Менѓуши,а девојчево т.н.другарка знае дека не носам,убави беа тоа да,ама што? А јас па,бирај замарај се а тие ради реда купуваат,памет за др пат
Се ценам. Немам промашен подарок т.е. некој се сетил на мене макар и цвет да е и своерачно изработено,мене ми значи. Ете случка за која се каамЧ Другарка беше во странство 20 дена кај нејзините. А ја тогаш само 600 денари имав. И да ја изненадам онака направив чоколадца со натписи -порачав 580 ден. ми излегоа. Тогаш кога си дојде и ги дадов немаше некаква реакција,освен дека и било криво што дечко и не ја пречекал никако само ја зел од аеродромот. Не и рекол ни добредојде нит ништо. Во пон. ми вели ги фрлив чоколатцата од тебе ги бев заборавила. Е ми стана криво само затоа што последните пари си ги дадов не се многу за некој но мене ми значат не сум многу со примања. Не цени ништо таа. Родителите и праќаат пари таа се расфрла. Епа ...
не секој го приметува тоа. Не ги ценат малите работи. Сакат големо се. Ете за истата другарка сакав да и купам халтери. Но таа сакаше комплет гаќички и градник и пак јас со проблем со парите си додаде 100 ден. Работата беше, тоа што имавме муабет за халтери. Но тоа не е тоа. Штета.
Убаво е да се имаат пари да се изненадуваат блиските но јас немам и не купувам ништо и не можам да промашам.
Не беше толку лош поклонот колку начинот на кој ми беше даден. Кај мене на матура другар ми ми поклони бомбоњера и се беше океј додека не кажа "Ми ја дадоа мене, ама не ми се свиѓаше". И тоа пред сите гости го кажа. Не знам кој требаше да биде повеќе посрамотен во моментов.
За мене нема промашен подарок, сите ги почитувам еднакво. Само што некогаш имаме чуство дека некој сака да не понижи на некој начин со подарокот. Се изначитав на темата се и сешто, носена гардероба, потрошена козметика, чоколади со минати рокови итн итн. Искрено последните години не ми се случило вакво нешто. Ниту некаде сум однела, ниту ми донеле. Кога не знам што да подарам некому, му давам пари. Кај луѓе што не ми се блиски, не се ни појавувам на слави, свадби, родендени итн. А кога ми е некој близок однапред знам кога му е роденден и си планирам за подарок. Оваа година на една другарка навистина немав идеја што да и подарам, па и ја купив омилената милка чоколада и и дадов пари да си ги искористи, зошто знаев дека и се попотребни. Лани на една братучедка не бев во можност да се појавам на роденденот како прво, а како друго не се ни потруди да ми се јави да ме покани туку порачала преку брат ми дека сме на роденден. Сепак и купив подарок и неколку дена подоцна и го дадов, не добив ниту едно фала ниту ништо. За мојот роденден нормално се јавив да ја поканам на кафе, торта (не го славев, само најблиските) таа ниту се појави, ниту ми честита, ниту ништо. Не се проблем парите, се што сум дала со мерак сум дала ама ме навредува кога некој постапува така. Никого не го збогатува одреден подарок или друг да го осиромаши ама ете знак на внимание.
Кога сме кај бомбоњери имам слушнато интересна ситуација, наводно примателите на поклон бомбоњера во едно гратче никогаш не ја отварале да каснат нешто благо него ја чувале за кога ќе дојде нивен ред на одат некаде на некој настан, роденден, именден, дипломирање, слава било што и само ја менувале украсната хартија, да не прават излишни арчови Новите власници на бомбоњерата повторно го правеле истото и таа завршувала кај трети лица кои пак не се замарале ниту да сменат хартија и ја давале понатаму како поклон. После некои единаесет години патување на една иста бомбоњера, некое дете стрвно за благо ја отворило и имало прилика да скрши млечни заби на бомбоните кои веќе биле темелно скаменети Избил скандал и фамилијата која последна ја поклонила бомбоњерата испаднала ваква и онаква
За полуматура од партнерот 2 метри материјал за шиење од оние на пазар по 100 ден парче што не ги бидува ни за чаршав мани тоа зелено и ми рече ке ти се најде за фустанче
Пижами промашени за 2 броја Блуза на кратки ракави исто така промашен број (хаха лоша проценка) Износен накит (ланче и обетки кои беа од бели поцрнети од носење без етикета дека е купено или неупотребено) Чанта внатре извалкана од кармини, сусам имаше и едно окце (црна шнолка) Марама за баба ми веројатно е била наменета Жолт букет пластичен од блиска роднина (незнам дали беше на зафрканција или жената е без вкус) Комбинизон и отидов си го сменив за блуза... знаев од каде е купен стоеше и фискална Сите овие подароци ми се од блиски луѓе, веројатно да видам какви се уствари себични а за нив јас сум одбирала секогаш најубаво и гледам дека им користи или го носат... да не им се допаѓа не би го носеле... Нај јаки поклони што сметам дека не се промашени и добри за зафрканција: Ананас Праска нектаринка ставена во украсно кесенце Пакет млеко 3+1 гратис Јас сум тип кој ги цени креативните подароци, тоа е нешто што ќе се памети.
