нема шанси кога е од жена ми подарокот, т. е. не ми беше жена тогаш, не ме познаваше баш што маанаџија сум
Ценам кој што и да ми купил, сепак чест е што дошол нели, но многу ме нервира давање подарок ради реда, скроз онака колку да се појавиш. Подобро една чоколада или ништо, битно си дошол и чест си ми направил отколку нешто искршено, користено или со поминат рок, како да толку ме ценат... Дефинитивно како најутнат подарок у цел живот ми беше овој: Како деца неколку месеци пред мојот и беше роденден на другарка од градинка, па и купив рамка за слика, некоја боенка и чоколада. По неколку месеци славам јас роденден, доаѓа другаркава со истата рамка за слика што и ја подарив неколку месеци пред тоа. Ај да не беше ни отворена, ни користена, пак ќе си речев добро, секако кога ја купив уште ми се свиѓаше и ќе ја користев. Врвот беше што ја користеле, им се скршила позади дури и рачката за да се држи рамката за слика и целата беше во крш состојба. Се запрепастив. Друга утка вака шо ја памтам беше што еднаш за роденден ко помали ми донесоа кинеска колекција некоја со гел за туширање и дезодоранс, па и со истечен рок. Жива катастрофа. Не бевме нешто многу блиски, но сепак навистина беше утнат подарок што заврши во канта, бар до толку мислев ме познавала за да знае дека не користам такви работи, па и нежна кожа имам, немаше шанса нешто со поминат рок на себе да ставам. Тоа е, веројатно и неа некој и го подарил и не и се свиѓало, па рекла ај да го однесам некаде... Последниве години и да славам нешто, славам со ептен ужи круг на луѓе што добро ме знаат и сите подароци ми се по ќејф, исто и јас нив им барам подароци со голема љубов и внимание, добро си се познаваме, па нема вакви ситуации. Вакви утки повеќе имаше кога бевме помали и правевме со многу луѓе родендени, па другарки на другарка викнати за да не се навределе, па цели класови итн...
Имам милион такви примери.. Школска ми донесе сувенир од Охрид што го добила од некој бидејќи позади имаше посвета. За полуматура тетка ми донесе секси проѕирни пижами од прелош материјал. За 18ти роденден 4ца дојдоа со прелош сет - бугарски парфем, тоалетна вода и крем за раце. Сите беа со мирис на роза За друг роденден добив користен накит бижутерија, па ми велеа дека од златара го зеле.. Подобро ќути си кога веќе носиш таков подарок.. Инаку и јас како мала добивав тетратки и моливи и им се радував. И јас имам подарувано тетратка и молив а најлошо нешто што имам подарено е дезодоранс.
Блуза три пати поголема од мене со длабоко деколте. Како за возрасни беше. Не се сеќавам колку години правев, ама основно бев уште.
Се' што е подарувано онака, колку да се помине од редот. Колекции, дезодоранси, хулахопки, тетратки. Ова најчесто ми се случуваше во детството, кога на роденден ги викав сите од одделение/клас. Во последно време не ми се случило да добијам промашен подарок.
Најпромашен подарок ми и е од другарка на мајка ми. За 16ти роденден ми поклон пижами за трудница. Таа имала, многу биле удобни. Јас преслаба тогаш, уште труднички пижами да носам
Секој подарок кој подоцна го подаруваш и ти е најпромашениот. П.С. Името на темава го прочитав како најсиромашниот подарок и си реков до кај ојде форумов...
И јас и јас. Не си единствена. И тоа не само еднаш, ами двапати од истата личност. Ај да речам од машко, ок, благе везе си немаат. Ама од женско? Од женско кон женско има триста работи. Марами, лакови, венчиња, долен веш, кармин итн. Ама пошо изгледа ја мрзеше да одбира а и не сме во некој вау однос, најлесно бап винце, кое уште седи во подрум неотворено, пошо не пијам такво. Можда и поминат е сладот на славење родендени, па така и скратив на многу луѓе, меѓу кои и таа винарката
Сет за чупање веѓи. А знаеше дека сама не средувам веѓи туку одам некаде.Имам тешки и различни веѓи.Најтрагично беше што поклонот беше ставен во хартиена кеса Викторија сикрит
Не се битни ни најмалку, ама кога се трудам за некој да дознаам што најмногу сака и што му треба, сакам истиот труд и за мене да го вложи. Поубаво да ми дојде со празни раце отколку онака ради реда. А и истиот тој самиот се накани и дојде со негов другар што ниту го познавам ниту сум го поканила.
Не сум добил таков поклон ама сум дал ужасен поклон. Во основно, 5 до 12 другар од клас не викна на роденден. Мајка ми и татко ми беа на работа, го земав полуискористениот дезодоранс на татко ми и го однесов како подарок. Многу сакав да одам на роденденот, не знаев што да однесам друго. Срам ми е кога ќе се потсетам.
За роденден од пријателки добив сет за оддржување брада. Им благодарам на подарокот но од една страна навистина не требале да го купуваат бидејќи беше скап а од друга страна не требале да го купат бидејќи јас немам брада и никогаш не сум ни пуштал брада, му го дадов цел сет на брат ми при првото видување.
Дечко ми ми купил за дома се и сешто од овошје и зеленчук една недела после роденденот и ми рече ова ти е за роденден, не ти купив ништо, па ете ова е за роденденот.. После тоа го редам фрижидерот и си мислам, ехх Нина Нина, кромид и тиквици за роденден си доби..