1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најпромашениот подарок кој сте го добиле?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од OrdinaryGirl, 15 декември 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    На сите им имам кажано неколку работи да не се трудат да ми ги купуваат, зашто ги мразам од дното на душата:
    Meче
    Рамка за слика
    Албум
    Статуетки и секакви мали украсчиња кои ми фаќаат прав .

    Со текот на годините се' попослушни стануваат :lol: и се учат.
    Јас сум веројатно една од оние на кои подарокот им е - и те како битен.
    Не велам - леле фала, не требало, или не е важен подарокот, туку намената.

    Жити се' , не е така.
    Ако не умееш да ми погодиш подарок, не се ни мачи да купуваш што било.
    Дојди си празен и никому ништо.

    Јас кога бирам подароци, целата се внесувам, вложувам мислење, труд и пари и најмалку што можат е да го испочитуваат тоа.
    Секако, има утки. :|

    Имам добиени 2-3 комплетчиња долен веш, ама каков :x
    Да речеме само дека во тој дизајн нема да ве легне ниту едно машко, макар му се понудиле сами. :D

    Еден каиш со тока огромна и светкава... и луѓе, токата се врти!
    Како во лош спот на нискобуџетен рапер.
    :|

    Во 8 одд. за полуматура од блиска роднина добив една портокалова фротирка за покривање.
    Тогаш ми се плачеше, ама денеска како ми врши работа, најпријатно нешто за спиење.

    Сепак, не менувам мислење за долниот веш и каишот. :x
     
    На Phyramide и BoaVista им се допаѓа ова.
  2. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Навистина поважно ми е вниманието од подарокот, но кога си одлучил некому да подариш нешто, подари му нешто што ќе му одговара или ќе го израдува. Ретко кога ми подариле тоа што сум очекувала.
    Во 8мо очекував школските да ми купат било што, само не златен прстен (не носам златни прстени). Во 1ва година средно ми донесоа едно огромно плишано прасе. Значи, прасето е прекрасно, но за истите пари можеле да ми купат се и сешто. И јас како Трендафилка мразам мечки (како за бебиња ми е).
    Потоа, и мене ми имаат донесено „смрдлив“ парфем, чоколади со поминат рок, прслук 3 броја помал, што и да ми бил точен никогаш не би го облекла (портокалов со бели мечиња :rofl: ). Несесер за шминки (имам милиони и добив од најдобрата другарка), розови блузи (не сакам облека со бебешко розева боја), рамка за слика со часовник, каде што часовникот беше расипан (стрелките паѓаа надолу)... и не ми текнува друго.
    Можеби имам специфичен вкус, сакам нешто невообичаено, а доколку не знае, нека ми даде пари-сама ќе си купам. :lol:
     
  3. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Четка за коса од тие што се отвораа со огледалце од едната страна АМА УПОТРЕБЕНА ( имаше влакна во неа ) :puke: , а јас неа и купив прстен сребрен :?:
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.517
    Имам чувство дека некои луѓе навистина сакаат да те понижат со таков поклон,иако може да се случи и да не умеат или да немаат пари за нешто поубаво.
    Ниту еднаш,од никого не ми бил погоден подарок.Не дека јас сум пребирлива,туку затоа што не ме познаваат доволно.Јас кога купувам подарок,гледам нештото да ме асоцира на личноста,да биде функционално,убаво и да е во стил на карактерот на примателот.И навистина,премногу вложувам и пари и време во потрага по соодветен поклон и ме вади од кожа кога ќе добијам...рамка,марама што никогаш не би ја ставила на себе ради ужасниот избор на бои,папучи за по дома,порцелански фигури,синтетичка спавачица (ууух,треба да ја видите),синтетичка блуза со никаква форма (ууух и тоа треба да го видите),мечиња (вакво нешто само го примам ако е од дечко,без повод и има екстра големина и сериозна сум! :D ама сеуште не му текнало,иако напињам,ама за роденден не сакам,сакам нешто друго! :D ),свеќи кои имаат бајат мирис,а за флуросцентното розе да не праам муабет,од сите цвеќиња јас добив мини кактус,зелен топчест и тааап еден продолжеток како мини машко полово органче у жута боја.Не знам што сакал авторот да каже,ама знаеше дека јас имам фобија од кактуси,не ги сакам,не ги поднесувам,ма не можам ни да ги гледам,ме фаќа паника,ме облева пот...и да...портокал!Спакуван во убава хартија,еден портокал и беше сериозен подарокот и неговиот чукнат давател.
    Да бидам искрена,не знам да примам поклони и сум така малце,чудничка,па ми паѓа непријатно,ама врвот е кога ај што сум го примила,па уште кога ќе видам нешто вакво и уште помизерно се чувствувам.Не би замерила ако дојдат без подарок искрено.Поголемо е разочарувањето кога ќе видиш што се крие внатре! :D
    Толку ли не им текнува едни обетки од 150 денари,рачно изработени по улица Македонија ги продаваат или една книга со квалитетен наслов ако им се даваат повеќе(?!) пари?!Со тоа би била среќна и секој што ми купува поклон по едно вакво и ќе заврши добра работа! :D
     
