1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најпромашениот подарок кој сте го добиле?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од OrdinaryGirl, 15 декември 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Бидејќи веќе имаме тема „Најнеобичен и најоригинален подарок што сте го добиле?“, мислам дека не би била на одмет една тема каде ќе споделите со нас кој е најпромашениот подарок кој сте го добиле :)
    Ме интересира како реагирате во такви ситуации кога на пример за роденден, Нова година, годишнина или некој друг повод добиете подарок кој воопшто не ви се допаѓа? Правите лажна насмевка и се преправате дека вриштите од радост или сте искрени па кажувате дека подарокот не ви одговара баш?

    Јас во мојата роденденска кариера имам добиено неколку чоколади со поминат рок и еднаш се сеќавам дека добив три пакетчиња Max смоки завиткани со една лента на која пишуваше 2 + 1 гратис. За матура добив гумени папучи (3 броја помали). За мојот 16ти роденден меѓу другото добив и машки парфем :o :o А кога бев помала добив некаква плишана играчка која до ден денес не сфатив што животно е...
    Никогаш досега не ми се случило да се пожалам за подарокот, освен еднаш кога дечко ми од Австрија ми купил некаква гипсена фигура, а мене тие воопшто не ми се допаѓаат и му го кажав тоа (за среќа не се налути).

    Кој е најпромашениот подарок кој вие сте го добиле?
     
    На marlonbrando69, woow, Angel-Wings и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Најпромашен хм...
    Па ако не ги земеме во предвид расипаните чоколади....најпромашен би бил една маичка што ја добив од другарки за роденден(ама многу одамна). Толку беше ружна што следниот ден и ја дадов на мајка ми за крпа. Сепак направив фацка: Вау, убава е, фала ви-кога ми ја дадоа. А всушност ја мразев уште на прв поглед.

    Друг промашен подарок е едно кафеаво палтенце. Всушност не беше воопшто лошо, ама бројот беше мал. Се разочарав искрено да ви кажам, и затоа е промашен.
    Имам добиено и машки парфем. Го ставив два- три пати, и дури после ми текна да прочитам на пакувањето. А чудно навистина, имаше некоја цветна нота парфемот, нешто женско, ептен нетипичен машки парфем.
     
  3. littlegirl92

    littlegirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    ја искрено многу се разочарувам кога луѓето ќе ми утнат поклон посебно затоа што кога јас бирам навистина се трудам да биде одговара за личноста, а имам чувство дека никој не го прави тоа за мене а немам тооолку специфичен вкус

    кога ќе ми даде некој Би ју парфем ми се темни пред очи мислам милион ги имам неупотребени
    сепак најразочарана бев кога добив поклон за 18 роденден од најблиски другарки саксија и една марама (обожавам марами ама оваа не беше воопшто во мој стил) и исто така кога од други блиски другарки добив книга за матура (на која имаше цена)

    какви луѓе има на светов :o
     
    На bluegirl7, Angel-Wings, soncicko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Кактус.
    Прво мразам цвекиња, а и плус кактус ??? wtf!!! :fubar:
    Никогаш не сум пребирала околу подароците, но сепак мислам дека повеќе ќе се радував на честитка отколку на кактус :)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.868
    Значи не сум била едниствената што добила за поклон машки парфем една моја другарка на мојот 18 ти родеден ми подари машки парфем . Но сепак се однесував културно и се заблагодарив и и реков дека е прекрасен. Исто така сум добила за поклон тертратка и моливче а и 10 ден :^) па боље не ми поклонувај ниш него 10 ден.
     
    На Haritiela, DarkAngelOfLove, Alesii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.938
    Ланкиот роденден од тогашниот дечко добив една маичка што незнаев дали се носи како долна облека или како обична блуза бидејки беше со некои светкавици по неа со опашки хаахах
    сепак изреагирав дека бил многу креативен во изборот :)
     
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    За еден роденден добив еден парфем толку грозен што кога ќе го мириснев буквално ми се овраќаше а не па да се мирисам со него (мирисаше на пипс за бубашваби :x ).И личноста што ми го подари отворено ми кажа дека го купила 40 денари.Па поарно да ми ги дадеше тие пари.За истиот тој роденден ми подарија една играчка-марсовец ама не на ново купена туку од дома си земала и ми го донела :Down: . Исто еднаш за новогодишна лотарија ми се паднаа дрвени боици.Е што новогодишен поклон ќе беше тоа |(
     
    На Chokoholic25, Angel-Wings и aaaaa им се допаѓа ова.
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Розев корсет со извезени монистри, 5 броја поголем од пријателка на мајка ми. Јас разбирам разни вкусови, ама до толку да незнаеш да одбереш + ме знае дека сум слаба :x и така ги даваш парите...барем нека биде малце од малце по нормално.
     
