Танга во 5то одделение(од пријателката на мајка ми-возрасна жена е бе) ..и лани долна облека од другарките(кои знаат дека моите имаат ланец продавници за долна облека)
Ехе.... милион и еден промашен поклон Требаше летово да идеме на крштевка со дечко ми кај негов роднина, мање више важно.... И татко му да ми купил фустан без јас да знам.... И доаѓа дечко ми ми го ниси и јас Викам ова не го облакам ллелеле хахаха, фустанов крем боја, свечен, со ружа под града, на фалти, долг до над колена...Ок, за 30годишна озб СУПЕР Е! Ама јас имам 20че, башка и не е мој стил Ама ајде, за да му го направам ќеифот, го облеков ... И секогаш пред да дојде дечко ми, вика татко ми отиде по поклони а јас НЕЕЕЕЕ!!! Значи тој човек ПРЕМНОГУ ПАРИ фрла по поклони, ама сиротиот НИКОГАШ не ми го погодува ...А дечко ми кога е расположен да ми купи поклон(најчесто облека ми поклонува) ќе ме фати под рака, и јас сама си избирам! Зашто тој ко што би можел да ми го утне поклонот, НИКОЈ ДРУГ Еве и пример од него.. Оноа магнетноно за на фрижидер, ко папучка нешто! Хахаха...и најпоследниот баклава и 2 ЧАШИ ЗА ВОДА од оние стаклените(ова изгледа после благото, да згаснам жед)
Хајди, се пресмеав за комбето А сега ми текна кој е најлошиот подарок што сум го добила- тоа беа едно ланче на кое му поминала модата пред 3 години и обетки кои беа сосема различни од ланчето ( не беа комплет) и на нив имаше ВЛАКНО Се гледаше дека девојката планирала да си ја исчисти непотребната бижутерија и решила да ми ја подари мене.
Стандард - рамки за слики, албуми, искршени часовници, дезодоранси и парфеми што на ништо асално не мирисаат... Секогаш сите роднини и пријатели ми промашувале подароци, освен едни пријатели на моите родители - жената секогаш се трудеше и најоригинални подароци ми носеше. Повеќе ценам кога некој ќе ми даде или пари или некое чоколадо одколку некоја рамка купена колку да се рече. Книги исто така би се радувала да добијам, иако до сега немам добиено ниту една. Кога купувам подарок за некоја не толку важна личност, купувам или чоколадо, или некој парфем/ дезодоранс што знам дека би се допаднал на личноста. СЕКОГАШ ако купувам за машко парфем, прашувам некој другар за мислење. За поблиски личности, повеќе се замарам додека не смислам совршен подарок.
Баба ми 90 проценти од кога сум жива ми носи промашени и кичести подароци.Се труди жената,ама ете има некој чуден вкус на бирање на подароци,а јас секогаш правев досега воодушевена фаца...Ми има донесено комплетче кај мало па и ужасно-црвена сукња со карирано елеченце и кошулка,карирани три четврт панталони кои биле нејзини порано,бела маичка со жолта пеперутка до под гради Врв беше пред некој ден...Отидов да ја видам и ми вика: "Бабе,ела да ти покажам еден фустан,уште кога бев млада дедо ти ми го купи од Солун,ама го немам облечено и етикетата стои,такви се носат сега" ... И кога ќе видам,долг розев со монистри и светкави чуда.И јас само вака многу ми се допаѓа бабо,па го зедов.Мама го виде и ми вика,овој за маскенбал ти го даде?Хахаха Еднаш добив макс флипс смоки и банџи чоколада во обична розева најлонска кеса.Имам добиено еден огромен ружасто розев грд парфем исто така од баба ми.Елена дезодоранс,а тие мирисаат ужасно.Бонбониера со поминат рок.. Во шесто одделение имав покането на роденден неколку машки од мојот клас што ми купија верувале или не морска сол и во книвче од кондом ми ставиле 300 денари.
