најпромаршен па можеби едно 2-3 пати по ред истото девојче ми носи машки парфем барем и убаво да мирисаа
У глобала задоволна сум од сите подароци што сум ги добила, но еден бугарски парфем отров и ланче и обетки "комплет" ко за баба ми уште се чудам како можеле да ми ги изберат????
Па незнам дали ова спаѓа во промашен : Тоа беше одамна кога имав 7год. и отидов кај другарка на нејзин 8ми роденден (Август) и и' однесов шоља (и едно чоколадо,не е битно ) и потоа во Декември на мојот 8ми роденден ми ја донесе истата шоља. Сум се утепала од плачење
Маица - која покрај што не ми се допаѓаше моделот беше огромна ама баш огромна.А јас инаку сум баш ниска и слаба.Можеби ќе ја носам кога ќе бидам трудна, и тоа во 9 месец. И тоа од другарки. Стварно се чудам ако не можеле ништо поубаво да купат па барем величината да ми одговараше. Сигурно не мислеа дека ќе ми е таман.
за роденден на едно девојче јас и однесов подарок како ланче беше во кесичка.. и за мојот роденден таа ми го донесе истото со истата кеса заборавила јас тоа и го дадов и ми го донесе мене требаше јас да и го однесам за другиот роденден
Ми поклонија едни тренерки шо беа 2-3 броја помали и плус имаа дупка меѓу нозе Најтрагичното беше шо поклонот ми го подари личност шо ми е ептен блиска роднина и ме гледаше секоја ден.
за роденден најпронашен подарок се сеќавам кој сум го добила беше копмлет тексас фармерки и палто кои ми беа премногуу мали ...
пред 3 години блиска другарка ми подари секојдневни влошки отворени и јас ни шест ни пет и викам аа па не си требала да се трошиш оти ја ги имам истите и вадам кутијата од куфер оти бев во нејзината држава и и ги покажувам и она ваква вика ааааааааа ама мн се убави и удобни јас скоро ги купив и ја викам знам одамна ги користам. и после земав ги фрлив
Пρијателκа на мајκа ми и ќеρκа и нејзина учеше со мене ама воопшто не се дρужевме и многу ме неρвиρаше, ми подаρија една убавκа блуза беше и ми ρеκоа да ја пρобам да видат κаκо ќе ми стои. Јас ја облеκувам мајκа ми виκа мала ти е се гледа ќе ти пуκне и јас ја облаκам и таа, ми пуκна! Очигледно κога ми ја κупувале меρеле по девојчево ама мозоκ у глава јас од девојчево бев 5 глави повисоκа, т.е она беше многу нисκа и набиена и не личеше на возρаста κоја ја има. Иаκо тоа беше многу одамна се сеќавам κолκу се ρазочаρав, многу ми се свиѓаше блузата.
На 13 години некој во кесето ми ставил тампони. Незнам дали беше намерно или не, јас не знаев што е тоа. Кога и ги покажував на мајка ми подароците, таа кога го виде ни збор не кажа, веднаш ги фрли.
хахаха се изнасмеав мене најужасен подарок ми беа тетратките и моливите од по 10 ден за роденден кога бев помала секако а и еден машки парфем кој ми го подари партнерот за полуматура
Мене и не ми е толку важен подарокот од проста прчина што некој некогаш навистина не е во можност да купи којзнае што. На пример знам по себе. Некогаш ете немам доволно пари во мене за на другарка да и купам подарок а и моите може немаат во моментот и не ми е пријатно да им барам па затоа во класот си направивиме договор никоја не прави големи забави освен ако не сака во слаткара и за секоја другарка се собираат пари се договараме и и купуваме нешто по нејзин вкус што и треба и ќе си го искорсити. Мислам во секој случај подобро ем поефтино испаѓа. А за јас сама или секој сам да одвои пари за да купи нешто посебно треба најмалку 200 денари. Некој имал некој немал затоа собереме одредена сума и купиме најубаво така. Инаку не гледам кој колку донел и како донел ама најчудно ми беше кога во 5 одделение девојчето што ја знам од забавиште што ми е комшика се заедно од школо на школо во школо се заедно и за роденден дојде со нејзината помала сестричка и ми донесоа еден лак и еден кармин. Кармин на дете од 5 одделение мислам ајде за лакот барем бојата да ја погодеше знаеше дека сакам нежни бои а таа кафеава како црна со светки а лакот и ден денес го чувам. Исто така во 8 одделение сокласничка исто така и роднина малку подалечна дојде со едно незнам како се викаат сеа тие животни што се влечат заборавив ете такво мече плаво а истото го имам видено кај неа во соба на телевизор башка имаше некој чуден мирис незнам ни јас каков. И од тогаш не го славам роденденот дома не правам забави само со школските може така. А најсмешно ми беше кога за мојот 15 роденден мојот помал брат ми купил телетабиси играчки и едно пенкало. хаххаха смешно ама сеуште си ги чувам телетабисите сепак подарок се од брат ми душичка мала