За секој роденден РАМКА ЗА СЛИКА!!!! Абе луѓе што ке ми тоа и така не правам роденден туку излеземе со другарките или пак блиските ги канам на торта и сите знаат дека имам купишта рамки дома !!! епа поубаво дадете ми пенкалце од 10 денари откулку рамка
Неодамна бевме кај моите и после извесно време муабетење, татко ми ми вика-еј чекај ти купив нешто и стана...јас како мало детенце целата ваква ...и одеднаш ми носи торба за на пазар со тркалца Еве ти торба да тркалаш, а не да носиш во раце. ОК, практично, може и ќе ја искористам, ама моментот беше врв, сите очи вперени накај татко ми Баш ми е жал што тогаш му се прснав од смеење. Тато бе.... Иста ваква, само црвена.
Сум добивала и убави скапи поклони, и убави а сепак не толку скапи, ама една ВЕЗЕНА НАВЛАКА ЗА ПЕРНИЦА дефинитивно го достигна врвот на оригиналноста на промашувањето. Значи навлакава беше ко од времето на прабаба ми, се гледаше дека е извадена од некој плакар, и ко тоа да е малце беше пожолтена на рабовите од стоење. Ја да сум на нивно место помалку ќе ми е срам ич ништо да не носам. (correct me if i'm wrong!)
од поранешна најдобра другарка , а сега блиска пријателка добив само едно чоколадо.. океј и тоа е поклон доколку е подарено со срце, но мене најмногу ме нервира тоа што јас кога одам на роденден сакам поклонот да биди убав нешто што ќе им значи и што ќе користат.. се мандорам сакам сето тоа да го бендиссат.. па правам и изненадувања , тортички секакви работи.. одам лично да им честитам родендени на денот иако сум канета подоцна, а некои од нив неможат или немаат време да ми пратат порака на тел за мојот роденден..
Имало толку многу подароци кои не ми се допаднале, ама сепак не можам да не речам "благодарам", зашто сметам дека најбитен е гестот, особено ако се работи за постари личности, кои не би знаеле што сакам и што би ми сее допаднало. Но, ако добијам од другарка подарок колку само ради реда да помине, се осеќам навредено, зашто знам дека они ме познаваат и знаат дека тоа не би ми се допаднало. Јас лично секогаш се трудам да го подарам најдоброто што може да се најде за парите, а мајка ми е премногу добра во бирање на подароци и давање идеи, па неа и се обраќам за помош секогаш Сепак, нај FAIL подарок што сум го добила е една зелена ташничка за девојче од 1 одделение, а ја добив за матура. УЖАС! Не знам од кој беше, од прилика 90% од подароците за матура ми беа промашени, ама не е толку страшно, не ми значи толку она што ми го донеле, битно е што дошле
хахахаха неможам да се изнасмеам додека читав дел од постовите со промашени подароци мене најпромашени подароци ми носи секоја година другарка од средно која е многуууу скржава, не дека нема туку таква си е секоја година од неа добивам, рамки за слики од оние најефтините, бугаркски парфемчиња, албум за слики, блузи 2 броја поголеми.. хахахха се прашувам годинава што ке ми донесе.
Мене најпромашен подарок ми бил албум за слики..али ај да беше некој понормален...тој беше сигурно земен од кај бабата и дедото на детето што ми го подари..сигурна сум..зашо мирисаше на старо..и беше завиткан во проѕирна хартија..ЛОШО..
неодамна ми беше роденден и добив илјада промашени подароци. парфем - 50 денари,не ми е за парите ама да одбрале некој малку подобар од овој?Многу гадно мириса,исто како и овој РАИД за муви што е..:/ Рамка за слика и тоа од една од најдобрите другарки.. е ајде бе .. ЦД со рап песни .. ухх боже..
Најпромашениот поклон ми беше за матура,пазете ве молам. Исто вакво се уклучуваше во струја и светеше за матура бе луѓе
Искрено воопшто не обраќам внимание на тоа дали некој ми донел поклон или каков е поклонот. Последниве години и не ми е пријатно кога треба да повикам луѓе да ми дојдат на торта, од што ми е страв дека некој можеби нема ни денар во џеб, па нема да дојде од што ќе му биде незгодно. Многу ми е криво што работите отидоа до таму , да се расипат пријателства поради 100-200 па и 500ден. И јас се најдов еднаш во таква ситуација, ми беше крајно непријатно да отидам на една прослава кај пријателка што ја сакам премногу само поради тоа што немав доволно пари за да учествувам во поклонот. Сега кога викам на роденден, всушност викам на кафе да ми дојдат, дури не кажувам ни торта дека има Но, еве ако требаа да издвојам лош поклон(а не е еден) би биле, некои ташнички за полуматура, една лимена лутија за накит(воопшто не личеше како да е за накит)и сет за нокти(турпија и грицкалка) за матура, еден украс за мали дечиња за 22роденден(на кој пишуваше друго име, очигледно првично бил за друг наменет) ...
