Колку сакам еден ден да сум МАЖ и на мажиВе да им покажам како треба со жената,да ме гледаат и да учат....чест на исклучоци....
Јас сакам интересни и неконвенционални идеи и подароци, ама ова бе. Како бе му текнало уопште ова. Зошто, како? Поради инфлација ли? Толку многу прашања...
Кога ќе размислам поубаво ова е еден од најубавите и најдосетливите подароци, овошје и зеленчук, бар мене ме асоцира на некој кој се грижи за нечие здравје и виталност, во време на брзо и динамично темпо да запреш и да си спремаш здрав оброк. @нина122 браво за дечкото, мислењево ти е во утната тема дефинитивно
Многу страшен поклон нема што. Ама користољубиви и материјалисти сте значи. Секој сака внимание да добие од саканата личност ама ова зарем не е? Може толку имал, тоа зел ама битно зел и се сетил. Џабе и милиони некад да ви даваат и ви се лигават ако не ве сакаат и ценат искрено. Нема поклоните тогаш апсолутно ништо да ви значат.
Ми текна и мене на ова, како кошница овошје, ама кромид и тиквици ми е моментот. И не е за материјалноста, штом и го наполнил цел фриждер, па обичен парфем ќе го коштало поефтино, или нешто рачно изработено, само баш е необично.
Ми имаа кажувано дека кога го откриле полот на бебето било машко и на новороденчето бабата и дедото му донеле фудбалски фрес, а женско било.
А знаеле они дека ќе биде женско? Инаку ништо страшно де, ете може и фудбалерка ќе биде девојчето, може пред време знаат они, имаат интуиција.
Ех нина нина, ако оставам на маж да мисли шо да ми купи за роденден и јас ќе мирисам на кромид, затоа дирекно му кажувам шо сакам да ми купи
За поклонот со зеленчукот и овошјето. Имам добиено буќет од зеленчук. И знај да е премногу goofy и добар подарок ако е изведен добро. Ама не една недела после роденденот и така "нема шо друго, ова ти е". It's the attitude gurlies.
Освен ако не е персонално во смисла омилен зеленчук... Не, бриши, никогаш не би поклонила зеленчук, поготово не кромид... за роденден. Не ми се верува дека треба ова уопште да го пишам. Spoiler: . Кој ќе се најде тригнат од ова, слободно.
Јас лично многу би сакала да добијам фрут баскет за роденден. Отишол и купил кошница, ја наполнил со убаво овошје, турил машна, напишал честитка и се тоа претставително го завиткал? Ете го најсовршениот подарок за мене. Ама за мене! Јас обожавам овошје. Летово кога ми беше роденден, кога ме прашуваа што сакам за роденден, знаете што им одговарав? „Смокви!“ Батево од приказната на @нина122 ми делува како неговите домашни да му испазариле за дома па вишокот и го донел на неа. Не зезајте дека треба да биде среќна што добила кромид и тиквици за роденден.
Има многу разлика од овошје, зеленчук донесени во пазарски ќеси како поклон за роденден до кошница спакувано убаво со машна, картичка и слично. За кошница би се израдувала и јас, за ова првото и не баш, освен ако баба ми не ми го подари