... Рамки за слики секој втор подарок.... Ефтини парфеми на кои сум алергична....Касички за пари пошто сум штедлива ...Мечиња од кинескиот... Ајде тетратки и моливи помала ок...па чаши ми имат давано цц ... гаки и мајца (долен веш машка )..црвена мајца од оние за физичко...мајца со слика робот... Дезодоранси...од оние до/подколенки од 10 денари...лак за нокти со кој ако си ги измиеш рацете пола од лакот се измие....чорапи за мало дете.... уште мн. ама ај поклон не се враќа од почит го дале хаха
бабински гаќи од една стрина ,изгледа на неа не и се биле точни па ми ги донесе на мене за роденден за полуматура прекривач или како се вика за кревет,јамболија,си мислиш после полуматура ке се мажам абе смешки
оо да заборавив..албуми имам една кутија полна.....некои блузи што ми се мали и такви шари што никогаш нема да ги облешам..знаат дека сакам едноставни,еднобојни класични работи
Тексасни пантолони под коленици и тексасна кошула. Многу се старомодни. Ги добив за матура од вујко ми и вујна ми.
Кошула што е за некоја 147275219 пати подебела од мене и кинески парфем што никогаш не би го употребила
Имам пријателка од друга држава и се гледаме 1-2 годишно и секогаш си носиме поклони , а мајка и толку погрешно ми го проценила стилот на облекување што од неколку поклончиња обавезно 1 ке утне . Последниот пат ми беше пратила една сукња , материјалот шушкав и засветуваше така со некој лилаков сјај , долга до под колена и еден тул долу под тоа шушкавиот материјал , тулот е црн , мислам ја кај сум поситна уште ми фали некоја огромна балон сукња да ме оклопи ... Навистина ценам што се потрудила жената и што се потрошила ама не можам никако да ја носам и да ја скратам нема да ми биде по кеф
Јас не прибирам за поклони, сеедно ми е, ама врвот беше поклонот кој го доби моја другарка за роденден. Значи завиткан, во убава кутија, со машна со се, очекуваш некој убав поклон, и само другаркава го отвара и гледа, четвртина бурек со сирење. ... Мислам дека пола саат се смеев кога ми кажа за ова...ама нај трагично е што сеуште не се знае кој и го има дадено. xD
Во последно време и не добивам баш утнати подароци. Памтам еден што го добив за 18ти роденден од многу блиска другарка, одвратна свеќа од лаванда ко за бркање молци и едно ташниче што не можам да го дефинирам. исто за матура добив кинески парфем што ми стои во веце за прскање и чаршав портокалов од постелнина Ко помала имало еден куп ама не ги ни памтам
Една блуза која никако не сватив како се носи,како и да на наместиш ти се гледаат градите,никогаш не ја облеков онака ми стоеше
Сум добила многу невкусни подароци меѓу кои е и една блуза (црна) со m&m бонбони навистина беше грозна а и мала ми беше изгледав како кусо петле
Паа...освен тетратките со моливче и смоки сум имала мноогу лоши поклони добивано... Значи најмногу мразам да добивам пари за роденден..Си го свакам како ај упм за тебе ке се замарам ој купи си што сакаш... Парфеми некои амибас дадибас што некам ни да му се доближам и ете ги дремат по фиоките и ми е шубе да ги фрлам некој се потрошил.. НОСЕНИИ свилени пижами никогаш нема да ги облечам...Потпробани шминки,подискористен гел за туширање и најважното од се комплет од јамболии од вујна ми за матура,спаковани се за во чејзо,само уште мажот да се пронајди!