Мојот подарок не е толку промашен во споредба вие што сте го добиле, али е книга од најблиска другарка одберена по нејзин вкус. Љубовна, меланхолична нешто што јас никогаш не би купила. Али ете она се изрази многу сакала да ја чита таа книга, па и се погоди. Ја купила, ја прочитале сите во фамилија и ми ја донесе за роденден. И да, барби покривач за матура на 18 годишна девојка. Со кој памет?
Пред некој ден дојдоа пријателки на мајка ми кои одамна не ги видела и едната ми донесе- Блуза. Не дека блузата е промашен подарок за мене,туку беше неколку броја поголема од мене,во бојата која што воопшто не ја сакам,ни кратки ни долги ракави да незнаеш кога да ја носиш, ,и на грбот пишуваше нешто на кинески..како демек јас тука ќе го рекламирам кинеското писмо..
ее јас за 12ти роденден пред неколку години добив тетратка , таа сигурно беше 5 денари. па што не ми ги даде бре 5те денари барем џвака да си купев ќе ја изџвакав и ке ја фрлев барем да не ме потсеќа на тебе смешки D
Во саботата од мојот сакан добив два пара панталони едните темно сини-тегет,а другите бели.Тегетните ми се големи и се како за тетка,а белите се убави стреч материјал добро ми стојат ама неми требаа бели панталони минатото лето купив бели фармерки.Се заблагодарив учитиво но не се воодушевив но ништо нереков за да не го навредам бидејки друг пат нема ништо да ми купи.Така јас добив најпромашен подарок.
Тетка ми пред две години многу грда блуза ми даде. А не беше ефтина, ама пак грда. Ене ја си стои тука не ја носам
Пред некое време дојде на гости од мајка ми тетка од Америка, и женава секогаш ми носеше некои чоколади што ги нема овде и годинава очекував исто. И почна да вади од торба подароци за сите,блузи,чоколади и ми доаѓа на мене редов, вади од ташња СТИК! Стик,стик за под пазуви Не дека беше лош,баш напротив, но СТИК за поклон,па дојден дури од Америка, оххх, се изнасмеав пустата,али добар испадна,штета го нема овде.
За роденденот на другарками и однесов 500 денари а за мојот 13-ти таа ми донесе одвратен дезодеранс што чини 50 денари
И кај мене исто, како кај jagotka123 само шо јас и однесов 400 денари а таа ми донесе 3 стегачи за коса, што се 20 денари, парфемче 15 мл , 20 денари и 2 шноли од оние малецките, шо се по 5 денари, се на се ја чинело 50 денари, не ни ги користев, парфемчето толку беше малецко и грозно миришаше одма го фрлив, стегачите ги дадов на сестра ми ама си ги задржав 2 шнолкички, ае па да не испадне дека ништо не ми донела. Spoiler Парфемчето миришаше на г*в*а.
хеланки кои требаше да ми бидат до глуждовите на нозете а беа до колената и тоа од најдобрата другарка
Обично додека бев помала ми другарките ми донесуваа рамки, украси, албуми, споменари итн. А најпромашен досега Spoiler гаќи за полуматурата, од една комшика. И тоа број толку голем што и на бабами ке и се големи.
ги имам многуууу ... барбика за нова година (од 50 ден) а имав 18 години. кукла што пее за роденден 18 туника поголема 5 броја ( а истата ја видов на слика на фб на сестрата на тој што ми ја подари а и се гледаше дека е носена ) ефтини дезодоранси еххххееее една канта имам наполнато лабело од 20 денари за роденден цвеќина од дворот (комшивката секој роденден) саат купен од тезга (од блиски роднини) а еднаш и ми го вратија истиот плик што го купив јас кога одевме на нивната свадба ( пред 1-2 месеци од матурата) ама внатре поклонот барем вредеше пингвин мече со пајажини и прашини еден тон на него за роденден и ист таков ама помал за нг. и најјакото „среќен роденден поклонот го заборавив утре ќе ти го донесам“ и се уште го носи
Sparks е твојов пост стварно ме изнасмеа хахахахахахахахахахахахахахахахахха Најпромашен поклон(пардон поклони) ми се рамките, и тоа не било какви туку такви кичести и со мнооогу чудни бои, тие ми се просто одвратни. Ај да речеш некоја убава стилизирана рамка да оди со ентериерот, ма јок бре брате се некои дреч бои. А плишаните мечиња ми се ок се додека се добро изработени а не некои деформирани. Исто и албумите ми се ок(ги користам за чување на влезници од разни настани, my weird hobby) иако заедно со рамките почнаа да се разретчуваат да не речам воопшто не ги добивам. Еднаш за роденден, незнам точно за кој беше вујко ми и вујна ми ми донесоа чоколадо и венче. Алоо венче што јас само 2 пати во живот имам ставено венче. И сега мајка ми го носи кога сака да ја тргне косата од очи кога работи нешто Искрено многу би сакала да добијам некаква енциклопедија, книга, или сложувалка или воопшто нешто што би ме занимавало. Или пак некаква рачна изработка стварно би ме воодушевила, како на пример најдобрата другарка што ми донесе за 15 или 16ти роденден честитка направена од лист од блок ама нацртана убаво се гледаше дека девојчето вложило многу труд во неа, а внатре исто беше нацртана убаво и имаше многу убава порака и со тоа ми донесе чоколадо. Е тој подарок мислам дека сега за сега го држи првото место за најдобри подароци