Извини, може не е смешно, но пресмешно ми беше кога прочитав. Не ме сфаќај злонамерно. Како може на женско машки парфем?!
Пудра за лице стара неколку години и многу темна, а јас сум бледа ко крпа. Рокот беше истечен пред најмалку две години. Тоа беше поклон за матура и стварно не треба да се гледа кој дал и нема врска што се имотни подобро да купеа едно чоколадо или без поклон доволно беше што дојдоа чест да направат.
Уживај и јас се смеев кога останав сама. Инаку парфемот ми го даде машка особа и прво што ми падна на памет е дека ми има дадено негов парфем што не го користел. Друго што ми падна на памет е дека можеби се работи за негова ненамерна грешка бидејќи на парфемот никаде не пишуваше дека е за мажи. Јас го познав по мирисот, имаше типичен мирис на машки парфем. Еве уште сум во дилема која од овие две варијанти е точна.
Сега ми текна,во основно добив некоја си кинеска козметика многу гадно мирисаше и една стаклена мала кутија за накит и капачето горе се скрши кога ја отворив.
Во основно многу читав и почнаа само книги да ми купуваат. Од вујче и вујна добив една книга, до ден денес памтам колку се збунив кога ја прочитав. Кратки приказни, драма али со швалери, секс во лифт со непознат во тој контекс, баш доловена беше сцената и се Некои 10год имав
Во основно искористен несесер за моливи ( внатре беше прљав од боички), кутија за накит од тие што свиреа ама оваа беше расипана и некаков си украс како од гипс правен.
Лани скромно се потрудив за роденденот на бивши ми ама оригинално. Очекував ист фидбек а и дека бевме заедно во земјава,но не добив ништо само ме однесе во Хард Рок кафе барот ме почасти нешто и толку. Се помирив јас после некое време бидејќи немав интернет на мојот телефон,се вклучувам од кај него и мајка му пишуваше цело време и случајно ми се отвори чатот му пишала купи и на Буба една ружа имаш пари на картичка,а овој и вратил нема потреба. Ми се скрши филм и се разочарав,не беше за поклонот колку за почитта. Си преќутев ништо не реков за тоа,после тоа имавме караница и тој ми рече “Те однесов таму колку да не бидеш без ништо,ми одбија од плата.”
Од блиски роднини од странство кои дојдоа кај нас и ги угостивме две недели со бесплатно спиење и јадење. Ми купија држач за мобилниот. Не беше до поклонот, баш беше океј оти немав и му најдов практична примена. Повеќе беше оти ми кажаа дека ги коштал 40 и кусур евра, а истиот на АлиЕкспрес е 2-3$. Обично пластиче. Како божем ние во Македонија од Марс сме паднати и не знаеме колку нешто кошта. Подобро ништо да не купеа, отколку овака што се "потрошиле". Некогаш подобро е да не се отвора уста...
Си стекнала искуство од книгата. Имам добиено користен соковник. Од блиска роднина на маж ми. Уште кога ја видов кутијата сфатив дека нешто не е во ред. Беше оштетена. Го отварам соковникот и што да видам - нечистотија. Остатоци од лушпи. Дури и запечени беа. Кој знае колку време не бил исчистен соковникот. А жената има пари.
Секој парфем што ќе ми го донесат, пошто си користам само еден и не ми се потребни други. Фала за честа и на поклонет коњ заби не се гледаат, ама кога ќе видам поклон парфем ми се плаче. Колку сака нека е скап и квалитетен.
Никогаш немам добиено никаков подарок. Ама затоа и подарив на тетка ми книги кој ги имав прочитано и бев сигурна дека ќе и се допаднат. Не би ми било во ред да дадам книга што не знам каква содржина има ама овие беа во ред за средновечна жена таман што многу не сака наука и слично. И сега жената после две недели дојде кај нас и кога ја прашав за книгите ќутеше. А после 3 месеци кога ги спомнав ми кажа дека шпорето си го запалила со нив. Двете книги беа по 700 денари купени и мене уште ми е жал што и ги дадов.
Во основно тетка ми за роденден (единствениот роденден што го славев дома со гости) ми донесе машки фармерки, кои беа неколку броја поголеми. Ни еднаш не ги облеков.
Ташна поголема од мене. 2 години ја неман допрено. Парфем што мирисаше на средство за чистење. Стоеше во шкаф неколку години со надеж дека ќе му најдам чаре затоа што ич не сакам да фрлам поклони, ама.. Мини маус пижами. За матура.. Иако се многу удобни и си ги изнаносев, ама смешно ми беше ептен.
Ужас. Навистина не е во ред, оти иако подарок кога ќе се подари му припаѓа на примателот целосно и тој има право што сака да прави со него, нејзината глупава искреност ( ако било искрено) е крајно непотребна и сурова. Само кажува каква сељанка е, извини на израз. Жал ми е ако не си добила никаков подарок никогаш, има некоја среќа и во тоа, мада како врви вррме, за мене подарување е поубаво од примање. Јас исто не добивам подароци долго време . То ест добивам од маж ми, ама сама ги бирам, оти тешко да ми погоди, па се сведува на тоа дека парите негови ми се на располагање па си купувам што ми треба. Сама си подарувам често од мои пари!!! И обилно. Керка ми углавном заеднички се шлепа со татко и за роденден , иако од неа било што направено од нејзини раце би ми било супер подарок. Живеам во странција па со другарки блиски баш и немам прилики да си подарувам последниве години, најголем подарок ми е времето одвоено за мене од нив кога сум мк. И на крај- порано имав омилени и неомилени подароци, сега се ми зависи од особата која ќе ми подари, ако нешто не ми штима во односот заеднички, а сум добила и скапи монетарно и евтини поклони, сепак ми се неубави , и иако во моментот сум се заблагодарила , потоа се шуткаат низ дома зафрлени некаде. Од драги луге и кафе почастено ми е најголем поклон. Бтв - бањарка за матура 6 броја поголема, ден денес маж ми ја користи, а му ја препоклонив кога имав 30. Кој врашки квалитет е тоа...перена на 60, 90, неуништива