Шамија дечки, шамија :geek: со кој ум? Како можеа? инаку шамијата (ЗА НА ГЛАВА ШАМИЈА, НЕ КАО ШАРПА) ми ја донесоа брачедите од Австралија барем за нив мислев дек се ас'лни
Па не е баш најпромашен,ама.....Од другарка за роденден добив една алка(значи алка најобична) и чоколатце...сакаше да се напраи демек нешо немала врем е...и што е најтрагично не ми ни честита роденден,само го извади "поклонов" од ташна и онака ми го даде...
таман имав пишано дека не се сеќавам да постои таков некој промашен подарок а и дека не ми е важен(сеуште е така), меѓутоа овој што го добив за последниот роденден неможам а да не кажам дека е жива катастрофа. Од другарките добив ташна, ама луѓе за пазар платнените ташни се далеку поубави ,оние бабите што си ги имаат. Се мислам, зошто знам која од другарките ја одбираше дали да и ја однесам за нејзиниот роденден, сигурно и е убава штом ја одбрала
Нај промашениот подарок кој су го добила беше една рамка од 19век целата во прашина и плус тоа со искршено стакло
Најпромашениот подарок ми бил кога за роденден другарките ми донесија еден фустан.Aма никако не ми се допаѓаше фацата ми беше: -Леле фала ви срцки.Многу е убав! а од самиот изглед ми се повраќаше. а најлошото беше што ме натераа да го пробам
Мене една другарка еднаш ми поклони онаква пластична ружа во пластично безбојно паковање, доле со мече - знаете од оние за 8ми март 20 денари што се. И тоа не е девојчето сиромашно па ај немала пари да ми купи нешто повеќе. Следната година ми подари бело меченце минијатурно, искинато кај рачето - најверојатно нејзино затоа што беше испрљано и скинато. А една година и оние што се новчаничиња за шминки, едно најголемо, па во него помало, па во него помало и така се до едно најмало, тие мислам дека 40 денари беа во тобакото кај мене.
Па вака малце ми е глупо да двојам, каков и да е, поклон е.. Ама еве би го издвоила ова.. Знаете, како помали, од прво до четврто одделение, имаме лотарија во училиште, и еднаш си добив балон. Малце ми беше шубе, односно не ми се дуваше во него, и не ми текнува што му направив.
Огледало... и тоа за родеден од сите пријателки подарок огледало... Spoiler а огледалото точно знам дека беше 100 денари. Прво се правев демек изненадена...фала фалаа а во себе: Spoiler wtf is this shit?
ооооо многу ги имало Не е дека имам премногу специфичен вкус па ништо не ми се свиѓа Како попромашени можам да ги истакнам комплетот од тетратка,дрвени боички и налепници,а исто и сукња која ја добив од другарка во 4-то одделение.Беше целата како златна и мислам дека ни на маскембал не би ја облекла.На кој и да ја покажев се чудеше како може некој да донесе такво нешто хахаха.А можеби и девојчето ја добило како поклон и не и се свиѓала па решила да ми ја поклони мене Ама да не заборавиме на поклонот не му се гледа во заби,битно е што те испочитувале и дошле,а поклонот е небитна работа
за матурата од роднини добив една патницка торба ама стар модел како од нафталин да ја извадиле и што беше ај ама и полна со хартии за да изгледа побогато и исто едно сукниче му се нашло,мене ногата не ми ја береше во неа
Најпромашени за мене се кога ќе ми подарат облека,е тогаш ретко кога ми се допаднал поклонот. Последно нешто, стрина ми ми подари.. некоја свилена сукња црно-бела до под колена,ама така на места подолга, на места пократкa, свилена наметка некоја.. која незнам за што би ја користела навистина..и уште неколку такви свиленкасти маички. Прво помислив дека и ги донесла на мајка ми, но таа само на мене помислила изгледа. Ама каков и да е почитувам, бидејќи сепак се потрудила... без разлика. И јас сакам да добивам за поклон ролекс часовник или нешто слично,ама нема
Цртеж на кој ме имаше нацртано еден дечко шо беше вљубен во мене. Забите ми беа по пет метра оддалечени еден од друг. Ја џитнав
Дефинитивно најголеми утки ми се алиштата што ми ги подарувале низ времето, освен ако не се по мој избор (она - кажи што ти се свиѓа, ќе ти купиме) Незнаете колку промашени суќни и блузи имам!! Имам суќна мислам дека шарата е англиското знаме низ целата!!!! Па некои свилени блузи, со пантелки... АУ АУ!!!
Заборавив да го напоменам подарокот од цимерките за овогодинешниот роденден : еден огромен памперс завиткан во шарена хартија, лижавче во форма на цуцла и пакетче кондоми иако знаат дека не сум сексуално активна. џабе се истрошиле, се им фрлив в корпа. глупости. Поарно да ми купеле едно чоколадо.
Црно здолниште ама не до колена туку до земја. И немаше да биде толку трагично ако не беше колку за една нога да можам да пикнам внатре. да ви го доловам моментот како ногавица од класицна панталона. Е таков поклон добив и тоа не од било кој туку од свеки. .. Ко да е вујче од америка што ме нема видено од проодување.
Ја би кажала на пример сите подароци од маж ми, за роденден.Не дека изборот е некогаш лош, но секогаш доцни и ми дава 5-10 дена по роденденот,и навистина губи драж.Инаку,онака без некој повод не му текнува да ми подари нешто Незнам мене ова ми е полошо од промашен подарок.