Мразам ,значи мразам кога некој ќе ми купи ради реда поклон.Колку само да одбележи. Ко прво боље да не купува,стварно.Воопшто не ми е проблем. Ко второ не мора да е нешто скапо,доволно е чоколадо,барем ќе го изедам сигурно. Сум добила многу промашени поклони.Ќе издвојам неколку. Една емо огрлица.Таква кожна со боцки на неа.Ко за кучиња.Мислам јас и емо!Побогу! За маутра од едни роднини имам добиено сет чаши,ејјјј сет чаши на поклон.Ко на свадба да доаѓаат.Па и за на свадба е веќе излитено носењето сервиси. Една кутиичка,една метална таква и во таква боја.Незнам за што би служела,еве да кажеме за чување накит,мада повеќе и личи местото за во кујна.И ај тоа,него што беше користена!Буквално имаше фатено р'ѓа,беше таква излупена на неколку места.Фино лепо девојката си собрала по дома што има за фрлање и ми го донела мене.
Пред неколку години, најдобрите другарки за роденден ми подарија вазна и лампа ... И јас нормално: Многу се убави, фала ... А всушност воопшто не беа мој стил, а и да бидам искрена се почувствував ко да имам 60 години. Знам јас дека е битна намерата, но сепак во прашање беа некои од најблиските другарки .. Човек ќе помисли дека ќе бидат барем малце покреативни .. А за последниот роденден добив парфем Blue Dream. И незнам што му е на парфемот, не се лоши Blue Dream парфемите, ама овој мирисаше како ... па мислам дека најдобра компарација му е со комбинација од лимон и кисела зелка ... А исто така имам дома и 1639573 рамки, кои не ги користам бидејќи веќе немам место дома, затоа што откако наполнив 5 години па навака за секој роденден ми подаруваат рамки ...
Бунда од вистинско крзно. Ми ја пратија роднини од Русија, цел живот ме немаат видено и не знаат дека сум голем поборник против носење вистинско крзно. Чини едно мало богатство, ама ене ми ја ми скапува на таван, зошто ми е глупаво да ја фрлам, а не планирам да облечам нешто што мириса на смрт.
За 15 роденден добив од другарките едно ланче ама толку лошо не можам да опишам..кич невиден! беше пластично како нанижани кругови беа бели и сини! абе крш..толку време заедно а ми го немаа научено стилот и вкусот,само ради ред колку да се купело! али ај битно е вниманието викаат нели?
Абе како можев да заборавам најгадниот подарок што може да се добие, чаша И тоа од една добра другарка добив како поклон за роденден пред некој ден. Не обична, така спакувана во кутија, со носе, што ти знам, па керамичка и лажичка во кутијата абе глупости сигурно ги знаете ваквите кинески сра*а. Карина не пие млекце ако нема носе чашката и ако не се смешка Абе гарант и била вишок дома, па ај мене да ми ја тупоса. Сфаќам некој што не те познава да ти донесе нешто ептен утка, ама па другарка со која цел живот дружите. Поарно така да дојде, еден прстен од 50ден ете нека земе по ќе го износам. Ништо чудно и да и е купена, ме нервира кога за поклон они нивен стил си гледаат и тераат наместо кога веќе те познаваат и решиле да ти подарат нешто тоа барем да биде нешто што знаат дека ќе ти се допадне.
Абе не го сметав јас за промашен, ама условите наложија така... Значи, девојкава ми подари еден свеќник, многу убав и декориран, не помнам за кој повод беше, и такви двајцата одиме насмеани накај мене, и не' среќава една другарка... И таа во стилот: Другарката: -Кој кому подарил свеќник? Јас: -ХХХ мене. Таа: -А знаете дека свеќници се подаруваат на луѓе на кои им посакуваш да умрат? Девојка ми - А јас - Хаха, не' закопа со тој податок, оттогаш не ми подари свеќник (а претходно ми имаше 2-3, кој од кој поубав).
Тоа се глупости Најтвокер. Исто ко и за часовник не се подарувало зашо као сме го мереле времето, епа се мери времето де глупости. Јас сум забораила да пишам дека оваа год. за мојот 22ри роденден една другарка касичка ми донесе да стедам во гладинка за кога ке поласнам
хахаххах леле се изнасмеаФФ јас кога бирам поклон за било кој по било кој повот го бирам по вкус на тој сто го подарувам,знам кој со сака и каков вкус има никогас на никој не сум му купила нисо ради реда па затоа никој не ми поклонил глуп неупотреблив поклон... е сеа писувајки ми текна на еден децко со го имав пред 5години тој ми поклони скапи козни цевли али со лош бабински шпиц леле коа видов дека се толку скапи сватив дека не е се у парите до вкусот е башка и за тоа раскинавме имаше мн лос вкус за облекување и се остало... џабе со беше богат немаше вкус
хаха и јас сум против носење на вистинско крзно ,а прати на берзата ко ќе му секрени вредноста, продај ја.
од мојот бивши дечко мече едно .. замисли? мече.. што мајката ке му правам.. башка не ни беше убаво некое слатко туку едно за никаде цееееело розево, по розево мече у живот немам видено!! и плус кесата од мечето беше розева
Јас пошто не ги славам родендените не добивам подароци од други освен од дечко ми. и најглуп подарок му беше тој од оваа година во мај. темно беше и ми го дава подарокот во една голема украсна кеса. ја факам и глеам тешко нешто апа и полно и си викам во себе охооо ова добар некој поклон ке биде. запна да го отворам пред него и ајде почнав да вадам едно по едно. прво извадив едни хеланки, сини, со пепрутки доле и тоа ХХL а јас носам S и прво му реков „уааауууу“ после вадам - долен веш исто големина 90 а јас носам 75 едно уау и за тоа и на крај вадам книга се израдував цела пошто мн сакам да читам ја одвиткувам и леле коа гледам на англиски јазик и така беше темно па ептен ми се стемни. и тој веднаш прашува ке го биде ли? и му викам абе хеланките се убави (ич не беа) ама XXL??? па тоа како тренерка ке ми биде не хеланки и тој „леле бе оваа симона ме заеба“ и ја ваква „симонаа?“ (инаку таа му е најдобра другарка) сфатив дека таа го бирала подарокот и она шо ептен има добар вкус тоа да се чудиш и да се ѕвериш и ги донесов дома спакував се во една кутија и на шкаф горе скрив зад украсната даска да не се гледа кутијата ццц...а јас блуза му купив и тоа убава зимска, си ја носи секоја недела по еднаш а јас хеланките и прслукот и тангата коа ке сум бремена девети месец можеби ке ги облечам
Последно нешто што го добив од пријатели на моите - сукња до колена негде, црна со некои си додатоци што ти ја знам. Јас висока 165 и таа до колена абе кога се видов, смешки . И ја гледав, ја гледав нит може да се скрати нит ништо и ја тргнав на страна. Ке ја дадам на некој
Имам сега тазе добиено, бугарски парфем кој труе и не се поднесува ни во канта и шорцеви мизерни кои ми се малечки. Штета, неможам да си ги заменам зашто ми се донесени од странство
Блуза една грда како кошула како можеа беее онака си седи во плакар ќе му ја дадам на баба ми за прашина бришење