Уф уф уф .... ќе се изедам што ќе го напишам ова Кутриот мој пекмез берел пари цела недела за да уплати во мое име на игра кој ја тој ја сака а е извор на сите наши невољи и недоразбирања. И додека јас се спремам да му пишам реферат со псовки на креаторот тој да уплати Искрено, ја играв еден период, дали за да разберам што е тоа што толку го фасцинира во врска со неа или пак од досада, ама да ја сакам - никако. Пожртвуваноста - неопислива, наместо да го направи тоа за себеси и да биде всушност од некаква вредност ( барем за него ! ) , тој го направи тоа за мене. Тоа е голем гест, настрана од тоа што ја мразам играва. Намерата не е промашена, проба да ме усреќи со нешто што него би го усреќило. Тој така ја разбира моменталната среќа, барем за сега. И тоа е повеќе од доволно. Ама е, промашено.
Најпромашен (не) подарок е од една блиска пријателка на моите која ми дојде и на 18 роденден и на матура и ми реч, само да земам плата за некој ден и ќе ти купам нешто извини сега немам. Нормално не ми смета, али никогаш не ми донесе ништо, ма да за матурата више не ни очекував. Мислам ок барем чоколадо донеси не иде со празни раце.. Али ај
А и најпромашен дефинтивно, со дечко ми на забар бевме и таа вика леле што имам едни менѓуши баш како за тебе, и ми ги дава дрвени, розев квадрат некои 7-8цм болем а во него мал жолт квадрат. Ја онака ја гледам доообро, а прв пат ме гледа женава и ми ги дава. Ми вика да си ги носиш обавезно. И јас еве ко луда ги носам
Цел плакар промашени поклони имам. Поштувам секој што се потрудил и мислел на мене, ама кога не ми оди да ги носам, неможам. Најутнати подароци ми се од сестре му на мм . Срам ме фаќа веќе, стално и викам да не ми купува ништо, ама она упорно и упорно ми купува утнати подароци. И велам не се троши несакам ништо, а ако веќе си запнала да ми купиш, купи ми цвеќе или нешто благо. Она не та не. Можеби 3 ташни утка ми стојат во плакар, среќа некои и ги давам на мајка ми, па така не седат џабе. Проблем е тоа што сестра му на мм е повозрасна ( постара е од мене скоро 12 години) и она си има малку посериозен стил на облека и додатоци. Јас сум по спортски тип и воопшто неможам да се усогласам со нејзините подароци.
Една рамка за слика од другарките ,толку беше едноставна со едноставно дрво направена,божее а какви рамки има се захвалив нормално ,ама по мерак јок
Лани добив еден поклон за роденден една блуза од една личност да не ја коментирам која е и што е зошто е небитна. Добив една блуза ма што да ви раскажувам. Целата со чипка и со шљлокици така и ми вика личноста ај оваа на работа ќе си ја носиш, и јас бев прашалници целата. Боже Боже си реков ајде се потрудила женава да купи нешто фала и на тоа, но барем ми го знае стилот кој ми е и каков ми е и дека работам во државна институција и тоа знае. Ама ај... нит ја облеков нит ништо.
Најпромашен поклон го добив како помала.И замислете што добив.....портокаловата блуза по кратки на која имаше една пеперутка ама ваљда од перење па сликата излуштена сето тоа во кутија од патики и внатре едно лижавче и вештачки нокти И уште незнам кој тоа ми го дадеuh:
Леле, ме пукнавте пд смеење. Јас не го славам роденденот секогаш, т.е дали 4 пати го имам славено и сѐ ми беа супер подароците.
Алишта (од роднини се разбира) за пребирлива, сум, ама овие посебно беа шарени-шарени-шарени фустани што се претвораа во макси сукњи и + имаа и шљокици на дното... 2 од нив добив Безвезни колекции со дезодоранси и слични работи.
Жолта сатенска кошула,зелена марама од еден глуп материјал што не знам како се вика,шарена маичка што ми беше кратка до градите,чорапи...
Добив зелена блуза,дреч зелена со набори на тоа 3/4 ракавите и со ластици за собирање на страните,доооолга до колена е таква е Сакав да ја фрлам ,но сестра ми ја зема таа ќе ја носела,ја облече еднаш и толку....мистериозно исчезна хахаха
Луѓе јас сум добила поклон кој претходно јас сум го подарила на дотичното лице кое сега мене ми го подарува, а вие тука се жалите за работи што не ви се свиѓаат И покрај тоа што промашено се осетив зашто не и се допаднал поклонот што сум и го дала на другарката и што не се ни потрудила да запамети дека е мој, сепак беше по мој вкус и ми се допадна А тоа што не запаметила чив поклон е, може и боље, да не ме збори вака по форуми дека сум и напраила утка Може не ја погодив темава и ама мора да признаете дека е тапа момент во секој случај. По тапа од промашен поклон
Имало неколку ама последно што го памтам е едно како туника требаше да биде, розево со сите можни бои што постојат, материјал некој како за хулахопки и што е најбитно 2 броја помало од што носам. Си го чувам неколку год веќе и си се смеам кога ќе го видам.
Мојот најпромашен подарок го добив од брат и на мојата (тогаш најдобра) другарка. Дечкото ме симпатизираше. Ме повика другарка ми кај нив на гости и седевме што седевме јас станав да си одам и тој ми вика јас ке те испратам до вратата. ок ме испрати и на излегување ми бутна во раката едно шишенце со наливен парфем без капаче (кој грозно мирисаше) и рече: земи, поклон од мене за тебе за св. Валентин, сестра ми го бираше. Немав време да прашам зошто ми го дава, кога ниту сме заљубени ниту сме во врска, бидејќи татко му излезе надвор. По пат накај дома го фрлив во првата канта што ја сретнав, се почувствував лошо и навредено а и не знаев зошто подарокот кога тој не ми е ништо. Ова е единствениот подарок кој сум го фрлила затоа што воопшто немаше потреба и да ми биде подарен.
За секој роденден,барем последниве 2-3 го добивам истиот промашен подарок.Не можам да носам плетени блузи бидејќи ме пецкаат и исипуваат,а личноста постојано ми подарува за роденден од плетените блузи.А за промена оваа година ми даде плетена блуза, но кај едната ци**а оооогромен плетен цвет а знае дека не можам да носам плетено,а посебно па не со такви цветови.Свашта