    На kjukli и fromAudreyWithLove им се допаѓа ова.
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас заборавив да напишам за подарување, јас кога подарувам подарувам навистна. Гледам подарокот да е совршен па се до пакувањето,со пуфчиња кутии, и обавезно со картичка со порака. Било да е за другарка, некој домашен, дечко и слично порака некоја реченица обавезно ставам. Ептен сум пребирлива, и често пати ми се има случено да прашам што во тој момент најмногу им се сака, секако до одредени граници за цена. И заборавив да кажам најмногу сакам кога ми подаруваат книги, омилен подарок ми е, но многу сум посреќна кога јас подарувам, некој ако е среќен ако го бендиса преголемо задоволство ми причинува :inlove:
     
  6. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Негде пред 2/3 год од една прилично добра другарка добив алка дреч сиво-сребренкаста :^) исто така и парфем со мирис на ванила :puke: а сите многу добро знаат дека јаките мириси не ги можам,ама затоа сега баба ми не искача од дома без да се изнашприца :P
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.171
    Допаѓања:
    234.994
    Хм...промашени поклони иам добиено многу.Значи не можам да ги разберам луѓето како можат да подаруваат бесмислени работи.Портокалова маичка 3 број помала,потоа светкава,па шарена,смрдлив парфем на кокос или пак бижутерија која никогаш ни би ја ставила.
    Мечиња мразам, може само големи.Албуми,рамки,долен веш-строго забрането!Украси несакам,сувинири од се за 99 исто така.Свеќи миризливи-не!И многу други работи,долг ми е списокот :)
    Јас секогаш велам поклонот треба добро да се искористи, па така кога подарувам гледам дали ќе му користи на тој што ќе му го подарам,дали има корист од него,а не само да стои во некое ќоше и да собира прашина или пак да ја бришат со него прашината.Па така и јас сакам поклон кој ќе ми користи,што ќе си го износам,искористам, а не чаршави за маса или пак украси кои не личат на ништо.Или купи нешто убаво,не мора да е скапо или подобро без поклон или само со чоколоадо,барем ќе си апне човекот.Ама ајде де некој не ни размислува :)
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Слатко се изнасмеав на нечии постови :)

    Подароци се даваат на луѓе кои доволно ги познавате, на кои знаете точно или што им треба или што им се допаѓа. Во подарокот се инвестира време, идеја, љубов. А кога некој подарува ради реда што би се рекло, тогаш тоа за мене не е подарок.
    Затоа и тие кои добро ме познаваат знаат дека јас не сакам да примам подароци, од проста причина што имам специфичен вкус и ако некој навистина не ме познава, може да се случи да утне а јас кутрата како што ме дал Господ, не знам да се претварам и да глумам лудило колку нешто ми се допаѓа. Повеќе ценам кога некој ќе се сети на мене за некоја специјална прилика отколку подарок.
    Во ред, акцептирам стандардни подароци за специјални прилики како цвеќе или вино - поготово ова второто. Секогаш кога некој доаѓа на гости ми носи вино, и за тоа не мрчам па колку и да бил неинвентивен подарокот - ќе се испие на лице место, не е страшно :)
    Ама секакви други подароци, уште и ако има шанса да не се погодени се навистина џабе фрлени пари и време. Забавата и друштвото ми се побитни од подароците.

