаам дали на медицински факултет во скопје е исто што и факултетот во битола за медицинска сестра, и тоа го сакам искрено да кажам, планирам вонредно прво да се запишам економско образование па да одам општа медицинска сестра треба најпрво во Битола или може и во Скопје за општа па потоа на стручни медицински сестри?
Фармацевт со завршен факултет од 5 години и со лиценца за работа,една од работите што може да ги работи е во аптека за 30000ден почетна плата(за Скопје). Понатаму,веледрогерии,претставништва,фабрики за храна,за лекови и за канабис(сега најактуелните),лабаратории,институти,болници како клинички фармацевт… Аптеката е само еден мал дел од можностите кои ви се пружаат како фармацевти(дипломирани или по ново магистри на фармација). Видете ги првите пет топ плати по сектори во Македонија и после размислете колку факултетот не е перспективен.За лекови и храна и во војна и во мир секогаш има потреба. Е сега,дека е тежок факултет и бара одрекувања-бара. Последниве години кадарот е дефицитарен,па платите многу пораснаа,како што беа и пред 20-тина години.Посебно нема специјалисти од оваа област,здравствени специјализации,од кои има огромна потреба. Така да деца,кој има волја и желба,само напред,нема да згрешите. Син ми не сака многу да учи,инаку без размислување ќе го терав да учи на некои од медицинските науки.
30000 почетна? Не. Зимаат најмногу 20000 или во некои аптеки 25000 И во Македонија со фармација само во аптека можат да работат. Значи само продажба на лекови, се што ќе научат на факултет, ништо нема да го користат во работата. Така што, факултетот воопшто не е перспективен.
А ти фармацевт си што толку знаеш?Или од памет збориш. Очигледно не си,штом мислиш дека само во аптека може да се работи со диплома од фармација. Еве сега ќе ти кажам да не бидеш во заблуда,а и децава кои се мислат што да одберат за понатаму во животот. Не сум работела никогаш во аптека,а замисли имам ваква диплома.Работам на две работни места.Едното е во индустрија,а другото е доплнително работно место во фирма каде што без мојата диплома, фирмата не може да добие дозвола за работа. Знаењата на факултет кои се добиваат се неприкосновени и многу се употребуваат во зависност од секторот во кој работиш. И пред секоја дезинформација да се пласира,не е лошо да се отворат огласи и да се види кои кадри се меѓу најбараните.
Ти очигледно не ги дочитуваш работите не реков дека само во аптека може да се работи, реков во Македонија може САМО во аптека да се работи со фармација. Значи има разлика меѓу првото и второто. И да не ги претставуваме работите како што не се во реалноста, најмногу работни места има за во аптека. Ете ако си фармацевт сигурно знаеш дека за во аптека можеш да работиш и со средно мед и со завршен курс.
Без разлика на платата, со фармација да работиш во аптека па и за 60 000 е многу деградирачки. Немаат никаква мотивација и елан за работа. Другарка моја беше првенец во Панче,заврши фармација,заврши и магистратура,поранешни програми и 15 год работи во аптека.Тотално е разочарана,никаков мотив нема. За во Алкалоид и Реплек немаше врски. Друга што познавам се вработи како професорка средно.Исто магистар. За вложениот труд и учење,мислам подобро медицина или ит.
Апсолутно точно Ок, ако имаш вујко владика можи ќе работиш вистинска фармација во Алкалоид. Работев во аптека како фармацевтски техничар. Продавав апчиња. Исто што и фармацевтот. Редев роба, исто како фармацевтот. Прием на роба / фактури исто како фармацевтот. Мојата и неговата работа не се разликуваше во апсолутно ништо. Плата земаа повеќе од мене, многу нормално.
Не земаат 30.000 ден. Максимумот е 24-5 илјади. Овие продавачките во маркети веќе толку зимаат (минус некоја илјадарка) со се' бонуси.
Не е само Алкалоид индустрија. Има повеќе видови индустрии каде може да се работи.Знаете колку фабрики за канабис има отворени? Веледрогерии знаете колку има? Лабаратории? Прехранбени индустрии? Институти? Па на секоја клиника и во секоја болница имате фармацевти. Ама тешко се излегува од матрицата дека за било кое работно место се потребни врски. Работа во аптека може да биде деградирачка само кај нас и на ниедно друго место во светот.Ниту една работа не за потценување. Секој со своите убедувања.
Работа во аптека не е деградирачка, платата е. И она дека си пРоДаВаЧкА нА лЕкОвИ. А од вкупниот број вработени фармацевти дали 10% се во лаб или нешто што не е аптека.
За се што наведе како можна работа, тука требаат ненормално ЈАКИ врски. Не е работата дали тешко се излегува од матрицата за барање врски, туку тоа е реалноста во нашата држава. Значи не е до тоа дека луѓето грешно размислуваат, туку тоа е пракса, со врски да вработуваат. Дали е деградирачка работата во аптека? За мене деградирачка работа нема. Но, во аптека буквално само продаваш лекови. Никој нема да те праша за хемиска формула или за нешто што си учел на факултет. Значи работата на фармацевтот во аптека е да го даде лекот, да го внесе во компјутер (буквална продажба). Нема разлика работата во аптека за магистер по фармација и фармацевтски техничар. Е па дали е перспективен факултетот, ако некој што учел средно има ИСТА работа како тој што учел 5 години факс?
За било кое работно место во Македонија се потребни врски. За било кое. Од чистачка до директор. Без врски и плата според искуство и знаење само во странски фирми.
Значи и леб се издава. И пилешки стек. И цигари. .... Оти пример коа пациенти ќе дојдеа во аптека ми бараа аналгин или било кој икс лек, јас му давав и тие ми плаќаа. И чао чао. Во веро на каса исто - една пакета родео меко им барам, ќе им дадам пари и чао чао.