За осми март од татко ми добив табла за бушони неколку дена пред тоа го прашував колку пари е од прилика да си знам зошто требаше да ја смениме а тој ми ја купил и тоа за осми март поженствено нешто неможел да купи. И влечките на син ми подарок од баба му. Немаше да биде промашен ако не беа двете различни и различен број. Син ми срекен за новите влечки што му ги купила баба ги отвара дома и разочарување. А коментарот на свеки беше најдобар “ ако не ти се допаѓаат тебе брат ти ке ги носи кога ке порасне“. И сега чекам да помине сезонава и да ги фрлам неприметно во контињер. 3
Јас немам добиено некој страшно промашен подарок. Можеби нешто што не ми се допаѓало 100%, ама било искористено максимално (најчесто алишта, па почесто мајка ми ги носи него јас, пошо сме скоро исти во градба). Сакав да кажам нешто за коментарите за рамките за слики од 100ден. Мене цела соба ми е со рамки за слики (едно време мајка ми почна да ми ги зема и да ги прередува низ дневна и кај брат ми), дури смисла нема сите полици ми се зафатени со слики. Башка што имам home made photo wall (од стиропор) па и таму слики колку сакаш. Како фото албум ми е собата Така да ако некој добие промашена рамка за слика нека ми ја даде мене пс. од кога го напишав ова ми текна дека имам добиено подарок со картичка внатре со друго име, ама пак беше рамка за слика што и ден денес ја обожавам, па пак не се рачуна за промашено
Дебелата пуфла на ѕверот мој братучеда , моја школска.Циција е ептен.Ја поканив на роденден , бев да ја земам од дома.Ама тоа беше во времето кога имав толеранција да не ја мразам.Ми застана на врата изваде од џебот истуткани 100 денари и ми ги подаде, и реков немора , не е потребно и со цел памет рече ок и си ги прибра.Така изџвакани ги испика во задниот џеб од фармерките.Едвај ги собра од големиот газ.Срамота.Дојде се најаде и се замина.
Немам добиено нешто многу промашени подароци , ама пред некоја година го славев роденденот и си викам сеа па со ке ми донесат и како ги примам гостиве внатре погледнувам во кесата дезадоранс , си викам ај добро еден може . И така се собраа уште два , па три ... се така до десет . И еве до ден денес чекам да ме викнат на роденден па и јас некое дезадоранче да им дадам
За полуматура, и тоа од блиски луѓе-кумовите. На гости ми беа можеби две-три недели покасно и реално, не дека бев мала и непристојна, ама очекував подобара подарок од нив. Добив ужасен, значи УЖАСЕН рачен часовник, бижутерија сребрен во форма на цвет со странично циркони, а стрелните како вдлабнати и странично со некој вид црно стакло. На местото каде што очигледно требаше се да биде црно, беше изгребано и фалеше делче. Тоа не е можно да се уништи бидејќи беше во внатрешниот дел, ама сигурно е така купено и беше утка невидена. Нема шанса да не го виделе, просто кога погледнуваш колку е часот тоа боде во очи. И да напоменам дека не е со каивче, туку како алка во круг и се отвара како штипка со странично федер и магнет. Кога ќе го ставам на рака се чувствувам како полиција да ме апси со лисици. И што е најтрагично, беше спакувано во многу убава кутија со мек капак и извезени цветови и монисти, во која реално може да соберат уште 7-8 такви часовници и кога ми ја дадоја се испорадував, реков леле сигурно има нешто прекрасно. Прво ми дојде чудно дека кутијата е многу лесна со оглед на големината, и радосна ја одврзав машната, отворив кутијата и внатре што да видам. Пустото саатче издекорирано во крем мрежа во боја на кутијата. Кнедла ми се појави во грлово и со едно чудно гласче се заблагодарив и го ставив на рака. Беа воодушевени колку добро ми стои и убедени дека го погодиле подарокот како за мене, а јас не можев да дочекам да одат за да го извадам. Бев натерана да го чувам цело време. Тие неколку часа беа единствени, сега не ни знам каде е, сигурно некаде сум го фрлила во првата можна прилика. А да напоменам дека кумовиве не ми се стари, луѓе во средни години, финансиски фино ситуирани и со вкус за убаво, ама што им бидна јас не знам... А исто се сетив и со истиве луѓе за роденден кога бев помала ми донесоа маичка по куси ракави во бебешка розова боја со сини ѕвезди и чипка странично и ме натераа како во обичај да го отворам подарокот пред нив. Кога ја извадив, бев воодушевена и искоментирам дека е прекрасна пижама, ама каде е долниот дел? Тие се засрамија и тивко одговорија: "Маичка е." Не паметам баш и дали сум ја облекла некогаш.
И јас добив барбика ама за 17-ти роденден ххх ... Но,се согласувам со Мисс Спарк дека сепак тој што ни го дал помислил на нас ...
гаќи од оние старинските, што ги носат бабите скоро до колена што се ги добив на поклон за роденден али бев мала 7-8години па не замерив многу а ми беа подарени од една баба што беше прилично стара па така да не е страшно криво ми е што ни еднаш не ги облеков, ќе мора да се потрудам да ги најдам
Не се сеќавам за некој мој подарок, но за третиот роденден на ќерка ми доби дуксер за едно годиншно дете (за 12 месеци), а нели полнеше 3. немаше ни картичка ни ништо внатре. Како не им било срам да дојдат со таков поклон. Гарант нешто што им останало од кога детето им било мало, па да ни го утрапаат на нас. Срамота! Ако немам пари за поклон како што треба, ич не одам на роденден.
Плишано мече... може да се купи рандом, но тоа никако не го сметам за подарок за роденден, посебно не ако е добиено од блиски другарки а уште помалце за 21-ви роденден..-.-'' WTF?!
Незнам во која категорија да го сместам овој поклон, но сигурно во најчуден и неочекуван. Јас не замерувам на поклоните кои ги добивам и не ги мерам по вредност но ова ми беше....незнам чудно. За роденден од блиски пријатели добив средства за чистење на купатило И тоа за WC шоља средство и течност, средство против бигор, за мијалник и када, и за огледалото во WC. И сите беа различна фирма имаше Ajax, Domestos и сл. Не знаев што да им речам, им се заблагодарив а тие па среќни демек ми се допаднал подароков. До ден денес се смеам кога ќе се сетам на ова
Парфем..... и тоа од блиска личност! Иако илјадапати им имам кажано дека сум алергична на парфеми! А кога ме натераа да го прбам на мене, а јас веднаш во купатило да па ми се уништи денот!