Го ценам секој подарок, иако реално никој не може да ми го погоди. Едно од што не ме познаваат, друго од неизаинтересираност да го погодат. Јас сум повеќе за јас да купувам поклони
Од другарка добив бел лист хартија, а на него ''мој'' портрет. Ужас. Па уште се пофали дека сама го цртала. Да биде уште потрагично, го залепила на картон и го обложила со розев селотејп. Не беше шега, ниту пак обид за потсмев. И знам дека финансиски е стабилна, не беа во случајот проблем парите. Полнев дваесет години тогаш...
Извини ама не знам што му фалело на подарокот, некој се потрудил сам да ти изработи нешто а тебе не ти се допаднало, не знам зошто?. Барем вложила труд и време во тоа, а не го купила само колку да се рече.
Немам добиено подарок што бил промашен, може да биде некој подарок кој не е нешто посебно, но фактот дека некој се сетил на мене дека постојам и ми купил нешто па макар и чоколатце од 10 денари би била благодарна
Јас на дечко ми за роденден му нацртав портрет и беше пресреќен. Девојко ти не знаеш најверојатно да го цениш она вистинското. Да, другарка ти можела да ти купи се што ќе посакаш и што е во можност да ти купи ама ало брее се потрудила да те нацрта!!! Некој вложил труд во тоа, а не пари. Некој сакал да ти направи внатрешно задоволство, а не материјално!!! Ама тоа е на денешницава се цени материјалното богатство не си ти крива за тоа, такво ни е општеството
Оф еден тон. Далеку од тоа дека не ценам подарок. Секогаш кога ќе сум добиела нешто им се заблагодарувам на луѓето небаре кола ми купиле. Мене ми е значајно вниманието и поклонот. Тоа што се сетиле, размислиле што сакам. Но, кога ќе се присетам вака, некако најинтересни ми се: - за матура- перниче мало за надувување во вода, торба за на плажа ама ептен од оние како најлон што се а за матура е поклон (искрено не мораа ништо да ми носат, бидејќи знам дека добро стојат финансиски, да не речам 3 пати повеќе од нас, и баш ме изненадија) - за дипломирање - книга за коли! За ова се надевам дека е грешка некоја. - за роденден - потрошен дезодоранс, обетки едни огромни од на времето, а јас ситна малечка и тоа некој чуди огромни обетки, за 23ти роденден од добра другарка добив крпа за тело со Брац мислам беше, од еден школски за 18ти роденден ми донесе кондоми, а најјак подарок е од братучед ми, за дипломирање ми донесе тегла ајвар и тегли со слатко и порака: За кога ќе се мажиш да знаеш каков е вкусот на ајвар и слатко за кога ќе го правеш.
Најдобрите другарки, што којзнае колку пари фрлив на нивните родендени за да имаат совршени (и нималку ефтини) поклони: 1. Искористена Рексона, марама која потоа ја видов на слика кај нив во соба, чешел на која едната се имаше потпишано со молив па им текнало да забришат ама недоволно 2. Наредната година си добив ужасна вазна, а најужасниот дел е што внатре беше скапана и полна со земја и не знам уште што 3. Книги што им ги давале, со посвета за нив напишана внатре... и уште мнооогу други бисери Не сум материјалист, ама од толку блиски луѓе дури и ме боли колку не се замараат и им е гајле за глупостите што ги даваат.
некако на 90 посто не им се битни поклоните доволен е гестот ама некако сите знаете кој колку е финансиски моќен и способен да ви купи поексклузивен поклон. Онака не дека се љутиме ама има пари нека не ми штеди на поклон. Малце неблагорадно ако каните гости на роденден или било каква прослава колку да се офајдите со поклони. Јас во последно време немам многу промашени поклони,можеби лани за дипломска коа добив од тетка ми џемперче едно кое баш и не ми беше по кејф па го дадов после тоа на ќерката на колешка моја. Во принцип промашени поклони имам само кога станува збор за облека која најчесто ми е голема,ама па и на нејзе и наогам чаре со тоа што да ја давам на друг. ( да се разбереме како акт на добра воља а не за роденден или друга прослава да ја пренесувам на даље) Често и сум идела и ми иделе на роденден без поклон ,некој пат финансиската ситуација била таква и со другарките никогаш не сме се љутеле ради тоа .Роденден славам зошто сакам тој ден да го поминам со најблиските другарки а не зошто чекам накит од Сваровски да ми донесат. Не го гледам тоа као -ЕЈ ми дошле на гага пиење а ни едно чоколадо не ми донеле, него баш напротив. Сега како сме повозрасни и сами заработуваме можеме да си дозволиме и поскапи поклони иако повторно не претеруваме ,или мегусебно се прашуваме што ни треба или за среќа доволно добро се познаваме па знаеме кој е соодветниот поклон за некоја другарка. За мене можеби најпромашен поклон би бил Вино (бидјеки не пијам вино и скоро сите го знаат тоа) играчки и мечки на овие години ми е смешно да добивам, не сакам прескапи поклони од типот на нови мобилни или апарати бидејки би се осекала должна утре со иста мера да вратам, накит кој тотално не одговара на мојот стил и сл. Но што и да и добијам па и да не добијам,доволно ми е што таа личност решила да биде покрај мене на некој посебен и специјален ден.