Најпромашениот подарок кој сте го добиле? можам да напишам цела тетратка за најпромашени подароци, не знам зошто но никако да ми го погодат подарокот. Најпромашениот и најужасниот подарок ми беше за веридбата- Тенџере , и тоа не од било кој туку од моите другарки, толку се навредив што до ден денес им го зборувам тоа . Се мислеле дали долен веш или тенџере бидејки знаат дека сум лубител на долниот веш но им паднало страм и ми купиле тенџере, секаде ги кажувам и сите се смеат
Тотално изумив на некои гламурозни подарочиња (толку биле добри, што сум се потрудила длабоко да ги сокријам во меморијата). Албум од Панини со Дизни принцези и 5 такви со сликички (објаснување - нели многу го сакаше Пепелашка цртанот како мала? WTF?!!!) Кутија за телевизор од оние старинските, ОГРОМНИ, убаво завиткана, а внатре на дното едно бугарско бонбонче - лукчета! CD со OST од Lord of the rings. А сите знаат дека воопшто не го сакам филмот. (веројатно дополнително да ме изнервираат и накурчат). Чадор со уши. Добро, колку годинки имам - 5? Го отвараш и оп - ушиња излегуваат на чадоров. Боже, прости им, не знаат што прават. А инаку, најпромашен подарок кој јас сум го однела, ама толку ми штракал паметот беше едно ангелче од гипс за на ѕид, ама бело, значи ниту излакирано, ниту дотерано, апла hand made, ама сиромашно и бедно. Другарка ми уште побетер - обичен камен, плоснат од улица и на него некакви си симболи нацртани со црн маркер - да го штителе од демони и негативни влијанија. Кај истото кутро дете. За ќотек сме биле
Нај нај нај нај глупавиот што го добив беше од моја многу блиска другарка, која ми донесе мало перниче во вид на сонце и жолто-зелена-розева кофичка-саат-ламба----три во едно и тоа за 19 роденден. И плус сега за веридбата од другарките (по моја желба) добив многу никаков блендер, најверојатно јас лошо се изразив каков блендер сакам, ма требаше јас да си го одберам. Ниту се пасира храна со блендеров, има само мали перки за сечење, за ништо не го бива ист ваков, со такви мизерни сечила, без додатоци. И плус за да почне да работи, мораш да му го најдеш вистинското место на капачето одозгора што е
Јас ова морав да го додадам,не знам како сум можела да не го напишам. Па, две леви топлинки и тоа едната поголема, а другата помала за некој од првите родендени малку ли е? И тоа од бабичка (на тато мајка му). Абе како може да се биде толку недоснован и во продавница да не се види што ќе ти стават во кутијата, мене не ми е јасно .Битно да се помине од ред. Леле, овие од на татко ми фамилијата се такви фестивалци значи, посебно бабата и тетката, тоа не се опишува
Мене сега ми текна од едни пријатели за два последователни родендени добив ист поклон. Комплет бициклистички и маичка, само различна боја
од грди рамки за слики, одвратни парфеми, пижами скинати уште на првото перење, украси што да ти кажам...ама искрено најмногу сум навредена, баш навредена од две мои најблиски другарки-едната за матура ми донесе едни буквално бедни менѓуши што мислам не вредат повеќе од 20денари.поубаво ќе беше една обична ружа да ми донесеше.и другиот е од последниот роденден,другарка ми ми купила еден прстен во форма на змија од одмор и уште ми најавуваше леле што сум ти купила.а мене многу ми се свиѓаше еден прстен со змија од мисаки и не знам како можеше да ги спореди тие два, па уште така помпезно да ми најавува.е искрено, кога блиска другарка ќе ми купи поклон за кој не се ни потрудила,сум навредена.секогаш за другарки гледам да им е корисно и по вкус,па јас ако не знам што сака кој ќе знае.ако немаш време или пари да купиш ќе се извиниш, ќе кажеш дека ќе подариш покасно,никој не те фаќа за врат.ама тоа е
