Секој подарок го ценам....ама најпромашени подароци за роденден ми билеЧрасипани и црвливи чоколади , еднаш една жена од маало ми донесе 1 пар чорапи, една баба( сестра и на баба ми) ми донесе гаќи и тоа како за неа а не за мене
Маска за блекбери А јас немам белекбери, ајфон имам... Се збуниле или фазла им била дома, кој ќе ти каже
никогаш не им наоѓам мана на подароците но најпромашен подарок ми беа ракавиците и капата од тетка ми за нова година стварно се преубави но јас никогаш до сеа не сум носела ни ракавици ни капа шалчето си го задржав а капата и ракавиците и ги дадов на сестра ми
Пааа....и не сум добила некои ептен промашени поклони за роденден Една рамка знам добив за слика , ама цела раскалатена никаква , потоа чорапи , рамбовка ... и толку ми текнуваат
Освен тоа што кога бев мала ми подаруваа тетратки моливчиња и рамки за слики ( не се жалам и тоа е поклон важна е намерата) други подароци немам добивано утнани
Беше тоа неодамна, на една предновогодишна забава, подароци што сама ги избрав Извлеков бројче, но никако не можев да го најдам мојот поклон па организаторите ми препорачаа рандом завиткано пакетче кое ме подлажа со големината и го земав. Кога го отворив имаше што да видам, најгрдата свеќа некогаш изработена - голема, гломазна, правоаголна форма налик сунѓер за бришење табла со дупка во средина, плус бебешко розева. Викам ај ќе ја оставам одам да си земам нешто ново и онака има вишок останати пакетчиња. Втора среќа - најгрдиот парфем на светот. И се откажав, кога не е пишано едноставно не бива.
За мојот 13 роденден го добив најпромашениот подарок до сега. Тоа беше едно "сретство" за чистење на бубулици кое го добив од од комшивката која живее во Германија и ретко доаѓа тука па барем да беше некое од Германија туку од овие нашиве.... А што е најрагично немам ни една бубулица на моето лице. Мислам дека се викаше хлоракол.
Најпромашен подарок дефинитивно лани баба ми купи прслуци 3 броја помали плус од оние без корпи како таа што ги носи остај тоа да ми ги криеле цицките =.=' големи ми биле
Најпромашен подарок: -значи на секој роденден секој втор подарок ми е рамка -кога бев помала едни другарки од маалото ми донеле маичка како за бебе -од најверните другарки полани добив скршен часовник за рака... wtf -од една другарка едно малечко албумче, но внатре беше избришано со белило некое име..сигурно на нејзе тоа и било прво па го избришала името и мене ми го дала pff... -баба ми ми донесе за нова година маичка и гаќички кој што на сестра ми не и се фаќаат а не па на мене А бидејќи се промашени подароци добивам на никој никогаш до сега подарок не сум однесела..туку пари или кога купуваме заеднички подарок...
Најглуп најбизарен поклон за 18 ти роденден ми било една хартиена ќесичка со внатре црн конец и дебела игла !!!!!! УЖАС!
Памучни гаки и обичен прслук од Бит пазар. А нај интересен е тоа не ви кажувам тоа ќе го пишам ако има таква тема.
На една училишна лотарија, сите добија светилки, лампиони, вина, свашта, а јас пакетче суви сливи и еден чај од тревки некои си што беше неизбежно одвратен. Еден дезодоранс, ставив два-три пати ама страшно корнеше. Spoiler Па на една чоколада повеќе ќе и се израдував. Само колку да се донесе нешто.