Ужасни одвратни кинески парфеми и лосиони за тело , користени рамки за слики, скршени рамки за слики, накит употребуван и уништен или накит што никогаш во живот не би го носела, некој кич и шарен.
Јас секогаш се трудм подарокот да ми биде убаво завиткан. Дури и повеќе ќе потрошм на виткање отколку на цената на подарокот. Нјпромашени подароци ми се оние кои не содржат ниту порака, ниту завиткани-ништо. Промашени подароци ми се најчесто парфемите. Користам јаки парфеми и кога ќе ми донесат некои овошни, бљак.
Се секавате кога носеа марами пред едно 6 7 години тие шарените, е таква ми донесоа оваа година ја фрлив
Верувале или не - пари. Не дека сум полна со пари... Ама многу пати имам нагласено дека не сакам пари за подарок бидејќи ќе ги потрошам на глупости. И како за инает повторно ми имаат пари дадено. Според мене тоа е како да ми кажат "не' мрзеше да појдиме да ти земиме нешто на кое ќе се израдуваш па еве ти ги парите наместо тоа". Како да не сакале ни да се потрудат. А најубавиот дел од нечиј роденден ми е кога размислувам што да купам, па одам да купам со радост и сакајќи да ја израдувам личноста што ми значи. И книга. Ми ја подарија истата два пати.
Парфеми грди што не траат ни една секунда ,марама што пишува на неа Лондон и многу хенд-мејд ствари ептен мразам ептен се грди.
Кога подарувам подарок , секогаш го правам сама , нешто креативно што знам дека ќе остане во сеќавање . Најмногу мразам кога некој ќе ми подари парфем.
Не чини да наоѓаш маани на подарок.Дури и да не ти се допаѓа,можеш да го подариш на некој на кој му се допаѓа.Можеби нема да ти се допадне некоја маица,но сиромашен човек нема да ѝ најде маани и ако му ја подариш,ќе ти се заблагодари како да си му го подарил светот. Јас така правам.
Никогаш не биле мој тип на книги,а и нема ни да бидат. Еротска книга со чинам името Глас ли му беше или нешо така? Нема врска,сакале поклон да ми дат,се сетиле на мене ова она,не мислеле лошо... Но сепак,не сакам да лажам,тоа не е за мене.
Рамка за фотографија. Убава беше да,ама многу ги имаме дома,а и очигледно личноста не ме знаела толку добро за да го знае тој факт.
Сапун и ишлери. Не дека се лутам или нешто но на нејзино место наместо тоа би зела една чоколада со истите пари и така би отишла на роденден. Фактот што за нејзин роденден купив блуза го занемарив целосно, но ако ти значи личноста секогаш можеш да се потрудиш макар и само 50 денари да потрошиш.
Цвет и букет Всушност, не сакам подароци, некако незгодно ме фаќа, башка што сум терсене да ме погодиш да ми се допаѓа. Никогаш не би замерила ако некој не ми даде подарок. Со блиски луѓе си се договараме што да си подариме и така нема погрешен подарок.
Сѐ што сум добил сметам дека било океј, ништо не било промашено. И нај погодените подароци да ни ги дадат, ако не ни се допаѓа личноста, ги ставаме во категорија- промашување. Чиста психологија.