Машина за кафе од 1975 година и сервис 1 тон тежок од порцеланка од комунистичкото. Среќа едните не беа користени, додека кафе машината беше додатно лепена со стар ист лепак со кој што била отворена. ах леле...и што да им праам?! И мацке и јас за во вц ги корстам тиа цветни парфеми, ама ако се некои ептен апла, на пр на скапана ружа да мирисаат, же ми умрат и бубачкиве на тераса, а не пак јас и мажот ми. Затоа строго претпазливо со такви „скапоцености“
Уххх од каде да почнам долг е списокот . Прво на памет ми паѓа поклонот од една баба од Австралија, ќе си речам жената ме немаше видено 15-6 години, но отрпилика се знае колкаво е девојче од 16-17 години. Дојдоа тие, јас среќна си велам сега којзнае што ми донеле, неможев да дочекам да си отидат да прочепкам во кесата, кога отварам едно блузиче ко за дете од 5-6 години. Мало, тесно а згора на се со барабики и некои светки, планирав да и го дадам на внука ми ама и неа и беше мало. Втор поклон е една шега од другарките во средно, роденден ми е во Мај, а тогаш мене ме фаќаат милион алгерии од тоа поленот, де кивам, де очите ме чешаат, де грлото ми се суши. Тој роденден бев џоа мајски бумбар, очите ме чешаа и болеа, и ко капак на се кога ми отекоа бев ко гремлин. И тие од сожалување ми купиле антиалергенски капки за очи, спреј за нос и вода за плакнење уста. Кога го видов поклонот се прснав од смеење, ама па корисен беше. Трето е градникот од баба . Дојде на гости, и ми тутна едно кесе во раце демек срамота било пред дедо и брат ми да ми го дава, и ми вели „Појди в соба пробај“. Кога појдов имаше што да видам, еден бабски градник, таков ни жици, ни фишбани на него, едни прерамки абе мислам 3 см беа дебели, а за бројот не се дикутира 95, а јас и сега после 4-5 години максимум 80 (ако е мал калапот ). И уште после тоа ми шепка „Убав е а? Баба кога не знаела што купува, троа поголем зедов покомотен де, а и да можиш в година да го носиш“. Која година, која комоција, и го поклонив на мајка ми но незнам ни таа дали го носеше . Ама па жал ми падна за бабево, мерак му било, се мачело да купи, и реков дека е супер, дека ќе си го носам (лажга сум, ама па... ). Има уште неколку други ама во моментов не ми текнуваат.
Чоколадна фонтана, со пакет чоколадо за неа, од колешки кога заминував од работа. Јас не сум ама ич по чоколадото Изгледа пробаа со сите сили да ме здебелеат малку
Море на вас барем ви давале, мене за овој роденден ми доаѓа еден без ништо бе, барем 100 ден да ми дадеше ќе ги искористев за нешто, овој со празни раце, добро Среќен роденден што ми кажа .
Ауу порано ко помала сите другарчиНа ми носеа рамки за слика...по 10 рамки за слики добивав...и од што ме нервираа и почнав и јас на секој роденден рамка за слика да им носам
-за роденден заеднички поклон од друштво кое брои 20 членови долен веш од максимум 300 ден па уште ми велат доста квалитетен е и скап аха да..глупава сум јас..па сигурно дале по 15 ден за поклон сега ќе се трошат луѓето.. -За еден роденден исушен кафеав лак за нокти и плус во него дотурен ацетон до врвот на шишето ( 2 во 1 бе шо се чудите ) -За полуматура миленца (ќе сум ги користела кога ќе сум се мажела) :roll: -за рамки веќе и да не зборувам ми се (освен една која е навистина убава) за еден роденден добив 3 исти сигурно на попуст биле абе каков попуст онолку грди може и без пари да ги давале. -за матурата една ужасна колекција од која мислам дека ни мрава ни мува не би преживеала.Оле го најдовме решението за тие гнасни бубашваби :evil:
најпромашен подарок ми беше оној од прв братучед на татко ми Демек беше во Америка заедно со сопругата и ќерката и ајде да излезе дека нешто ми купил затоа што бевме онака блиски и знаете ли што ми купи?.... Пиџами со Џастин Бибер не дека имам нешто против дечкото но сепак толкава магарица со пиџами од Џастин Бибер тој е повеќе за напалени тинејџерки но не и за мене а плус тоа и материјалот беше од оние поефтините кај нас на пазар ке најдеш поубав квалитет а и ми беа помали цели 2 броја
Уфф, неможам да се сетам на сите. Но би издвоила парфеми со грди прегрди мириси, кебиња, прекривачи и сл глупости за матура
Пепелник верувале или не а немав повеќе од 10 години Изгледа сакале уште од мала да ме навлечат на цигарите али нема
Една мала рамка. И, Guess what ??? Слика од некој непознат дечко сликан за матура во неа. Барем сликата да ја изваделе.
Фотоалбум, ама значи грозен, шо ни на дедо не би му го купила, но одамна беше ова, кога не излевавме со мн пари, и деца ајде шо може салам да купат.
Од баба ми-Mony чоколадо(по се изгледа така се викаше) Од другар-2 пенкала..100% ги земал од кладилница Стварно повеќе би ценела без подарок
блуза со кратки ракави што не спаѓа ни во тричетварт ракави ни во долги а и куса до папокот како за помала девојка а мене ми ја подарија
Најпромашен подарок дефинитивно ми беше пред 2 години..кога добив маичка од некој никаков матријал само што ја пробав,се скина и ден денес мама ја користи за бришење на подот
Најпромашен подарок до сега се дефинитивно сапуните од соседката и тоа за мојата матура..10 сапуни спакувани.. во сите можни бои и смрдеа на бугарски парфеми..исто така добив гаќи за мојот петнаесети роденден и тоа од оние белите( 3 за сто) беа исти како што баба ми ги носела на времето.