Јас знам за некакви германски марки кои со години шетале во бонбониера низ мкд. Биле вметнати како изненадување за доктор од благодарен пациент, ама завршиле на друго место.
Јас ги ценам сите подароци подеднакво. Кој колку можности имал толку, битно е вниманието. Човекот што ти дошол ти прави чест. Некој можеби и последните пари си ги има дадено за да ти купи нешто. Се имам најдено во една многу непријатна ситуација кај другар на роденден. Тогаш немавме повеќе од 13 години, уште одевме во основно. Собравме сите другарки, од секоја по околу 150 денари, ги ставивме во плик и тоа му го однесовме. Не бевме во можност за повеќе. И сега детето отиде на страна и си ги разгледа сите подароци. Другари негови кои финансиски многу добро стојат, му беа однеле многу скап комплет. Леле луѓе откако се врати на маса цело време велеше " Петко да ти ставам уште пица ? " " Трајко сакаш да ти нарачам уште еден пијалок ?" " Славко се најаде ? " И овие му велат да не се секира дека им е добро. А тој " А како така вие каков скап подарок ми купивте ајде јадете ќе нарачам уште за вас " Другите како да не постоиме скоро и да не погледнуваше накај нас. Цело време зборуваше за скапиот подарок што ми го донеле и им ставаше храна во чинијата. Поседов од култура, но не ја дојадов храната која ми беше ставена во чинија. Одвај дочекав да си одиме.
Еден парфем што така одвратно мирисаше, и го давав на баба ми и таа не го сакаше. Кога се сетам на мирисот ми доаѓа да
Скоро добив поклон со тоа што личноста што ми го подари 100% знаеше дека имам исто такво дома. Уште не ми е јасно.
Искрено немам проблем со поклони какви и да ми подарат,ама парфем не сакам да ми подаруваат Освен ако знаат дека ми е омилен па да ми купат дупло шише Сега маж ми ми имаше купено парфем од Елизабет Тејлор,уште ко ја видов паковката ми текна да и го пуштам на мајка ми
Свекрва ми секој пат кога ми подарува нешто ми вели дека не ѝ се допаѓа, па затоа ми го подарува. Прво ми беше чудно и се чувствував неубаво поради тоа, ама после почнав и јас така да ѝ правам и плус да се зафркавам на нејзина сметка за тоа. Други промашени подароци имало многу, де од роднини, пријатели, не битно, им благодарам што помислиле на мене. Но, се приметува кога некој се потрудил, а се приметува кога е само ради реда. Сакала или не, со тек на време почнувам да враќам на вниманието во иста мера, не во материјален поглед, туку во времето потрошено на мислење и бирање.
Скоро сѐ татко ми што ми купува без претходна консултација со мене е промашено. Со него барем кога се работи за вкусови сме небо и земја. Се сеќавам еднаш за еден роденден ми купил едни бермуди ама какви беа, мислам не знам од кај да почнам. Бојата дреч г*мнеста, негде потемно, негде посветло као прошарано, а на ногавиците рабовите обложени со виолетов сомот на кој беа зашиени едни како реси. Кога ги видов ми се стемни. Не можев да издржам викам тато, те молам да ги смениме. И ги сменивме за едни бели обични, па им се изнаносив. Го ценев тоа што сепак ми купил нешто, потрошил време и пари, ама... Втор најпромашен сега брзо на дм родителите биле некаде на одмор па тој вика има и за тебе нешто. Јас се израдував на честа што ми ја направија, и го ценам тоа фала Богу, можеле ништо да не ми донесат. И сега одам кај дм, и ми го подава тој ќесенцето ама како со половина уста некако и си збори нешто под мустак, крева веѓи. Викам шо е работата? Отвори ми вели, ќе видиш. Отварање луѓе, внатре едно ланче со девојче. Рацете и нозете прикачени онака да можат слободно да му се движат, уста нема, а за очи му ставиле едни црни камчиња, едно creepy, да го видиш здив да ти се земе. Како вуду кукла ама оваа од некој хорор филм излезена. Нормално, кажав фала, не требало да се трошите. Баш ќе поставам слика ако го најдам низ дома, оти го скрив, ми беше страв да не ми излезе од некоја страна во 3 сабајле.
Многу пати имам добиено промашен подарок, ќе оставам дома и така ќе стои, никогаш нема да се искористи. Ама тоа е, не секој доволно се труди да ти погоди.