Најпосакуван подарок од детството кој никогаш не го добивте

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mishela, 15 март 2013.

  1. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    454
    Многу сакав ролери (и уште сакам :D ).Се сеќaвам другар ми од детството имаше и цело време си возеше по улица дури кај мене во двор доаѓаше со нив тој вози ролери а јас велосипед.
     
  2. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Машки
    многу сакам фудбал и стално викав за роденден сакам да ме запишете на фудбал ама не ме запишаа до сега ;(
     
  3. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    437
    Јас сакав виолина...антиталент сум за музика скрос...ама ете кога бев дете,мн сакав да добијам виолина...и се замислував дека сум познато мало дете кое убаво свири... :lol:
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Тетриз.
    Леле ви се верува дека моите никогаш не ми купија? :(
    Од принцип - ќе сум се расипела и немало да учам, |( многу време ќе сум поминувала со тетризот.
    А кај пријателите си имаа 3, секој си имаше свој, и родителите и детето.
    Колку долго ми беше мака, немате поим. :(
    Пред неколку години си купив скришум од пазарче. Јес да брзо се расипа, ама си го имав, мој си беше! ]:)

    За нинтендо па ич да не правиме муабет. Јасно ми беше дека штом тетриз не добив, нинтендо па никогаш. а и бајаги беше поскапо. И тоа ми остана рана на срцето. :D

    p.s. Хуго досега беше сведок на моите трауми од детството преку скајп! Има тетриз и ќе ми го донесе вечер!!! :rofl: :rofl:
    Темава еј!

    Кого сега да насамарам за нинтендо? :?: :D
     
    На LittlePinky, imelda и joelle им се допаѓа ова.
  5. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.239
    Допаѓања:
    21.376
    Не бев некое дете кое многу бара, малку желби си имав :D

    Се сеќавам дека препекав додека не добив walkman :devil: Ни сама не знам колку долго им досадував на моите за ова. Мислам дека ми го купија само за да ме заќутат, зашто за ова бев досадна ко стеница :lol: Како што кажав, немав многу желби, ама за тие малку што ги имав буквално обесував :D На крај го добив вокменчето, и за неполн месец ми се расипа ;( Немате претстава какво разочарување доживеав од таа до тогаш толку посакувана и совршена направа :rofl:

    Ау, да. Уште од мала имав многу голем мерак за часовник. Ми купуваа некои малечки, пластични, детски играчки де. И кога ќе видев дека мојот се расипува за еден и пол ден, а на татко ми никогаш :D , се разочарував. И упорно и упорно им кажував дека сакам вистински часовник, кој ќе работи подолго од еден и пол ден :D И пак после долго време убедување и натегање, ми купија вистински саат, веќе не ни бев мала кога ми купија. Мислам дека со месеци не можев да ја симнам насмевката од уво и само во него зјапав :D
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Како и повеќето феминки во темава, и јас како помала многу сакав ролерки.
    Кога и да му спомнев на татко ми, тој само отсечно велеше не, а кога ќе го прашав зошто, тогаш почнуваше да ми раскажува колку се небезбедни и колку деца како мене му доаѓаат на работа со скршени нозе и раце. Ролерки не доаѓаа предвид! Во замена ми предложи тротинет, ама јас не го сакав ни за жива глава!
    За среќа, една колешка на мајка ми ми ги подари ролерките од ќерка и (која тогаш веќе беше омажена), и која ги возела многу малку. Со нив научив да возам, и летно време го вртев цело маало.
    Потоа со парите од еден роденден си купив ганц нови од Саломон, ама за брзо време ми помина меракот, па ги продадов. Сега сум преориентирана кон точакот :)
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  7. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    631
    Јас многу сакав кукла која зборува една другарка ја имаше на поклон од германија со кујна,кукичка,креветче за спиење и сите марифети околу бебушко кој дури и мочкаше.Ама моите немаа толку пари па за утеха ми купуја барбика на која косата и ја ошишав и беше исчкртана со фоломастер :D :D
     
    На Safira26 и Nedzhla им се допаѓа ова.
  8. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    1.814
    Пол:
    Женски
    Маченце! Малечко бело со плави очиња :(
     
  9. happygirl

    happygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    19.553
    Пол:
    Женски
    Многу сакав да имам од оние малите колички за кукли што беа, ви текнува? Ама не од тие пластичните, туку од оние убавите, скапите :D Само гледав како другарките од маало ги возеа своите кукли во количките што нивните татковци им ги донасаа од странство. Никогаш не добив таква мала, розева количка.
     
  10. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    точак :worried: ,сакав да си имам мој,сопствен точак ама не ми купија никогаш туку морав да го користам на братми а беше бајаги голем за мене што еден ден паднав и скршив нога,ама пак не им дојде умот си зборев и зборев и не ми купија,ок,немаа финансии,разбирам,а сега кога си имам свои пари сум голема за точак и нема кај да го возам друго е кога си дете и сега ама тоа е ;(
     
  11. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    221
    не плачев по играчки, ама со години плачев да ми купат куче. колку пати им носев дома некое улично кученце со надеж дека ќе ми дозволат да го чувам, ама ништо.
     
  12. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Mozebi kompjuter,koj vo toa vreme izgledase nedostizno ne samo za mene,tuku za poveketo moi drugarcinja.Imanjeto kompjuter toa vreme bese tezok luksuz,pa taka se zadovoluvavme so kupuvanjeto tetris i nintendo. :)
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Да е едно само лесно :D

    Се сум сакала како и сите деца. Ама за една пуста барбика да добијам срцето ме болело. Имаше тогаш едни гуми за џвакање, со сликички од барбики. Финтата беше да се соберат сите сликички, да се налепат во албум кој ефтино се состоеше од испринтан и превиткан А4 лист и да се прати, со гаранција добиваш кукла. Мастиките со ужасен вкус, некоја промаја на диња. Сите денарчиња сум ги дала, ама изгледа заборавиле да испечатат сликичка број 10, Мадона, оти на никој што собираа не им се падна само таа. Срам да им е што така лажеа децата.
    Ради таа барбика денеска диња не можам ни да помиришам без да ми се згади. И не џвакам мастики.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Не постои најпосакуван подарок од детството што не сум го добила.
     
  15. Torte19

    Torte19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    86
    Ролери.Многу ги сакав и сеуште ги сакам..Научив да возам уште додека бев малечка..Ги обожавам но никогаш не ги добив :(
     
  16. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Не постои материјално нешто што сум го посакала а не сум го добила, освен нешто на што најмногу му се радува едно дете - куче. И тоа ветено во неколку наврати, дури и расата ми ја кажаа дека ќе е чау чау. Секој ден кога некој од моите ќе се вратеше покасно од работа трчав до прозорот да видам да не ме чека во двор, и така се дури не пораснав. Само да имам свое во иднина, ќе го растам со колку животни посака!
     
  17. Gossip-girl96

    Gossip-girl96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    81
    Нинтендо! Сите деца од моето маало имаа само јас не :/ Траума од детството ми е тоа хахах :( :D
     
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    4.987
    Пол:
    Женски
    Куче. Ама куче дома.
    Прво си мислев дека мајка ми е некоја злобна што мрази животинчиња, ама како девојче ја нападнало куче и.. и простувам, не се лутам. Фер си е. :)
     
  19. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Куќа за барбики и ролери ;)
     
  20. nevermet18

    nevermet18 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    5.049
    Пол:
    Женски
    Па јас никогаш ништо не им побарав на моите кога бев мала. Не ни сакав, иако немав многу кукли, барбики и сл.