    Најпромашен подарок? Вибратор XXXXL поточно дилдо...розев, огромен, едно 25 сантими, а дебел...па да ви кажам се мислам до ден денес која дупка би го собрала :?: Да одам на Етна да пробам во отворот да го збрцам може ќе го смири вулканот. Мене сигурно не ме смирува, нема како! А како се израдував кога го добив, си викам охохо сега тек ќе се случуваат валкани работи во мојата спална. Ахам да бе! Ми стои на масичето до лампата како украс. Ако ништо друго розев е и естетски ми ја надополнува спалната - црвена лампа, сега ова...викам јас уште ценовник да си испринтам кога и онака веќе спалната ми заличува на се само не на пристојно место за спиење и одмор :x

    На друго нешто промашено не ми текнува, освен тетратките по линии и моливи кои ги добивав како мала. Сега да ви кажам искрено, дали од рецесија или од носталгија, би се израдувала и на такво нешто :)
     
    На blackwave, kjukli, icegirl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Во средно другарките ми подарија еден слон, поточно огромна слонска глава со една сурла која личеше на
    ај да не кажам
    |(
    Од оние што ги продаваат на улица бе. Има многу ефтини работи на кои им се радувала, па едно кинг сајз чоколадо би било прекрасен подарок. Ова одма заврши не знам каде, важно не го видов уште еднаш.
    А цимерките од факултет редовно ми подаруваа сим картичка и нешто плус. Сим картичка ок - студентска беспарица, ќе се најде, иако е најнекреативниот подарок ever. Еднаш во тој плус добив кинески пижами и папучи и ги оставив во собата, верувајте не можев да спијам цела вечер од мирисот на токсично. Па за тие 1000 денари кои ги собрале за да купат такво нешто знаете ли каква книга се купува?!?!?!
    Не, дефинитивно никој не ме познава доволно за да знае што почитувам, освен дечко ми, кој наместо да мисли и да си ја чука главата - ме носи во книжара и ми вели одбери.
    Не е толку тешко.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    За жал луѓето не се замараат како што се замарам јас за нив.
    Никогаш не сакам да купам нешто ради реда, секогаш бирам, размислувам што сака таа личност, дали несвесно ми спомнала дека и треба нешто и потоа го купувам.

    Жал ми е што не ми е така возвратено, обично добивам некои кич украси или ужасни парчиња облека и сл. (врв беа пижами два броја поголеми и папучи 3 броја поголеми спакувани заедно :devil: алооо тежам 55кг, а не 75!!!! :@ )
    Во тие моменти се чувствувам навредено и посакувам воопшто да не ми подаруваат ништо отколку да глумам фаца на воодушевеност. :x

    Ама си најдов решение, не ги отварам поклоните пред тие што ми ги даваат, освен ако инсистираат. :P

    Многу ми е криво кога гледам дека потрошиле доста пари за подарок што не ми е по кејф, ама тоа е :(

    Најмногу ја ценам креативноста, па макар ми напишал некој една мала порака на лист хартија отколку да ми донесе рамка за слика која не ми одговара за ниедна соба од домот :!:
     
  11. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Јас многу внимание обрнувам на поклоните,секогаш ги избирам спрема личноста,отприлика знам кој што сака,не се залетувам само да купам нешто колку да се откачам.Но за жал сите не размислуваат така.Имам добиен промашени подароци.За матурата ми беа донеле подарок дезедоранс и од оние миризливите сапунчиња што се за во wc.Јас такво нешто никогаш не би подарила.Потоа имам добиено една кошула од памтивек,што баба ми не би ја носила,така е зборот.Има уште нешто ама не ми текнува во моментот.А да додадам најмногу мразам кога некој ќе ми даде пари и ќе ми рече одбери си што сакаш.Тоа ми изгледа ептен како заради реда и навистина се нервирам. :@
     
  12. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Уф ми ја трефнавте темата =)

    Промашени подароци имам милион. Кога бев малечка за роденден добив три исти бањарки од три различни особи (и тоа тегет) за мало дедвојче. Сигурно некаде ги давале без пари...

    Тетка ми (на мајка ми сестра) секој роденден ми носи нешто што неа не и треба
    (оваа година ми донесе полу-празен фа дезодоранс), лани ХХЛ пижами (јас бев ХХС) да не редам наназад до кога ми има донесено чоколадо со црви. Којзнае колку долго го чувала за да ми го подари за роденден...

    И врв беше бившиот! Значи тотален неталент за одбирање подароци. Десет дена пред роденденот ме израдува дека ми нарачал поклон од нет што многу ќе ме израдува.
    Лееле ја праење филмови, `значи ептен погодил` си велам. За роденденот не ми беше стасан подарокот, по десет дена стаса. Луѓе божји, кога ми го покажа (верувале или не) макета од
    Volkswagen Комбе .
    Е oва истово

    [​IMG]

    Неможев да се додржам се расплакав. Кога видов колку пари го земал. Ужас, хорор, смрт.

