Добив на подарок 3 белегзии кои не вредеја ич за парите. По една недела почнаа да мирисат на железо и двете ми се скршија Таа што остана не ја носам, бидејќи кога ќе ја извадам раката ми мириса на железо и дури по 2 дена се луфтира мирисот
Хахахах јас добив еднаш одамна тетратка и чорапи кога бев 4-5 одд. И тоа од другарка што самата побара да дојде на роденденот бидејќи беше затрескана во братучед ми, а он секако присуствуваше х))
Синтетички јамболии за матура и два чаршави за маса какви нема дури ни во македонските народни приказни
не ми се веруваше кога ми го дадоа као демек на шала ама ништо не реков се насмевнав само...дечко и на другарка ми ми поклони една орбит мастика и тик так бонбони... не знаев дури ни како да реагирам ама ете...можеби немал доволно пари да ми купи нешто па...ама сепак јас мислам дека е поради фактот што јас и он не се поднесуваме баш баш
Можеби сакал да се зафркава. Ние, најблиското друшто секогаш некој вакви глупости поклонуваме, ама никој не го сфаќа тоа како сериозен поклон. Си се знаеме веќе. Да не бидам офф. Пластична чанта и блуза за трудници. - Од кај што сме кумови.
Пред неколку години добив од еден роднина на баба ми кој живее во Канада полна вреќа (од оние црните за ѓубре, буквално ми ја даде вреќата во рака) облека, ама облека како од 80-тите, толку демоде работи немам видено. Ај што немаше ни едно парче што ќе можам барем некако искомбинирано да го носам, туку и се’ беше огромен број! Алиштата беа ко за некој од 180 кг. Па тоа некои фустани како спаваќи, па тоа некои кожни елеци, па некои кошули со ОГРОМНИ потпунки... Страшно. И најдобриот момент - сета таа облека беше second hand - мирисаше на нафталин Не дека не би носела second hand облека, ама облекава, тоа кроевите, моделите беа врв! Откако си отиде, со другарките еден ден се собравме, и за зафрканција се облековме во алиштата и се испосликавме во сите можни пози За успомен и дуго сечање Сликите беа крај И нормално, после тоа облеката заврши пред контејнер, барем на некој Ром сигурно ќе му користи
Ахахаха лелеле добивам напад на смеење кога ќе ми текне. Значи за тринаесетиот роденден од една личност добив КОНЗЕРВА. Т.е. конзерва со едно гравче внатре кое требаше да го полевам неколку недели и ќе пораснело. WTF?? Многу повеќе ќе се израдував да беше лименка сокче барем да си го испијам а не да растам гравчиња. Бог да чува од такви поклони. Кога ја однесов дома конзервата се утепаја од смеење и мајка ми па си го зема и си го израсна гравчето и си го одржуваше нон стоп и после нз колку време ни роди гравчиња. Охх боже. А најглуп поклон е рамка што оваа година го добив од најдобрата другарка значи јас мислев ќе му купи нешто повредно и позначајно. А кога ја видов рамката од сто денари (имаше цена) ми се стемни.
За роденденов сега добив Rexona и тоа од луѓе што имаат пари (пар маж и жена, на свои 28-30 години). Не очекував ништо, ама веќе кога не ви се давале повеќе пари, купете ми барем една книга, ги има и по 100-150 денари или пак едно чоколадо, барем со сласт ќе си го изедев, а со Rexona-ва што не ми одговара што да правам? Ќе им отидам нив на роденден со Rexona-та, најверојатно они си ја користат, па затоа ми ја купиле
Едни благо кажани одвратни штикли , од секогаш знаев дека тетка ми има лош вкус,ама штикливе се врвот на се. Многу се нападни,со нитни по нив, уште латекс костум ми фали за комбинацијата со штиклите да ми биде полн погодок.
Две дињи.Дињчиња. И тоа јас не знаев дека ми се поклон,баба ми ни едно ни две - бабе еве ова за роденденот твој. Куку црни Аранџеле една смеа што ме фана...ама тоа е,кога ги делат внуците на наши и нивни...
Убедливо најпромашен подарок е оној кој што ќе ти го побараат да го вратиш. На второ место е оној за кој после извесно време ќе ти префрлат колку е скап. На трето место е кога ќе ти префрлат дека ништо не си им поклонил во скоро време и без некоја посебна причина (а тоа не е вистина), На четврто место е кога на другарка ќе и се пофали какво фустанче/блуза/долен веш си купила а уствари си и го поклонил неодамна (или можеби кога се плаќа со картичка не се важи )
Тетка ми до Германија ми даде некое си несесерче кое може да се закачи на ѕид. Ќе ми послужело за на одмор, а во меѓувреме би можело да виси на ѕид, зошто ми одговарало со собата.