и јас имам добиено блуза од трикотажа пелистер од 50 денари итоа од другарка на која и однесов прекрасен подарок за нејзиниот роденден...а наместо чоколадо имам дообиено кроасан
хахаахах се измасмеав ..најпромашен поклон ..хмм лани бевме на една крштевка и мајката на бебенцето ми подари некое си млеко за чистење лице бог знае колку старо,и да беше ново немаше да го користам ама ова целото згрутчено никакво во даровите ни имаше ставено (на сите) исти бабински огромни гаќи ова бев со дечко ми и неговите,кога си дојдовме дома се умревме од смеа .. пред некоја година 3/4 братучедка ми подари мајца ..ај што беше од 50 денари, ми ја дава на скали оти куќата ни е лепенка и ми вика ај срекен бла бла лба еве оваа мајца мене ми ја имаат донесено одамна па јас не ја носам ти ке си ја носиш.. јас целата ваква епа фала .. со пола уста ми идеше да се засмеам и земав одма другиот ден ја фрлив во канта
ХАХАХАХАХАААА...! Јас до 4-то одделение на децата кај што сум одела на родендени сум им носела моливчиња и тетратки! Мама ми викаше дека тоа е најубавиот подарок! А иначе најлош подарок кој сум го добила, од моите кумови кои доста добро стојат на финансиско поле - обична бела маичка која под левиот пазув имаше огромна дупка!!
Имам напишано на темава ама морам и ова да го споделам. Братучед ми имаше девојка - права лицемерка. Ми се улизуваше секогаш кога ќе ме видеше - впрочем со сите беше таква, а беше толку извештачено, лигаво, занесено створение. Работеше во бутик, па еднаш на минување поминав да ја поканам на матурска. И почна да ме прашува што сум сакала да ми донесе, многу сакала да ми го погоди поклонот... Јас најнормално и кажав дека не е потребно да донесе поклон туку да дојде, со братучед ми. Ама оваа кога запна, не та не, разгледај некоја маичка од бутикот, кажи која ти се свиѓа. Јас и понатаму си стоев на своето, кога почна сама да ми донесува маички и закачалките да ми ги бута пред нос. За една ме праша дали е убава, и реков да убава е. Е таа ќе ти ја донесам, ми рече. Не само што не ми ја донесе таа маичка, ми донесе една жиш црвена, раскроена, прегрда, партал блуза, што ни таа самата, ниту никоја од вас, нема шанси да ја облече, со етикета додадена во домашни услови - бело картонче зашиено на блузата и на неа со големи пишани бројки - 800 денари. Жими оваа доле ако била толку. Којзнае од кое буниште ја имаше извадено. И не ми беше криво што ми донела таков поклон, туку што ме мавташе во бутикот, ме назоруваше, а после сакаше будала да ме направи, па и со потенцирана цена, од нејзе напишана
Мразам кога ми носат чаши и рамки за слики... Има една другарка на еден роденден ја поканив зашто мама напињаше...и имаше рамка за слики,тефтерче и чорапи...утредента,се сеќавам,се видовме,и ми вика:ти донесов чорапи место чоколадо,за да не се здебелиш А на другарка и имаат дадено скршена чаша
Кога добив поклон полуискористен со одвратен мирис парфем и да машки дуксер...Па сеа дали ме утнале и незнаеле дека сум девојче или ме сметале за машко незнам + што предходно сигурно бил носен,зашто мирисаше на машки парфем Морав да редактирам да и ова од тетка ми од страна на татко ми..За роденден ми носеше блок и боички..Ич да немам пари па не би и го однела тоа единствената внука од брат ми
Една тенка, издрпана маичка и ист таков фустан. Исто промашен поклон ми е козметика за зрела кожа, а јас имав 17 години.
Од пријатели на моите. Знаеја колку години имам ама... Слична ваква, ама ептен мала и пластична. Имав некаде 15-16 години. А како беше завиткана, мислиш внатре има сервис за ручање.
Еден ѓердан, и јас неможам да го смислам, никогаш го немам носено... па не е убав ....али ајде подарок е нека стои Spoiler додека не го дадам на братучетками да си игра со него
Завчера бев на роденден кај братучетка ми и ги гледавме подароците што и ги донеле сите од одделението повеќето од нив и донеле смоки стоби флипс или по едно ластиче са коса.
ooooooooooooo сеа чекам да ми донеси од америка уствари брачедиве од австралија ќе ми донесе блуза со елении вававава
хмм.. најпромашен баш и немам добиено, секогаш ги ценам, сепак дале пари и се потрудиле да најдат поклон (иако некои и од најблиската продавница го купуваа, ама и јас го правев тоа кога бев мрзлива или беше во последен момент купен подарокот).. ама еднаш памтам добив панталони темно розеви, не беа лоши на изглед, ама беа барем 3-4 броја помали од мојот.. ги добив од другарка од класот, која е исушена (буквално е исушена, јади МНООГУ ама надарена е да не дебелее ) и најверојатно си купуваше пантолони неа што би и биле таман ама добро, другата година ми го подари најубавото чанте во коешто сега си чувам лакови инаку најпромашен подарок јас што сум подарила некому -плишано виолетово слонче го пратив татко ми да купи роденденски подарок за другарка ми, и купи некои работи што не се за девојче, односно налепница за врата од некој цртан, Гоку мислам.. и јас брзо брзо со мајка ми, решивме да го подарам виолетовото слонче што ми се најде при рака.. го завиткавме убаво и и го дадов на другарка ми.. кога отидов на роденден и и кажав што и подарив (таа не праша сите што и донесовме) рече - лелее зошто тоа ми го подарии, не сакам плишани мечиња, а исто и на другите им рече така за поклоните што и ги донеле а не и се допаднаа.. тогаш ми идеше да .. до ден денес жалам што го дадов слончето
Jaс не мислам дека некој подарок е промаршен или грд или слично,штом е подарок сигурно е од личност што сака вие да го имате,сепак не сме сите исти и немаме сите ист вкус.Јас би рекла дека темава е промаршена зошто не гледам некаква позитива во неа,со сета почит се разбира за тој што ја отворил.
Со рамки за слики мислам дека наполнив еден контињер а другиот дел го дадов на оние кои ми ги донеле, само запамтив која од кого е и ги сменив Уште еден доста промашен поклон ми беше од „најдобра другарка“. Поубаво ќе беше да ми речеше само „Среќен роденден!“ и ништо друго... Таа ми имаше донесено некој бугарски крем за лице, шампон никаков и исушен лак за нокти а јас имала-немала, фешта направив за роденденот нејзин: и торта и свеќи и балони и све и свашта
Најпромашениот подарок од дечко ми исто така беше сега за нова година (мислам не баш сега, аама оваа нова година ) ми зема home made ланче и менѓуши. Ден денес не ги ставив на мене Мислам не дека нејќам home made ама сепак, ова е лошо, и не одговара со ништо
имав еден сосема промашен поклон шминки на спрат од оние старите заостанати од негде со исушено лакче внатре , парфеми од оние по 100 ден хахах и нокница а јас никогаш ја немам ставено спијам само со пижами и тоа од некои роднини