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.896
    Допаѓања:
    103.002
    Пол:
    Женски
    За роденден добив чоколадо кое беше расипано ( излегуваа црви ) :puke: и кога правевме лотарија во школо - 6 сапуни :rofl:
     
    На Angel-Wings и EVA19 им се допаѓа ова.
  10. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас во принцип секаков подарок ценам :)
    И не се лутам, нити ми значи нешто ако некој утне, битна е намерата, и кој како имал. Луѓето немаат леб да јадат, мене податоци ке ми одбираат. Податок доста утнат една чанта црвена дреч со сите светки на неа можни :D И градник погодлем каде каде, на главата повеќе ми беше точен :D
     
    На Haritiela, ToksycznaReakcja, Chokoholic25 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Мене најмногу ме нервира кога ќе ми подарат од оние турските бонбоњери. Знаете за кои зборам, големи кутии , ама чоколадото е занигде. Подобро едно шери срце отколку тие турските ( ама срцето е мало , треба големо да биде , а тоа што во уста не се ставаат не е битно ).

    Еднаш кога ја видов мајка ми дека купила таква за подарок да ја носи и се скарав :D или купи нешто јестиво , или не купувај ништо.
     
    На Beatriche19, jana31, Alesii и 5 други им се допаѓа ова.
  12. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    И јас имам добиено машки парфем, рамки за слика добивам секој можен роденден по 10 :o , а немам ни една урамена слика во соба, воопшто не ми треба такво нешто. Шминки од пазар и тоа цел комплет |( , не сум сноб ама на лицево не можам се и сешто да ставам :angel:
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  13. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Леле јас за славата сега добив над 8 бомбоњери Camila, од тие турските...
    Не знам што ќе им правам, ама сигурно нема да ги јадам :lol:
     
    На EVA19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Леле и мене како ме нервираат рамките за слики, албуми, дома имам како за продавање :tmi:
    И тие бонбоните-ужас.
    Да не ги заборавам и колекцијата парфеми од 150 ден. што кога ќе ги помирисаш неизбежна е скислената фаца :D
    Ама им го најдов јас крајот :!: Си ги чувам и бонбоните неотпаковани и рамките за слики и парфемите и ги носам на нареден роденден :D (кај некои подалечни)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    13.409
    Една блуза, сиво-црвена-зелена со елени, дедо мразовци, и ирваси на неа. Згора на се докитена со светки, и на дедо мразот очите му беа од оние, пластични, со црни топчиња унатре, што мрдаат.
    Поклон за роденден, Дедо Мраз, од оние лампионите. (Кај го нашла у Февруар?)
    Еден парфем, ако не ми се чини D&G (Dulce&Banana) се викаше, а мирисаше на скапано јајце. (Оние од велигден)
    И врвот, тетратка, молив, и ...
    пудинг!

    A реакција - Ми се свиѓа!

    А за блузата:
    -Убава е?
    -Да,да со ирваси, ми се свиѓа.
    -Ќе ја носиш утре у школо?
    -Да, ќе ми одговара со ЖОЛТИТЕ сомот панталони. (п.с. Немам, лажев. :tmi: )
     