    Идејата ја добил, бидејќи тој период често патував со хипици и велев дека сакам да си купам едно Фокцваген комбе. Ама ова беше крај. Бар да му нацртал едно цветче на вратата да го разубави...

    Следната година истиот дечко, за да поправи впечаток, ја викнал братучетка му (која едвај ја познавав)
    со него за да ми одбере парфем
    (веќе кога неможел некоја другарка моја да викне, можел да ми ѕирне во полицата парфеми да види што од прилика користам)
    А знае дека сум многу терсене за парфеми поготово. Ми носи

    [​IMG]

    Знам дека парфемов на многу девојќи е омилен, ама мене ми мирисаше на прашок за перење! И тоа бугарски! Веднаш му го вратив да и го поклони на братучетка му (бар да си го користи девојчето)...

    Единствено најдобриот другар секоја година ми го трефнува поклонот и ми го разубавува денот. Земајќи в предвид дека веќе осум години живее надвор од Македонија, секоја година наоѓа начин како да ми го достави поклонот точно до дома, во точно време. И секогаш е нешто уникатно, бидејќи знае дека сакам уникатни работи. =)
     
    На elimkd, Chokoholic25, BlondeGirl8 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    102
    Ех, колку само сум имала вакви подароци. Порано редовно добивав албуми на секој роденден по 3,4 немав толку слики колку што имав албуми. Имам добиено машка блуза/маичка 2 броја помала ГРОЗНА! ПРЕГРДА! Папучи-чамци ОГРОМНИ татко ми можи да ги носи, свилена дуксерка, фустан бел и долг (правев 11 години, а фустанот можда одоговараше за некоја над 20) патем и грд. |( Парфем мирисаше :puke: не знам каде го нашле, па ми го купиле |( колекција Фелче азура: шампон, гел за туширање, млеко за тело, пудра за тело. Искрено жал ми е што ги дала парите јас го мразам мирисот на Фелче азура. Знам дека многу луѓе користат и не е лоша фирма ама мене ужасно ми мириса :puke:
    Понекогаш се прашувам како одбираат луѓево подароци? Го фаќаат првото ѓубре што ќе го видат во продавница или ги вадат непотребните работи од навталин? Мене страм ми е да му дадам подарок некому онака колку да поминам на редот секогаш внимателно избирам и досега мислам не сум погрешила со оглед на тоа што ги гледам работите кои сум ги подарила некому како си ги користи и ќеф ми е кога ќе му го погодам подарокот. :)
     
    На Chokoholic25 и EVA19 им се допаѓа ова.
  14. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Скоро на секој роденден минимум 5 рамки за склики добивам :) Решив на секој роденден им ја вракам на сопствениците :) Парфеми :puke: , некоја алка дебела , и врв е еден дрвен делфин од една поблиска другарка , кој одма го запалив . Толку беше грд што кога ќе го видев ми идеше да повратам :puke:
    Јас кога подарувам гледам да одговара на карактерот на личноста , секогаш во некое уникатно кутиче или кесенце , и обавезно честитка со порака :D
     
    На EVA19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    На поклонетиот коњ не му се гледаат забите (или како и да беше поговоркава).Јас пак не знам зошто стално прво у забите гледам :D :D
    Муабетот ми е дека ако веќе подаруваш некому нешто не мора да биде Бог знае што,ама нека биде со вкус,нешто што ќе го израдува оној на кој му е наменет.

    На мојата полуматура која беше одааамна од една блиска роднина добив миленца,која сама ги спремала и ги чувала за мене,за некој ете поважен настан.Јесте да полуматурата не е кој знае што,ама па миленца???Аман бе.Ми се плачеше.Да не бидам неблагодарна ми даде и тората и цвеќе.

    На матурската од една тетка добив ноќница,која ми личеше на спаваќа за болни.Едно кичерајско парче што ако не дај боже го облечеш пред машка персона,најверојатно ќе го онеспособиш за секс минимум за наредните 6 месеца.

    Имало и друго,ама ајде нека биде доста.Не можам да преминам преку такви безвезални ствари,ако не е во можност подобро нека дојде со празни раце,барем ќе направи чест со присуството,а не да ме унаказуваат со миленца,гоблени и тако даље.
     
