Славев 16ти или 17ти роденден неможам да се сетам точно у кафич со еден другар и ми дојде некој дечко што прват го гледав у живот али се знаеше со другар ми, и ми донесе поклон играчка крава од оние гумените. Незнаев како да реагирам сите пагаа у несвес од смеа
Сите пижами на баба ми. Не дека беа лоши, него дека немав 72 години и на робија па да ги носам, со тие копчињата и со отворот за брзо мочање што никад не сум го разбирал.
Колекција за тело со мирис на роза. Воопшто не сакам парфеми или млеко за тело со мирис на роза. Кога млекото за тело ке го нанесев на кожа после некое време почнуваше чудно да мириса и не го користев повеќе.
За матура 5-6 пара пиџами, ете најмногу мразам.....И братучедка прва исто за матура дезедоранс таков на прскање а знае дека сум алергична(се ифрлам) од тие на прскање, само ролон си користам Другата братучедка не ми ни дојде и цела година ме убедуваше дека ќе ми даде пари и ќе ми купи нешто и ете година и пол, ништо...хахахахахах Исто како помала се нервирав од рамките за слики и парфемите од кај кинезине.. Исто за последниов роденден другарка ми донесе(ептен добра) такво едно не знам ни како се вика споено горен и долен дел на рамки нагоре, свилено, 5 броја поголемо, дека она е поголема, па ваљда некој и го поклонил, ама со етикета беше барем Само се чудев дали е пиџама и мажот на братучедка ми пред ја да прашам убава пиџама и оваа коа се наљути не е тоа пиџама, за секој ден е....хахаххахахах врв!!!!
ЗА МЕНЕ НЕ ПОСТОИ ПРОМАШЕН ПОДАРОК !!!!! СИТЕ СЕ ЖАЛИТЕ ОВОЈ ВИ ДОНЕЛ ОВА ОНА И НЕ ВИ СЕ ДОПАЃА , А ВИЕ ЗА ТОА ГИ ВИКАТЕ ? ЗА ДА ВИ ДОНЕСАТ НЕШТО ? ЦЦЦ ПА И МАСТИКА ДА Е ОД СРЦЕ НЕКА Е.НЕМА ПРОМАШЕН ПОКЛОН
ББ крема , одличен бренд, а од особа што и не ми е така блиска па да се засекира за мене и моето лице, па да ми одбере квалитетна ББ крема, и нешто не ми беше јасно тука. Го гледам рокот се е ок, си викам ај ќе ја пробам ќе видам. Ставам утредента, што да видам ... Нијансата ко за црнец, најтемната можна што постои, да ја бараш нема да ја најдеш.. Како со ќумур да сум се мачкала, се гледа лицето мазно, ефектот одличен, кремата е добра по состав и квалитетна, ама нијанса ќумур. Кај на нашла јас не знам, во Африка изгледа, тука не ни носат толку темни нијанси, нема побарувачка за такви. И така стои дома сега, пробав нешто како руменило потемно само на образи да нанесувам, како бронзер, ама не стои, не е тоа тоа. Уште еден доказ дека пудри и слична препаративна козметика, што си има одредени специфики за да си ја погодиш, не се носи како поклон, освен ако не знаеш некој што користи па да го спасиш, само да не си купува. Ај ако се омажам за црнец, па излезе некое чоколадно девојченце, на ќерка ми ќе и ја чувам . Само мора да побрзам со тоа, оти рокот на траење и е уште две години од сега
Јас секакви подароци ценам, али кога праев 14 години ми донесоја како поклон кукла . Не ми се веруваше на тоа шо го гледав, али тоа е тоа....
Најпромашениот подарок ми беше за матура од едни пријатели на моите. Ми донесоа една ташна црвена, обична со патент и огледалце во неа, повеќе личеше на несесер отколку ташна. Немав коментар кога ја видов и одма и ја дадов на баба ми да си ги чува апчињата во неа. Друг промашен подарок ми беше лани кога дипломирав. Од тетка ми добив еден зелен светкав чаршаф на кој имаше мали ѕвездички и happy new year напишано.
Најпромашен подарок ми беше лани за роденденот мој од едно девојче од клас добив една вазна со пеперутки и цвеќиња и бои за ја да си ја обојам.Одма и ја дадов на помалата братучедка.Нека се радува барем
Jас никогаш не реагирам бурно во стилот на "леле колку е супер" или нешто слично, туку наjљубезно благодарам и толку.. Е сега, наjпромашен подарок - ги имало многу, што од блиски другарки од основно, па и подоцна од разни луѓе кои што не толку добро ме знаат. Ќе напишам за последниот промашен поклон. Перд некоj ден, за роденден од свекрва ми добив фустан коj што за ништо на свктов не би го облекла дури ни да видам како ми стои, а не па да излезам некаде ) е сега жената знае какви работи jас носам, ама тоа го имала купено (нов беше секако ) и ми го даде.. Ми подари уште еден фустан (jас имам таков, само друга боjа) .. Но искрено, најважно ми е вниманието, честитките и желбите упатени на моjа сметка.. Зарем има подобар подарок од ова?
Речиси Сите парфеми кои сум ги добила на поклон биле со промашен мирис и зато јас одбегнувам да подарувам парфем
Искрено да ви кажам не знам ни како се најдов во темава, затоа што не сакам да се жалам и такви работи, ама ајде кога веќе сум тука да си кажам што си имам да си кажам. Имало и убави и неубави поклони, и погодени и непогодени, ама никогаш не сум наоѓала маани и не сум протестирала во стилот„Леле, погрд не сте можеле да одберете..“ или „Ич не е убав“, сепак,како рекле, на поклонет коњ забите не му се гледаат. Ми текнува еднаш кога добив ташниче за телефон, како подарок за роденден,но не ми се допадна. Сепак, културно си реков “фала“ и си го земав.
Најпромашен поклон ми се памтам од една другарка рамка за слика.Ми се собираа толку многу мислам продавница можев да отворам.
Блуза со пердувчиња, зајачиња, пеперутки од една моја школска.. ниту еднаш не ја облеков.. розеви патики од татко ми за роденден