Мене баба ми пред роденденот ми дојде и ми вика : Dazzle, сакаш ли за роденден да ти дадеме постелнина? И јас одма : Не не, имам 5 и стварно несакам. И она, добро. Ми доаѓа роденденот и се појавуваат баба ми и дедо ми на врата “ Среќен роденденннннн Dazzle, еве ти ја постелнината што ја сакаше ’’ Јас ...тотално се збунив , а сите се зверат у мене и очекуваат реакција и таква седам и некое кисело: Фалааа, ама уште збунета.. И баба ми се смее и ми вади уште еден подарок, ланче, а постелнината била плус, и таква “ хааа како те зезнаав ’’
добив машки дуксер кој мирисаше на машки парфем ...толку беше приметливо дека е носен ..тоа некаде на 11 години ....
Od cicko od Kanada imam dobieno bluza bela kaj sto pisuva Kanada i bluzata bese ko za 2 godisno dete i bese pola dolar. i helanki ama najlonski nekako, crni demek rokerka ke se pram.
Ги имам навистина многу но ете ќе кажам еднаш за роденден во осмо мислам дека беше, една другарка ми донесе еден ко украс со вештерка и на неа како кал да имаше валкана беше и мирисаше како на подрум. ужас. Исто така ми имаат даено и едно млеко за тело, подобро би било да го наречат „Млеко за стимулација за повраќање“ толку гнасно мирисаше како да еден сируп и како на јајце одвратно
Порано беше, на 8-9 години кога правев роденден. Една другарка ми донесе 4-5 каменчиња од на плажа и ми вика: „Среќен роденден Шпагета, знам дека многу сакаш шарени каменчиња, па еве, ти донесов за роденден“ БОГ ДА ЧУВА !
За 18 роденден викам се тоа другари,другарки и само доваѓаат овие.И подарок ми носат.Шо е сеа ова упм.Отварам и глеам тефтер.Мхм,шо е ова бе?Отварам и глеам скинат .Ми вика ај утре ќе ти купам ,бтв од која фиока го откопал хахаха брука од чоек,ма свашта
Мене па ова ми е баш слатко, ако НАВИСТИНА си сакала и собирала такви каменчиња (затоа што има луѓе кои стварно си собираат). Детенце на 8-9 поарно такво нешто да ти донесе, отколку стандард подарок тетратка и моливче.
Прочитав едена феминка пишала дека некој брачен пар за свадба добиле користен миксер, па си помислив за нас да не напишале, бидејки ние драги мои за поклон добивме користен соковник кај што користен беше со остатоци од овошје туку и не работеше Штета што незнаев од кого е за да им го вратам
ги имало многу, ама нема да заборавам, лани дека другарка ми ми донесе шминки за мали девочинја оние во пласточни пакувања, заедно со барбика и мало чешелче, знаете како се спакувани заедно сите ги има по пазарите од 50 до 100 денари се као комплети и нема да заборавам кога стрина ми за матура ми донесе ташна плетена од најлони епа за тоа и јас нив им вратив, искрено многу се изнамачив за нивните поклони
Не знам што е со поклониве и матуриве ама сите добиваме од детски подетски поклони за таа пригода или да?! Јас добив лампион , ако може така да го наречам,зошто немаше конче за закачување,а имаше одоздола 3 сталачиња...Прозирен,внатре имаше ангелче.. втф?
За последниов роденден добив една мала ташничка, која никако не би ја носела и внатре имаше еден гел за туширање. Поубаво да не ми подареше ништо, ташничката не ја користам за ништо си стои така, затоа што е крш.
Голем црвен ѕиден часовник иако знаат дека ја мразам црвената боја а btw и собата ми е плаво со жолто па така да ептен промашиле
Беше тоа дамна кога бев 3 или 4 одделение. Другарките ми купија лепенки за велигденски јајца( бидејќи роденденот ми спадна на Велигден), нокти ( лепакот за ноктите сув!), технички молив (од 10 ден. што одма ми се скрши п.с и со едно желевце каков што најмногу мразев) и боенка од викнс. И остај тоа, ми рекоа в лице дека ми ги купиле работите што најмногу ги мразам.
ау..па многу има промашени поготово гардероба ама сепак го ценам тоа што се потрудиле и ми дале почит не е толку важно каков е подарокот и што е и селотејп со машна да е сепак подарок е
ланче и обетки од другарками за роденден пред неколку год. најтрагично беше што истите ми ги покажа претходно и ми кажа дека баба и си ги купила за свадба кај некои роднини, па можете да замислите какви беа