    На aaaaa, EVA19 и NoellePage им се допаѓа ова.
  16. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Ехее ги има доста...
    Јас многу сакам да подарувам поклончиња и многу сакам да добивам поклони(секако да ми се допаѓа) :wasntme:
    За еден роденден нешто се падна празник тој ден и баш се израдував за поклоните,бидејки ја многу ги поштувам.
    Од мојата најдобра другарка добив парфем со дезодоранс ама парфемов не знам кај го нашла КАТАСТРОФА :envy: :doh: (јас си имам поголема доверба во колку-толку попознати парфеми)
    Друго што добив беше стаклена рамка цела расклопена и плус :!: рѓосана и нешто излепено мене на лепак ми личеше :?:
    А исто порано како помала од 3-4 другарки добив диско топка :@ :x не ми се веруваше најчесто од мајка ми добивам најубави подароци бидејки она најмногу ме познава
     
  17. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    И ден денес се смеам на поклонот од вујна за 18 ти роденден, сукња минич, како за кафеанска пејачка :D Кај и беше паметот кога ја купуваше или па и залутала во плакар дома, па да се олесни :?:
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.418
    Пол:
    Женски
    Тетка ми за матура ми дојде па некаде после 2,3 месеца и ми донесе плетена маичка летна и некои златни панталони :puke:
    Инаку мразам кога ми носат парфеми, освен ако знаат кој го користам.
    Рамки за слики, плишани мечиња, украси, пари и злато.
    Партнерот за матура ми донесе златни обетки иако го предупредив дека не сакам злато и сега незнам кај се.
    Исто за матура ми донесоа прекривач за спална, иако ме прашаа што сакам и си кажав комплет шминки, ама не ова ќе ми се нашло за во миразот. Бре!
    Другарка најдобра за роденден паричник кој никогаш нема да го употребам и обетки ко свиткана жица :puke:
    Кога купувам јас најчесто прашувам што би сакале, или бирам нешто да одговара за личноста. Ако сакаат нешто да ми подарат боље помало отколку голема , скапа глупост.
     
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Hajпромашен подарок што ми текнува......кутии за накит,леле ги имав дома 10 и незнев што да им правам,рамки секако,детски часовник со вини пу на 17 роденден,плишани мече и цвеке,бижутерија за деца,за веридба кошула не знам кој број за најголемата жена,едно жолто маиче никакво,златни работи мразам да ми купуваат,нејкам како елка да се китам,лани за ми донесоја три фамилии по 1 среберена работа,обетки,ланче и белегзија,ни едно немам ставено :| дома за Mладенци,статуетка-папагал шарен :rofl: Tоа за сега ми текнува :geek:
     
    На EVA19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Памтам кога бефме малечки и кога за поклони за роденден си купувавме сите моливи и тетратки бе. Демек социјални случаи сме биле па сами не сме можеле да си купиме хахаха. После кога потпораснавме почнаа поасални работи да купуваат. Исто памтам на СЕКОЈ божји роденден кога ми носеа, албуми за слики ( бај д веј, никогаш употребени ) , рамки за слики, дневници и споменари, исто никогаш употребени. :lol: Си фаќаат прашинче негде.. И тоа не бевме толку мали! Дури и моите и братучетка ми тоа ми купувале. Оф леле. После фала богу им текна, па незнам ми даваа некакви си парфеми, бижутерија и незнам таму што друго. Единствено, не паметам некој да ми купил книга, а баш би го ценела тоа! :?: Ама највеќе ми се свиѓа кога едноставно ќе ми дадат пари, кога веќе неможат да одберат некој асален поклон и јас сама ќе си купам што сакам! Исто ми давале некој глупави, невозможно глупави пижами или некои маички што исто никогаш не сум ги облекла. Ми го погаѓале бројот, ама вкусот им бил... Уау! И уште мајка ми ајде носи ги, носи ги ама се убави. Ќе имаш повише да носиш. Лелее.. -.- Кога гледам како не облакале кога сме биле мали... Среќа, пораснавме и неможат веќе да не замараат и да не облакаат ко чудаци. :lol: Единствено, еднаш другарка ми на еден роденден, сите ми донесоа споменари и рамки за слики ко обично. Она ми даде прекрасни папучки, топли што многу долго си ги носев, и украс проѕирно глобусче што е прекрасно и сеуште си го чувам! Многу добри другарки бевме, ми погоди стварно. П.С .. Извинете за рефератов. :$