Fake parfen one million (woman million) za Valentines. Momentot bese sto me ubeduvase deka e originalen.
Нема промашени подароци, во материјална смисла, барем за мене, има подароци што не се дадени со љубов и внимание. Најдраги ми се цртежи од деца.
Флекери за гарнитура. Ниту на боја ми одговараат ниту како модел. Кога би купувала вакво нешто сепак би гледала барем бојата да и ја усогласам со енериерот/гарнитурата,а не купи ги па нека и стојат. Нема врска битно ти минал редот за поклон.
Шнола со рози на неа за 8 март, подарок од тетка ми. Никогаш не сум носела шноли, ама искажав некоја реакција као ок кул во моментот, иако воопшто не ми се допадна.
^ Леле ме потсети...првиот дечко ми подари џемпер XXL а ја едвај М носев додека идевме во тој период. Со какви очи ли ме гледал не знам .
Најпромашен за матура, детска касичка во форма на печурка,со светло За матура!Поклон за детенце од забавиште
Поклон од другарка шал кој сама го плетела и изгледаше како намотана волница околу врат , баш ваков само друга боја
Леле темава има пресмешни поклони Не можам да извадам конкретно еден утнат поклон, ама имам добиено на 2 пати од блиски личности облека која јас воопшто не би ја носела.Баш од некои што сум очекувала да одберат повнимателно нешто што би ми се свиѓало, сум добила поклон што ми личел како да е одбран колку да се каже.
Светло виолетови спортски патики. Патиките се одлични, но не се мој тип. Обично носам само црни или бели патики. Во секој случај, мене многу ми значат и обожавам кога (ретко) ќе ги искомбинирам некако.
За роденден добов гаштием мали ем не квалитетни. И реков на мајка ми да ѓи испери а тиа се скинаа. За полуматурата добив материјали од комшикасамо материјали за да си сошиеш нешто Патики од прва братучедка. Ем шо беа 2 броја поголеми од мојот, ем шо не се мој стил. Ете сеа фаќаат прашина некаде Има многу не ми текнува ама овие беа врв
1. Добив 200гр. темно чоколадо од роснина што дошол од Перу, кога јас постев. Па го дадов на друг. 2. Раткапни за бандажи за кола од еден другар за 18тиот роденден, а јас ни точак немав тогаш, а не па кола. 3. Светкава футрола за мобилен телефон за именден 4. Каиш за на фармерки, кој одма по неколку дена се излити ,,кожата" 5. 6.000 денари кои ми беа по грешка ставени во пликото од близок пријател. Требало 2.000 денари, ама некако им се ,,смкнале" тие 4.000 денари во пликото по грешка
Браво кафе и пакетче џваки за 18 роденден (не пијам кафе се најде за родителите ) *Освен капучино* Гаќи големина за баби а јас 55 кила Од комшиката работи кои и останале дома машки наочари ташна скината ....