Jaс па не памтам нешто ептееееееен да ми е утнато. Ми се случувало мало, големо, неубаво јас културно си прашувам од кај е и си го враќам си зимам друго од продавница. Не ми е срам да му кажам дека не е убаво, секако не на секој тоа. Ако нешто не ми е убаво посебно украс го ставам во плакар и чека некој роденден кај ќе сме поканети и знаеме да го однесеме со мајка ми, ама пак жал ми е. Тоа ретко се случува. И да ми донел грд подарок пак ќе вратам со убав. Неможам да му купам без везе нешо. Мене ме иритира поканети се на роденден 5 дена унапред, не можеле да договорат и купат поклон и донесуваат по 2 месеци поклон. Јас не го почитувам тоа. Денот Д е денот на роденденот. Тогаш се купуваат поклони. Не е битен поклонот во смисла на вредност, битно е да се покаже внимание. Ружа убаво скоцкана е доволна. Иначе другарка лани знае сакам акцесорис кога ископа едни алки со дрееееееееееееч зелена боја. Викам топ топ. Какво топ. На што да носам нешто толку дречливо??? Или украси кои ми личат на ковчези. Ау мразаааааааам! Роднините најчесто пари ми даваат, ценам тоа. Али најјак поклон во основно тетратка, молив и чоколадо од Титово време
се сложувам со сите вас.......но секој има различен вкус и си мисли дека тоа што ке му се допадне нив ке ни се допадне и нас........а во ова време сите гледаат да поминат поевтино и не се замараат со друго....... и јас како вас сум добивала глупави и бескорисни поклони што само ке ми држат место,подобро нека биде некој парфем макар и глупав ке го користам за простории и за WC ,него ли некои други работи што не ке можам ни да ги однесам некаде,кога ми се роди детето најблиските беа викани на крштевка некој од нив ми идеа со алишта од по 100 ден никакви од по кинеските продавници,не верувам дека некој не може барем 300 ден да даде за нешто барем што ке можев да му го облечам
Дефинитивно најпромашен поклон ми бил за еден роденден долен веш маичка и гаќи што ги добив од блиски роднини.Јас имав тогаш 40кг, а бројот што ми го донесоа беше ХХХЛ.И на мајка ми и беа големи па ги фрлив.
мислам дека најпромашени подароци што сум ги добила се детска касичка за пари на мои 19 години комплет од маичка и панталони модел како шалвари во жолто-златна боја!кога ги облеков личев на аладин , бижутерија во сите бои на виножитото-иако ги има сите бои никако да го искомбинирам со нешто...и една саксија со цвеќе ама цвеќето замислете си го како некоја алга во саксија
најпромаршен подарок... хмммм имам голем избор тешко ми е да се одлучам за кој да кажам ама ај ќе одвојам неколку * за матурата добив шпиц штикли own: .. (ги мразам) * тетками ми поклони маица број XS а носам број M ... (кога ме праша како ми стои искрено си и кажав дека не ме собира) * големи гаќи .. уххх колку се гадни.... (и ги дадов на бабами нека си ги носи)
Не ми текнува на ништо стрикно, ама морам да ја „пофалам“ кума ми во овој поглед. Абе жената како да има дарба за промашени подароци да купува. Стварно можда се труди, ама стално ми носи нешто кое никогаш не би го облекла (стално облека ми купува). Абе чист промашај!
хмм, па мене и ми немаат згрешено подарок до сега, посебно тетките, секогаш, ама баш секогаш ми носеа нешто од што којзнае колку време не сум се одделувала(посебно како дете ) инаку вака да се посмеете Spoiler тетка ми има една голема книга во која си има запишано кој што и дал за свадбата, и тие што и дале лош подарок си добиваат лош подарок, што и го дал некој друг , а за другите што и го погодиле, посебно се труди да им го пронајде вистинскиот...па да ви кажам и во право е, некој тебе ти купил подарок колку да се речи т.н. на бавтана, а ти за нив да си губиш време и пари, што си заслужил тоа ќе си добиеш ама сум се смеела кога ми кажуваше
Хахаааа, тетка ти црн тефтер води Немој некој да и го утнал поклонот , одма у црна книга влага. за тетка ти .
па во глобала подароците што ги добивам ми ги погодувале, бидејки не правам некои си огромни прослави, туку само оние што ми се блиски другари/другарки и роднини.. другарките ми го знаат вкусот и никогаш не ми утнале.. а роднините вујни тетки стрини секогаш ми давале пари.. ) е имам само една братучедка 2 што никогаш во животот не ми донела убав подарок.. девојчето знае дека мразам црвена боја, и 100 пати ми има донесено нешто црвено, не е важно јас што ја мразам таа боја, неа и е омилена..