Најпромашениот подарок кој сте го добиле?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од OrdinaryGirl, 15 декември 2010.

  1. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.198
    Пол:
    Машки
    Сѐ што сум добил сметам дека било океј, ништо не било промашено. И нај погодените подароци да ни ги дадат, ако не ни се допаѓа личноста, ги ставаме во категорија- промашување. Чиста психологија.
     
    На didisi, Marijana93 и marija305 им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    11.866
    Допаѓања:
    116.149
    Сакав да ја исчитам цела тема.. ама стасав до 3та страна, и ме изнервира...
    Прво да расчистам, дека и мене не ми ги погодувале секогаш поклоните.
    Сигурна сум дека и јас не сум им ги погодувала секогаш на сите.... и сигурна сум дека и вие не сте им ги погодиле на сите, без разлика колку си мислите дека сте биле посветени на одбирање на подарокот.

    Ако нешто не ти се бендисва, можеш да го донираш.
    Има луѓе кои немаат никакво, а вие сте добиле поголем/помал број.. големи тикви.
    На ќерка ми и' имам милион пати згрешено број.. и не оти не ми е гајле, туку толку имам осет за купување облека за друг.
    И не и' ги погодувам ни моделите.. оти имаме различен вкус.. Иако секој ден ја гледам пред мене, пак не знам да и' одберам точно што сака.

    Не се правете spoiled brats.
     
    На Mr. Right, Slatkish255, Marijana93 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Не гледам дали ми е погоден поклонот, ценам што некој се потрудил да го одбере.
    Ама навистина ме повреди еден поклон( поточно коментарот со кој ми беше даден поклонот) за свадба. Добивме со мм пластични играчки, оние кофички, лопатки и такви работи за мали деца во песок што си играат. Прво не знаевме од кој е подарокот, но по неколку дена доаѓа комшиката кај нас и ми вели ви се допадна ли подарокот?
    Јас и реков не знам кој подарок е од тебе. Епа кофичките вели, не дека за скоро ќе ви требаат, ама ајде ќе ви се најдат некогаш.
    Луѓе цели три дена плачев, може сакаше да се пошегува, бидејќи пред тоа кога прашуваше кога деца, јас и реков кога ќе сакаме ние, ама сепак ако било шега не беше вкусна воопшто.
     
    На Elence93, Billy Idol, bella.s и 3 други им се допаѓа ова.
  4. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.104
    Допаѓања:
    7.645
    Пол:
    Женски
    Најмногу мразам да ми речат одбери ние ќе платиме.Така ми рече мојата тетка одбери ние ќе платиме.Секако дека не се ни појавив таму.Или купи ми поклон или не ми купувај.Ако е за сама да си одберам ќе одам сама ќе купам.
     
    На SummerGirl и Ena05 им се допаѓа ова.
  5. mazikeen

    mazikeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    Топлинки, од оние волените што се до над зглоб. Никогаш ги немам облечено, во ормар ми стојат :?:
     
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    21.278
    Пол:
    Женски
    Ем коментарот не соодветен :x ама и поклонот (facepalm) тоа ли се дава бе за поклон на свадба. :^) |(
    Ко да оди на роденден кај некое детенце, па тоа го одбрала за подарок, а не на свадба. (facepalm) (facepalm) (facepalm)
    Вака испаѓа тоа прво и паднало при рака, го собрала од дома од нејзините внуци и ви го донела вас. :wasntme:
     
    На SummerGirl, MarianaBT, st2007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    2.491
    За крштевање на дете, подароци за нас кумовите: огромни бањарки, кои мирисаа на прашина, нафталин или сл. што се става во плакар. Од авион се познава дека се од времето на Југославија и дека се од плакарот на свекрвата на кумашинката.Толку понижено не сум се почувствувала никогаш во животот.
     
    На didisi, Elence93, bella.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    12.362
    Допаѓања:
    21.598
    Пол:
    Женски
    Не се чудете. Факт е дека има луѓе кои купуваат поклони ради реда. Да се немало осет. На мене ако не ми се допаѓа подарокот нема да го искористам. До сега само еден подарок бил чист промашај. Се виде дека е купен ради реда. Ако јас знам дека ти не носиш накит нема да ти купам за подарок.
     
    На didisi и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.158
    Допаѓања:
    100.074
    Ако некој ме познава и реши да ми подари каков било накит - промарш е. Во глобала оти не носам.

    Се друго макар и да не ми е по ќеф - некој се потрудил и мило ми паѓа. Да подарам добиен поклон ретко имам, обично низ дома користиме оти сакам трудот на тој кој подарил да се исплати. Немам вратено поклон до сега и немам прокоментирано ако поклон не ми е по ќеф, особено не пред тој кој подарил.
    Во глобала јас лично кога бирам поклони, макар и да е gag gift шо е многу популарен меѓу луѓето со кои се дружам, сакам да е погоден на личноста. Дали му треба во моментов? Дали ќе го израдва? Дали ќе се насмеј?

    Од смешен аспект, во основно најдобрата другарка ми подари гума оти сум немала. :D Ми рече сакала нешто друго да ми земи, имало убави тетратки во книжара ама ѝ текнало дека немам(е) гума. :rofl:
     
    На SummerGirl, RedRevolution и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  10. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    4.982
    Пол:
    Женски
    Кога се подароци во прашање, јас сум Шелдон од The big bang theory.
    Ме прават емотивна, не сакам некој да се троши за мене ни најмалку. Сé што сум добила ми значи, особено оние мали работи без повод.

    Немам добиено, но затоа имам дадено НАЈпромашен подарок.