Епа Дејзи, има и материјалистки на земјата. Многу повеќе од што сакаме да признаеме. Девојчето чекало Ајфон или некој скап парфем, ама другарката која очигледно баш ја сака како другарка, не ги гледа подароците од типот „што поскапо тоа поубаво“ како нешто значајно, зашто постојано ги добива и мисли дека ваквиот труд многу повеќе ќе ѝ значи на Макрис. Кога еден ден парите нема да ѝ бидат на Макрис во прв план, ќе види колку се ретки оние пријатели кои ќе одвојат повеќе од 5 минути за подарок. Тоа што таа го направила е совршен подарок уствари, ама кој да разбере.
Сакам да се надоврзам на муабетот. Не се контрирам, сосем се согласувам, но сакам и нешто да надополнам. Нема ништо лошо во тоа да се биде материјалист или хедонист. Овие два поими најчесто се резервирани за посебна категорија луѓе - ,,лоши'' луѓе, а тоа не треба да биде така. Живеејќи во материјален свет, е сосем нормално и здраво за една индивидуа да ги сака најдобрите работи за себе. Начинот на којшто се доаѓа до нив е секако веќе прашање од етичка природа. Кога станува збор за подароци, јас лично најмногу ценам сувенири или предмети од рачна изработка. Тоа ми е показател дека некој одвоил време и труд за мене. Освен тоа, сувенирите или рачните изработки се нешто по кое ќе ја паметите личноста која ви ги подарила. Тоа се воедно, симболи на пријателство и топлина. Етерични масла, креативно изработен накит од типот на алки, прстени, ланчиња, ковчежиња за предмети, нежни свилени марами, кристални чаши или кичести стварчиња кои светкаат според мене се вредни подароци со кои никогаш нема да погрешите. Како најпромашен подарок за прослави и слични збиднувања на кои се носи нешто, го сместувам неговото височество - чадор! Моите родители на венчавката добиле ваков подарок. Во еден пакет - вино, бомбоњера и огромен чадор кој верувале или не од најчуден подарок испадна најдобар и најквалитетен, зошто еве веќе цели 20 години не служи, и е сеуште како нов.
Mene svekrvata koja tolku me "saka" mi dala detski farmerki hello kitty za 10 god vozrast. Ccccc Katastrofa nevidena, a ne deka ona gi kupila ( nikogas ne bi potrosila ni denar za mene) , tuku I podaril nekoj na kerka i, I ovaa koga videla kakov podarok e... me viknala mene I veli: zemi si ja ovaa farmerka nova e ke si ja nosis. Da I e prv pat ajj, ama ona se naucila gubreto mesto da go frla mene da mi go dava, ama mi doslo preku glava I I rekov v lice. Jas 10 god devojce li sum sto mi davas ova da oblecam, aj so se hello kitty, tuku I malecki si pisuva deka e za devojce od 10 god. Cccc Porano frli ili zadrzi si za sebe od kolku da mi davas samo gubre, I posle da se falis deka mi davas nesto....
You don`t see the beauty in it? Да, океј, сите сакаат пари за свадба, ама поклонот е генијален зашто има приказна. На пример, одете на пикник и испијте го ова вино, изедете ги овие чоколади, а ако заврне, еве и голем чадор да се скриете. Потоа опиени на истата ливада направете го Nigredo Odor. Мене ми се допаѓа зашто има идеја, има уникатност поклонот. И е крајно романтичен. Како за свадбен поклон, совршено.
Не гледам кој колку и што ќе ми донесе доволно е да ми направи чест.И со чоколадо да дојде не ми смета. Ми се има случено од другарка што веќе долги год не се дружиме да ми донесе ташна што мириса на старо,сенки еднаш поминати со четкичка или стари,парфеми некои од пред 10 год и најако беше маичка ем носена ем шиена кај што имало дупки и лачиња носени. Сето ова не ми пречеше али малце се почуствував чудно,како и да е работите се во канта или дадени на некој
папучи број 35, а носам 38 пижами ххл, а носам с-м маица како за мало детенце (онака детско маиче) суво цвеќе, еднобојно, кафеаво, на суви гранки личеа скршени обетки чоколадо со поминат рок од пред 3 месеци еднаш добив плетено миленце, и ми беше глупо, ама сега многу го ценам тој рачен труд и др. Овие возрасни жени ми ги дале, мислам ради реда беа.
Да се надоврзам сакам. Частев за магистрирање (значи не за роденден туку за постигнување што според мене е високо и за мене многу важно) во кафана. НАЈДОБРАТА другарка ми донесе белегзија дебела колку конец од оние од пред 1000000000 години знајш како златни шо се ама малку влага да го фати станува темно зелено ??? Е такво беееееее, јас се прашував од каде ли го има земено? Појма немам ни кај ми е искрено
Додека како будала купував и се замарав што да купувам да не биде нешто грдо или ептен па евтино,за една другарка купив подарок од 900 ден ланче плус милка голема и цвеќе букет голем а од неа добив ланче од 50 ден ,барем цената да ја шкртнела.Најдобронамерен совет:што Ви носат,тоа носете и Вие!