па мене не ми имаат дадено некој лош поклон, но на другарка ми за роденден некој и дал машки дезодоранс за под пазуви.
а да ми текна.... еднаш со еден другар се скарав и овој за роденден ми донесе една неквалитетна тетратка спакована (мислам со полат алендар од некоја турска серија што беше) се отепав од смеење
Мене ми донесоа бонмоњера отворена со само останато уште 7-8 чоколатца дома со мојте кога видовме се 'згазивме' од смеење
До сега го имав добиено најужасниот подарок. Од блиска другарка. Износена блуза на кратки ракави и само едвај овие двете близначки ми ги собираше горе(не ми се ептен големи). Со гол стомак блуза а роденденот ми е во септември. Ајде нека, ама како ужасно мирисаше на пот барем да ја запереше малку. И ја дадов на мајками да си бриша прашина. Многу ми е жал,ќе си ја доносеше да и останеше дома во скафот.
-Блуза по кратки ракави која грозно мирисаше. (Подобро без поклон да дојдеше, отколку ѓубре да ми носи.) -И друг поклон од друга другарка: полупотрошен дезодоранс. Па добро бе како не ви е срам да дојдете со такви подароци, едно чоколадо донесете или подобро немора ништо да носите.
Машки пижами, машка блуза и чорапи со Спајдермен се тоа завиткано во портокалово ќесе......Кога го отворив е ваква бев
Во принцип мислам дека нема лош поклон, кога веќе некој се потрудил да ми купи нешто и да не ми е по кеиф сепак сум благодарна. Имам една комшика која очигледно ме заменила со некоја друга и постојано ми носи работи кои се на база на лаванда а мене мирисот на лаванда ми е одвратен, жената е постара и никогаш не сум и рекла дека мирисот на лаванда ми е одвратен, и се заблагодарувам на подарокот и го давам на некој друг. Нејзе и е тоа начин да ми се оддолжи за тоа дека и пазарам, некогаш ја носам на лекар и не сакам да и ги повредувам чувствата дека не ми се допаѓа подарокот кој ми го носи. Како и на секоја лага така и на оваа секогаш има крај, пред некој ден мм не сакајќи ме издадебеше комшиката дојдена ми имаше дадено млеко за тело на база на лаванда и мм пред неа ми вика па нели ти е одвратен мирисот на лаванда. Колку глупо ми падна пред жената, ептен се засрамив дека ја лажев толку време.
Леле вака кога ја читам темава, просто се чудам како може да постојат луѓе што подаруваат отворени и изедени бомбоњери, носени и испотени блузи, користени стикови... Тука веќе не се работи за тоа дека треба да бидеш благодарен што ѝ да ти подарат. Мене ова ми е крајно понижувачки. Досега не сум добила некој таков поклон, можеби не ми бил по вкус, ама отворено, користено, носено - никогаш.
Обетки. Не дека не се убави, но ене ги неколку пара кои сеуште не сум ги ни ставила бидејќи се премногу наџинџани и свечени, а јас всушност и не сум љубител на обетки, си имам едни златни кои не ги менувам. А башка, еден пар од нив се розови и притоа едната обетка е потемна од другата.
Ташниче/куферче/каса и тој што го измислил не знае што е. Лаковано, виолетово, безврска. Илјадарче па купи си сама што сакаш (од дечко и поклон демек) Екстаза стаена у кутивче за прстен ( ова као еј те запросуам, еј ај не, еве ти, боље издрогирај се, страва) Кутија цигари. Ретко кој ми погодил поклон, ама сепак сум благодарна што некој се потрудил, сакал и ми дал.
Досега баш и немам некој најпромашен како што читав погоре. Одбирање подарок ми е нешто најтешко, без разлика за кој е. Можеби е еден парфем кои го добив пред скоро две години и одвај два пати ако сум флитнала до сега. Не ми се допага, има некој јак мирис и едноставно не е на мојот стил парфеми. Единствено тоа досега бар што можам да се сетам. Се надевам дека понатаму ќе нема полошо...
Конкретно за мене промашен подарок не постои. Секој што ми подарил по нешто јас сум благодарна за тоа внимание, а дали ми се допаѓа на мене или не и дали јас ќе го користам или не тоа е мое право и вкус. Никогаш не би се дразнала да замерувам и загледувам на било каков подарок, оној кој го подарил можеби толку можел и имал свој вкус на бирање, јас тоа го почитувам.
Бањарки. Од разни роднини и пријатели и за разни прилики, ама ги имам толку многу што можам продавница да отворам.
Рамки за слики, и не само во основно, ми ги имаат носено и во средно.. Никогаш нема да заборава кога во 3 година средно ми донесоа рамка за слика од тие со златна боја и неопишлив облик, со некои си искривени линии , подобро не ми носи ништо отколку вака.
јас обично сум многу благодарна, но се сеќавам пред 3години за роденден, стрина ми за на поклон ми носи шал ама бојата му беше како на пролив, абе не знаев дали фала да и речам или да и речам кај ја најде бојава. јас сакам посветли бои ама веќе аман господе и ајде и велам фала ама тој џемперот не го облеков некогаш го фрлив онака за џабе
Машки дезодоранс, наместо женски, овој црвен и на женски и заличел на една другарка, имам добиено и потпотрошен дезодоранс, чоколада со поминат рок, хеланки малечки не ми чинеа... аххахаха
Тоа е случај со тоа девојче не СИТЕ сме исти... не треба да се ставаат у ист ќош сите со славеничката.. она ако славела роденден за подароци ондак боље парите кои ги потрошила дома за јадење, пиење да одела да си купи што и треба... глупости...Се сложувам со Crimson во секој збор