    Пред 10-тина години, јас и уште две другарки бевме поканети кај близначки на роденден.
    Беше недела, плус некој празник, сé беше затворено, работеше само еден маркет.
    И така, ние три купивме по два антиперспиранти, вкупно 6.
    Сега ни е смешно ама уште ми иди во земја да пропаднам.
    Подобро пакет чоколада да купевме, и како уште ни прават муабет, не знам.
    Срамота, срамота, срамота! (facepalm)
     
    На didisi, fana, НаталиЛили и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mell11

    Mell11 Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Ми текнува во основно за еден роденден имав покането премногу деца(може 60) и поклоните ги отварав 3 денови. Едно ќесе имаше кафеаво топче покрај поклонот и првично не се замарав затоа што ми се допадна поклонот. И после сфатив дека е исушен измет(заедно со мајка ми) :puke:. Сигурно не ми праеле во 2ро одд магии, мислам дека ќесето или пак поклонот во ќесето го чувале во подрум и кога дошло редот не ни провериле што даваат.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    1.522
    Допаѓања:
    3.369
    Многу пати сум добивала поклони кои не ми се допаѓале или пак биле нешто неупотребливо. Имам добиено накит од Сваровски, некои ќе полудат од среќа на ваков поклон, ама јас не... не ми се допаѓа тој вид на накит иако се премногу скапи. Друг поклон кој бил целосен промашај беше сет од шал,капа и ракавици. Капата беше како онаа на Даме Груев... Намерата на таа личност беше сосема во ред и мило ми падна кога ми кажа дека ми се купени за да не смрзнам на ладното... ама не бе, јас не носам ништо, сред зима сум со откопчана јакна, а и не ми се допадна ништо од тоа, само шалчето беше убавко.
    Многу пати ми паѓа жал и си плачам кога некој ќе ми подари нешто, а мене не ми е убаво. Ме фаќа глупаво чувство, многу жал ми паѓа бидејќи знам дека некој се трудел и одвоил време за нештото.
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elence93

    Elence93 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    3.977
    Допаѓања:
    3.205
    Пол:
    Женски
    Пред многу години од тогаш блиска другарка добив подарок новчаник на кој пишуваше марка на цигари и целиот беше искривен. (facepalm) Се осеќав глупаво бидејќи толку се вложив и знаев дека девојчето има пари за да купи било каков подарок, инаку би ми било ок и без ништо да дојдеше.
    Јас пред некоја година и купив на другарка розева ташничка од Дуки и Дасо која никогаш не ја облече бидејќи не носи розево. Тоа го сфатив отпосле и ми беше непријатно и затоа оттогаш внимавам повеќе и и ги погодувам :D
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    39.687
    Пол:
    Женски
    Бокле за ракија, ташна -поштарче во карамела боја со предолга рачка...
     
  15. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    10.680
    Пол:
    Женски
    Кога бирам подарок ептен внимавам на детали за да може да се користи, поминувам време и време во продавница пред да изберам, мразам работи дадени ради реда..такви глупости добивам за моите деца за родендени од едни поблиски луѓе, кои не дека се нема, ама тоа што и е за фрлање кај нас го поклонува, пример волнени чизми во мај, а за точната возраст, не да речеш ај за догодина, од нејзината помала ќерка на мојата која е поголема и со години и онака поизразна, и куп грозни работи кои мене ми е срам да ги подарам на некој друг, до толку што се грди, не знам дали да се смеам на такви луѓе или што. Инаку ретко да не користам нешто што ми е е поклонето, сакам да поклонувам и многу ме радува кога некој ќе ми поклони нешто онака без повод, макар ситница било. Моментално ми текнува на поклон од фризерката за наталето,за божикот машинка за варење кафе, ама дома не го пиеме тоа па така си стои не искористена.
     
  16. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    1.811
    Пол:
    Женски
    Само надолу е со барсаци пуштен :D
    Почитувам тоа дека некој обрнал внимание и се сетил за подарок, ама еве ќе чекам некоја тематска забава од 90тите за да го облечам..
     

    Прикачени фајлови:

    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    1.889
    Промашен поклон добив од една другарка која мене ми значи многу сеуште сме во контакт и се почитуваме ама за ова и сум лута оти е еден вид непочитување спрема мене.
    За нејзиниот роденден јас сама купив торта,сакав да и направам изненадување пред врата.И плус и зедов накит од Дуки дасо комплет не беше ефтино.
    За мојот роденден таа учествувала во подарокот што го купија останатите другарки 1 блуза што после второто перење се собра во ракавите и така ми стои во плакар. По некое време ја видов блузата во бутик беше 600 денари.Групен поклон од 600 денари од 3ца. Можеше да им рече луѓе јас сакам посебно да и земам нешто,оставила лице пред мене колку за тоа.Вака испаѓа како воопшто да не се потрудила.
    Оттогаш наваму и јас го правам истото само за да и текне зошто го правам.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Cveke
     
    На Herrera и KiwiFruit им се допаѓа ова.
  19. KiwiFruit

    KiwiFruit Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Дојде една комшивка кизнај што и текна ми донесе за матура поклон...Таа нит тогаш ми праеше муабет нит сега... И ај ќе дојдела на кафе и со поклон... Замислете маичка од 99 денари со исечена етикета целосно, кончиња се гледаа и валкана исто така, и да...паста за заби мала некоја си од што продавала од некоја фирма... Ужас поарно не се брукам и не давам ако немам..
    За полуматура од блиска тетка добив гаќи и маица поклон.. :|:|:|
    И да како друг подарок е цвеќе, какво и да е, колку и да кошта, ќе го ставам во вазна и нема да му се испулам.
     
    На Ladybug98, Nightwish11 и Elence93 им се допаѓа ова.