Не пребирам за подароци...не ни барам многу,ама кога ќе ти подари некој нешто колку само да ти донесе подарок ептен ме нервира,посебно што јас за сите се трудам да биде супер и ептен да им се погоди,ме радуваат повеќе мали работи или некој гест отколку некој безвезе подарок што воопшто е купен само колку да има било што да не се оди со празни раце,многу утнат поклон се едни дрвени обетки и тоа од моја другарка од детство и капак на се розеви што јас не ни носам розево...само честитка да ми донесеше ќе ме израдуваше повеќе...посебно од неа,али тоа е тоа
Имам много промашени подароци. Не ми текнува сега некои посебно затоа што и не добивам многу подароци и веќе сум навикната да ми подаруваат ради реда. Не се ни сеќавам на некој поклон што ептен сум се израдувала. Инаку многу сакам да поклонувам и да добивам поклони. Кога сакам да поклонам ако не ја познавам добро личноста, убаво ја прашувам дали ова или она би и се допаднало. Да не биде промашен подарокот. Подобро нека знае што ќе и поклонам (за да го погодам), него ли да и го расипам ќефот. Секогаш гледам да подарам нешто корисно и убаво. Најмногу жал ми падна поради подарокот за роденден оваа година и тоа од моите најдобри другарки (5-6). Ми купија рачен саат што никако не ми стои на рака (ем знаат дека имам соленкасти раце на кои ништо не стои, ем го купиле огромен) и ајде да беше барем убав а тие така го зеле, незнам дали го и погледнале добро. Убава забава ми направија, не се жалам. Најдобар роденден што секогаш ќе го помнам, но поклонот ептен ми го утнаа, а јас толку бев воодушевена и едвај дочекав да ми го дадат поклонот. Ептен жал ми падна, ај да беше од некој подалечен ама од најдобри другарки?...
Најпромашен поклон ми беше парфем што го добив за роденден од другарка, воопшто не ми се допаѓаше па го потрошив на завесите по дома и за убивање на комарци. Сметам дека парфем може да ми купи само многу интина лишност како мажми бидејќи ме познава и ми ги познава вкусовите. Јас никогаш за поклон не би избрала парфем, облека или накит од проста прчина вкусот може да ни се разликува и да не му се допадне мојот поклон.
Meне освен книга, ретко кој подарок да ми се погоди. Скоро сите ми биле промашени и затоа не ни сакам веќе поклони за роденден. И сум кажала, освен книга, не мора ништо никој да ми купува.
Блузата од тетка ми која ја добив за роденден, уште наредниот ден ја префрлив во сопственост на мајка ми, премногу нежно за мене
Лоши поколни...ги има многу... ѕидни часовници(за еден роденден добив 6 часовника ) рамки здодевни украси и најмногу што мразам е ПЛИШЕНИ МЕЧИЊА ги мразам,се ежам од нив одвратни ми се Но поголемиот брат на мајка ми секогаш ми ги погодувапоклоните но оваа година пред роденден ја прашувал мајка ми кој број на чевли носам,и нормално јас се радував велам вујче штикли ке ми купи а на крај излезе да ми купил едни влечки,ме е срам и до продавница да идам во нив,ко од на баба ми времето..но сепак не е битен поклонот битно евниманието сепак најмногу си го сакам вујко ми
Ме прашаа, вчера завчера едни баба и дедо, што сакам да ми купат коа ќе дојдат на слава, и така јас, ај им кажав дека сакам лак некој, темна боја. Едвај чекав да ги земам поклонот и кога го видов ... Spoiler А сега, кај ми е? Ај погодете...
Леле феминки да пукнете ме изнасмеавте Немам добиено некој си многу промашени поклони ама еден вреди да го спомнам. За роденден од двајца другари, 200 грама кашкавал, 200 грама шунка и винце Не дека е нешто промашен подарокот ама... ептен беше смешно
На мојот 14-ти роденден,во 08:30 часот ми се јавува една другарка и ми вика:Сакам да ти купам парфем со мало мече во кутијата и сакав да те прашам дали го сакаш со бело или со црно мече??Се воздржив да не се смеам и и викам ај нека биде бело штом ме праша... Иначе “парфемот„ беше вака нешто во поголема кутија со БЕЛОО МЕЧЕ
Уф темата.... сум добила многу глупави полони како на пример две мандарини и на средина банана во огромна кутија со целофан..чекав изненадување и прилично доста се изненадив хахахах....Сум добила и секси долен веш што далеку бил од секси,а и прилично беше за потсмев али ајде...ццц
Хахх..најпромашен подарок..има повеќе промашени,но многу ми е криво доколку некој се трудел и вложил пари а на ми погодил За жал,тетками скогаш вака прави.Оваа година сакаше да ми купи лак и нешто накит пошто знае дека сакам такви нешта.И жената ми купи лак од авон од околу 200 денари,ама бојата темно зелена и ми купила прстен три пати поголем од прстите мои исто од авон Се изнададе жената пари а ништо не ми користеше. А доколку некој ми подари нешто ради ред,што ќе му се најде дома,нешто од времето на дедо Ное ---> директно в канта оди и око не ми трепнува.Па ако можам јас за сите да одвојам пари,време,трпеливост и да купам соодветен поклон,сметам дека и тие можат
Во глобала немам некој промашен подарок, освен некои парфеми што не ми се допаѓаат или некои парчиња гардероба што не ми се допаѓаат ама последниот подарок што го доби моето дете останав без зборови. Доаѓа тетка му од раб. од странство и му носи микрофибер крпа . И ден денес не ми е јасно што и значеше тоа, на дете од 3 год. му носиш таков подарок.
Од мал милион рамки до еден ремен абе анорексинечен да си нема да те фати,незнам шо му беше. И дефинитивно врв беше тетариум од на мајка ми братучедка.. Чула жената дека сакам многу животни, ама заборавиле да и кажат дека се плашам од водоземци
Најпромаршениот подарок го добив летово за мојот 16ти роденден од еден другар од клас - бокал за вода/сок! Не беше толку грд, ама бокал за роденден некако незнам
Се чувствувам лошо кога некој близок ке ми подари нешто кое ни на баба не би и се допаднало.Немам многу промашени подароци но еве ке одвојам еден роденден ( на кој добив минимум 6 албуми ), другарките од одделението ми купиле маичка ( рамбовка ) кафена , со мики и мини . Мислам , сваќам дека сакале нешто , ама што се вика едно чоколадо да ми донеле повеќе ќе ме израдувале. И неможам јас така , кој грд и него грд поклон . Со поклонот се оценува личноста . На секоја личност кога се работи за подаркот обрнувам внимание , да не утнам.
Не само рамки, едно време и музички кутии носеа многу. Кога ќе видев музичка кутија ми се креваше коса, па уште полошо што сите исата мелодија ја свиреа. Да си ги пуштиш сите во исто време и од пискавиот звук да се фрлиш од прозор како луда мачка. И лек за рамките и музичките кутии, е да ги оставиш да кружат. Во превод, ти ги подаруваш на друг роденден, тој на следниот, па тој на друг итн итн итн.... Или една тезга пред зграда, и шиткај ги три за сто.
Ах така познавам јас една бабичка што доби на поклон бомбоњера (која кружела) со 500 евра внатре Најсериозно, ова и се случи на бабата до нас што живееше, и донеле завиткана бомбоњера на сочувство кога умрел дедото...кога ја отворила, скинала тоа целофанот во натре честитка за свадба... Таа кружела, кружела, кружела.... И после оставајте ги така поклоните да кружат