    На ToksycznaReakcja, Chokoholic25, Angel-Wings и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Јас имам тетка (на татко ми сестра) на неа секој поклон и е промашен,амаа со овој што ми го донесе за дипломска се надмина самата себеси. Иначе јас дипломирав во септември 2009та, а таа ми дојде на дипломска во јуни 2010та. :D Кога ми пружа рака да ми честита,јас малку се подзамислив дури кога јас тоа бев дипломирала :^) А пак поклонот кога го видов,во несвест ми се паѓаше. Поклонот беше некои црни памучни тричетврт панталони, неколку броја поголеми од мојот број, црно-бела долга блуза, јас такви немам видено неколку години во продавниците (таа е некоја од нафталин,од некој плакар дома извадена) и врвот на се‘ беше прстенот кој таа верувале или не дваесет години го носеше, ама ете за мене го извадила од прст, го ставила жената во кутивче и таков со сто кила црно во него ми го поклони за дипломска.
    И поклонот не би бил поклон,ако не е со цвеќе пропратен нели,така да она скинала трендафили од некоја бавча, свежо прскани беа убаво се сеќавам, со бели капки беа по листовите и ги пикнала во ќеса заедно со остатокот глупости и ете така таа ми дојде на дипломска мене. Просто да ти се поврати од поклончево :puke:
     
    На нина122, WildOnes55, Ginger111 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    за дипломска сите ми ги утнаа поклоните освен другарките од средно а фаворит во утнување на поклони е сестра ми и многу се нервирам зашто јас секогаш и купувам убави поклони....
    имам цел плакар глупости што се мислев каде да ги дадам ама неможе никаде едноставно мие срам секогас сакам убав поклон да купам
     
  18. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Јас сакам да подарувам али да ми подаруваат :shake:
    ако сакаат нешто да ми купат најдобро е за рака и во продавница сама да си одберам
    само така не би бил промаршен подарокот...
    комплицирана сум изгледа :tmi:
    ретко уствари и не се сеќавам да ми бил корисен некој подарок(освен меченца и срценцаза во соба )
    али како и да е не се бунам
    ќе го искористам некако
    ако е за јадење ќе го изедам
    ако е нешто за носење ќе го носам кога ќе дојдат тие што ми го подариле и така....
    кога правам роденден или нешто слично,не се радувам на подароците
    само си отворам и си оставам настрана не очекувам никогаш нешто што ќе ме израдува
    а и незгодно ми е дека ми донесле нешто
    а и таква сум несакам ни да ме честат ни да ми подаруваат...горделива сум :wasntme:
    со неколку збора:- крајот не ми се најдува :D
     
    На Angel-Wings, fromAudreyWithLove и Victorya им се допаѓа ова.
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Леле ме изнасмеавте :D .... Што се не крепи земјава, тоа е чудо едно :?:
    Но ајде и јас да ви се ,,пофалам''
    За мојот 13 роденден добив некоја чудна колекција цветни парфеми што мирисаше на козјо сирење, и утредента намерно го ставив за другаркиве да забележат и за моја голема среќа забележаа (и секако извлекоа поука дека сешто е ефтино и не е така добро...) :) ...
    А преклани пак добив свената роза од мојот бивши дечко :| Значи толку ме сакаше ама за подароци ептен беше ''посебен случај'' и после фати 15 дена да ми се извинува и за надокнада ми купи една прекрасна, доста скапа маичка за 4 годишно дете која ниту приближно не ми беше точна. :x
    И да напоменам дека дечкото беше толку расеан, и тој самиот дури сфати која ми го виде изразот на лицето. :lol:
    Исто ми текнува еднаш дека како дете добив расипано нинтендо на кое толку му се израдував што сиротото кога го отворија моите видовме дека му се жичките откачени внатре и абер немаше од работа... |(
    Ете...и јас имам донекаде некои малку чудни искуства со роденденскиве подароци!
     
    На kjukli, Angel-Wings и programerka им се допаѓа ова.
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    За матурска добив еден тон безвезални колекции, демек парфеми беа :puke: , директ за во канта, е таму им беше местото |( И едни пижамки 5 броја поголеми од мене, и и' ги дадов на мајка ми (иако и нејзе и се малку големи).

    Тоа сега ми текнува :^)

    Инаку го ценам секој подарок, ама ме нервира што некој не посветил време за да одбере нешто нормално, и да се сети што би сакала јас, што е мојот вкус... Едноставно мразам купено ради реда. Подобро без ништо да се појават, отколку така, резил |(
    Па како знам јас така со внимание да купам подарок бе, па макар и една свеќичка да е, ќе го запазам мирисот од што е (од што најмногу сака личноста).
     
    На lovemme и Angel-Wings им се допаѓа ова.