Не помисли дека можеби другарка ти немала пари во моментот? Битно е вниманието, зарем не? Ние не правиме роденден за да добиеме подароци, туку да го одбележиме денот, а патем да се забавуваме и почастиме луѓето кои ни значат. Да, подарокот многу говори за оној кој го подарува, бидејќи ни дава увид во впечатокот кој таа личност го има стекнато за нас, но понекогаш едноставно се случува да немаш идеја што да подариш, и во тој момент да го купиш она што тебе ти се допаѓа. Не сакам да солам памет, ама размисли дали ти е коректен начинот на размислување. Родендените не се настани на кои подароците треба да бидат скроени според твоите уверувања, (скап + убав подарок). Постои разлика меѓу алтруизам и бизнис..
Не може да немаш пари ако извадиш здрави заби и притоа наредиш импланти од 30.000 има куќа на 3 спрата и што уште не,никогаш не сум гледала на тоа кој колку носи,сепак ги викам другарките за да се видиме,а не за подароците,а и не е некоја сиромашна,ајде да беше сосема е ок,не може ти за некој да носиш толку скапи подароци а истиот да ти враќа со 50 ден.ајде нема врска ,барем цената да не стоеше.
Не мислам така. Во нашата земја живее доста сиромашен народ. За некого тие 50 денари може да биле и последните во џебот.
За некого е широк поим,јас не реков за сите сигурно ако беше сиромашна немаше да се замарам ама ја познавам така да има разлика.
Не паметам да сум добила таков подарок. Се сеќавам само дека за матурската на брат ми близок роднина му донесе златно ланче ама мало и тенко ко за детенце, мене не ме собра, не брат ми. Фала Богу дека на се треба да бидеш благодарен, подарок си е подарок, но ве читам за износени запотени алишта, отворени бомбоњери, стикови не знаев дека тоа постои додека не прочитав. Крајно нехигиенски и понижувачки. Подобро ништо не купувај криза е, се нема. Ама ова ми личи ко шега да си тера некој
За свадбата добив подарок ужасен Дрвен часовик за ѕид. Со чудни декоративни орнаменти. Ама беше жално, бидејќи кога го извадив од кутијата, се распадна Сите делови се откачија. Се гледаше дека го чувале дома, едно добри 20 години, и таман добиле причина да го донесат некаде
За свадба добив огноотпорен сад со росваен капак и послужавник. Се ќе беше супер ако го оставиле и послужавникот,господата си го извадиле ,само ги оставиле капакот и садот Па барем во друга кутија да го ставеле,на таа апла и послужавникот го имаше како комплет со останатите делови. Патем,беше дупли,имаше ист таков поклон ама со послужавник Исто добив комплет стари тањири за пица,да не претерам,ама сигурно 20 години стари,плус пожолтени беа
Пенкало од 1500 денари, и сеуште не ми е јасно зошто. Ќе бев поблагодарна да беше тоа пенкало од 10-20 денари..
Искрено го сметам дури и за навреда промашениот подарок од блиска личност која би требало добро да ме познава и точно да знае што сакам. Има и ситни нешта кои ме прават среќна, се разбира дека тој подарок не треба да е скап. Најпромашен подарок добив од еден поранешен дечко за роденден, некое пазарско парфемче од 20 мл., со некој ужасен теткински мирис на роза. . Кога го отворив и мириснав, сигурна сум дека направив некоја кисела фаца затоа што за малку не се онесвестив. А тој па ме прашува дали ми го погодил подарокот .
Ѕвездести сребрени обетки, кои преливаат на зелено.Како бугарките по тезг што ги продаваат. Блиска пријателка, модерна така, трендовска е. Ама после и' купив скоро исто такво ланче, јер укус. Штом и се бендисало неа, за мене, сигурно и за неа ќе биде. Инаку, ова откако се откажав од погодување поклони и видов дека секој гледа да те помине до кај 100 денари.Епа нема да се акам со денови да барам и да мислам што да земам, да фрлам пари, па и да ги виткам поклоните. Ретко, ретка може да ја почестам, така.
За веридбата добив користен соковник. Поклонот беше од тетка на маж ми (сестра на свекрвата). А кутијата во која беше соковникот беше полуоштетена.
Кога подобро размислив, на листата има уште многу тотално промашени подароци: 1. Како помала, девојче од класот ми дојде со платнен стегач во форма на жабче, имаше и главче и нозе. И воопшто не ја ни држеше косата. 2. Пред 3-4 години на роденденот друштвото (повеќе од 10 луѓе) ми донесоа едно ланче, бижутерија. Ај што беше тотално промашено ок само се прашувам дали за него дале по 10 или по 20 денари. А јас за секој поединечно се замарав по цели денови да најдам соодветен подарок на кој не сум ја гледала цената, важно било да е погоден и славеникот да е задоволен. Е од тогаш и јас сменив политика и почнав да им го земам првото што ќе ми падне пред очи. 3. Тетка ми по не знам кој повод ми донесе лепеза, пазарска од оние со јапонските мотиви. Па згора на се имаше и зелено врвче кое висеше. 4. Братучед со жената ми донесе повторно пазарско комплетче шминки, оние како срциња со капачиња и фиокчиња кои имаат некои дреч сенки, руменила и кармини. Прво и прво во тоа време бев веќе возрасна и вработена и никогаш не би ставила на лице такво чудо со непознат состав а второ шминките беа стари со којзнае од кога поминат рок бидејќи мирисаа ужасно. 5. Врв на се е дреч портокалова јакна која ја добив одамна и не се сеќавам од кој беше. Беше иста како униформа на уличен чистач.
Не дека ми немаат донесено промашен поклон не еднаш сто пати а многу пати и без ништо дошле и на роденден или на шо било и да е.. Јас кутрата да ме грабни чоек некогаш и да не ми кажи зошто јас одам на роденден свадба крштевка со повојница на веридба на честење или било кај и да е три сати шетам да одберам нешто убаво па го паковам и се да биди баш убаво можи нема да ме кошта поклонот шо се вели ни 200 денари ( мада ретко со толку можам да поминам оти паковањето е 80 денари) ама битно и ситница да е сакам да е со внимание и корисна и убава и убаво украсена. а не да дадам глупост. Можи е чудно јас за мене да купувам можи нема да проверам дали е здраво, чисто подскршено ама ко ќе купувам за поклон обавезно проверувам три пати дури и мали кончиња ако видам ги сечам од страв што ми е да не се устрамам.. А МЕНЕ НИКОЈ ТАКВО НИШТО МИ НЕМА ДОНЕСЕНО ДУРИ ИМААТ ЗАБОРАЕНО И СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ДА МИ РЕЧАТ