Блуза од оние ко дводелни што се ,виолетово со бело бре?!? Мушки парфем и тоа од блиска личност која ми го познава вкусот. Ај не пиј после?!
Влечки детски ЛАЈНАРКИ. За роденден. Али беа розеви и имаа некои цветчиња. Сличен модел беше на лајнарките, квалитетот ист. Ми беа 3 броја помали. Не ми ни влегуваше ножето.. Најтрагично беше што девојчето ми беше блиска другарка, по цели денови си игравме, јадевме, спиевме. И ми го донесе во ќеса мала, излегуваа од неа. И чоколадо. Штом чоколадо има во подарокот, не е 100% промашен.
Може звучи глупаво и површно, ама мене срце ми се кине кога за некој ќе се потрудам толку мнг да му го погодам поклонот а добивам идиотски поклон ради реда. Не е битна цената , ама на пример од другар што се дружам 15 години добив мече бе , мече ... смешно е, боље картичка да добиев со некоја убава порака. Или за некој ќе се претуфкам за да погодам и пак ради реда и тие што ме познаваат ми купуваат некои без врска работи.
може ке е смешно али да кажам јас. еднаш за роденден добив ...ШАМПОН со нз шо беше тоа со него..ии останав о.О ама и + шампонот беше ос оние баба и дедо шо ги користат хахаха сега кога ке ми текни се смеам ко луда хахаха..подобро една картичка со некоја порака или нз шо мало ама вредно аа не ШАМПОН!! ЛОЛ!!! ХАХААХ ии запомнете ако некој ми иди на роденден само шампон да не ми носи или некој купки хихи
Онаква рокерска алка со боцки(ако можам така да се изразам )од 30 денари.А не носам такви работи,ниту пак некогаш би носела. Друго...чоколадо со поминат рок,млеко за тело со поминат рок. За мојот 18ти роденден од другарка добив онакво ташниче мало со патент за ситни пари и од другата страна со кучешка фаца И мислам дека е доста...
се смеам и сега кога ми текне.. за пред 2години за роденден добив купачи само горен дел веројатно мислеле топлес ке се сунчам, или ги изгубиле попат
За 22 роденден од другарките со кој сум постојано извалкано мече,кој знае од кој и е поклон и каде и стоело , а за претходниот роденден албум за слики и тоа стар од истите личности , се работи за личности што имаат пари , мегутоа стипца си е стипца , само како може човек да биде толку без осет, тоа па ич не ми е јасно
Ај да кажам на син ми на првиот роденден што донесоа. Гардероба за 8 годишно дете Капичка за новороденче
Не се сеќавам на некој подарок што ми го промашиле, но сум добивала ефтини парфеми и мечиња за 18 роденден!!! Обожавам книги, но треба да им напоменам дека сакам книга за подарок (истовремено и самата да ја одберам)
Еден парфен за 99 денари, и мириса на они бугарските ружи! (парфенот после го видов во космо, така да ) Кога ќе ми текне! Ми се лоши од тој мирис, едноставно се препотувам неможам да го мириснам, а камоли да го викам (буквално како алергија да имам на тој мирис)! Баш како смајливо сум во тој миг
Ете и јас да кажам..не дека сум добила којзнае колку страшен подарок, но ете.. Во основно се сеќавам од една другарка, незнам дали беа навистина сиромашни или што , но секогаш подароците од неа мирисаа на визба. еднаш ми донесе споменар, потоа едни три мечиња минијатурни како фигури од некој метал направени... баба ми ми донесе за роденден ЧАДОР од 100 ден од оние кинеските.. и исто така за други родендени влечки пластични.. а мојата бивша најдобра другарка, кога бевме прва година за роденден ми подари една белегзија (црвена со мониста) и што е најстрашно нејзина беше..