Ние женските сме такви, кога подаруваме многу внимаваме ... да не е премногу скапо, да не е премногу ефтино, да не значи ова, да не значи она.... е токум таква бев со бифшиот дечко а од него за роденден добив свеќа (негде 20 денари чинеше во Џамбо, баш проверив). Многу се налутив и направив фаца, и се искаравме многу како тоа мене не ми се допаѓал подарокот, тој многу се измачил. освен што не го погоди поклонот ми го уништи роденденот. а инаку сум добила од еден дечко и дупната Шоља за чај! ...... еднаш и добив празна картонска кутија завиткана во целофан!
Богами сум се изнервирала многу на еден мој роденден кога другарките ми купија долен веш во розева боја, а та боја ич не ја сакам .и одозгора ме зафркаваа да сум го облекла тој комплет за да сум имала односи со тогашниот дечко . Значи,мораше баш таа боја .А јас секогаш внимавам што да им купам ,сакам поклонот да им биде погоден...
За роденден од мм (тогаш дечко) добив џемпер и букет цвеќе И не би бил никаков проблем доколку претходно ''благо'' не наговестував колку би сакала да го имам еден одреден парфем, а и тој знае дека душа продавам за козметика, а ми купува џемпер... Барем кога е облека нешто секси да беше...Сега ме зима со него да си одберам, а и за мене е тоа најдобар поколон
највејке што би можело да ја утне кај мене работата кога станува збор за поклон, е тоа некој да ми даде обетки, ама баш ич неќам, а ми имаат носено и тоа многу пати,а никогаш не носам, најубаво ми е кога дома ке си ги викнам другарките на кафе и тие ке ме изненадат со некоја книга од Ог мандино,и за да не уткам никогашш секогаш подарувам книги,зависно од тоа што чита личноста што има роденден
Промашени поклони колку што ти сака душата...ама најмногу мразам кога моја најдобра другарка до пред некоја година ми носеше украси за нова година и тоа под изговор дека било зима и дека доаѓа нова година и не и текнува што друго би можела да ми купи Ама ете за чудо некое се опамети хахах и лани ми донесе марама на која вистински и се израдував затоа што сакам марами а и бојата ми беше погодена И уште еден поклон и тоа од прва братучетка гел за туширање пола потрошен и ланче од тие во смоки што ги имаше и капак на се е кога ќе каже ги превртев сите продавници додека да најдам што да ти купам,исто и со поклонот за матура пластичен саат за да ми одговара со униформата од факултет и за понатака кога ќе најдам работа,и наместо ајде нека тие честито матура мојот сакан стрико ми вика ах бе цуци не изнамачи по горештиниви да шетаме да ти купиме поклон
Лееле на темава можам да пишувам за цел живот. Знам дека имам специфичен вкус и знам дека моите најблиски го знаат тоа но и знаат од прилика што би ми се допаднало. Арно ама, што дека знаат, ниту еднаш никој ми нема погодено подарок. Од подалечните не ми е ни гајле, знам дека купиле само колку да не дојдат со празни раце, а и не сум до толку замерлива, ама за поблискиве, не дека тоа мене нешто многу ме погодува, ама можат навистина да се потрудат повеќе. Најмногу се налутив кога 2 другарки, најдобри другарки во тоа време, ми донесоа за роденден капа и шал (роденденот ми е околу нова година и редовно добивам новогодишни подароци кои ги мразам ама не е битно) а знаат дека не носам ниту капа ниту шал. Па барем да беа некои убави. Исто тогашната најдобра другарка кога ми донесе парфем за кој што јасно и гласно се имав изјаснето претходно дека ми е одвратен, ама ајде барем погоди дека обожавам парфеми, а и не беше нешто ефтин. Затоа на секој роденден нагласувам да не ми носат подароци зошто повеќе се нервирам, вака барем нека дојдат само да си поминеме убаво, без да при тоа истакнат колку уствари не им е гајле што ќе донесат, а јас пак будала по 2-3 саати барам подароци кога треба нешто да се купи.