Секогаш за роденден најблиските ми подаруваа чаршафи јоргани постелнини и тогаш ми беа најглупави поклони ама сега си ги искористив баш и добро ми дојдоа.. инаку за матура од три личности добив фустани кои што беа скроз исти значи исти тогаш беше отворен еден бутик се по 300ден сега не ми текнува како се викаше ама мислам дека сите само од таму ми купуваа.. и уште многу друѓи ама во моментов не ми текнуваат. Инаку не сум маанџија на поклони што и да е им благодарам се сетиле ќе се најде за нешто или ќе се искористи.. а во последно време ми ги погаѓаат и си ги искористувам до максимум.
Барав на Google подароци плишани мечиња големи и ми се појави оваа тема како резултат, па сакам да прашам за да не биде промашен подарокот дали вие би прифатиле подарок плишано мече од големите и цвеќиња од доставувач ако ви заѕвони на вратата (не на телефон го немам бројот) подарок со анонимен испраќач ваш на пример таен обожавател.? Ако може одговор ^ ^
Само цвеќе подобро. Не секој сака такви подароци, за мене е премногу детски и би ми било смешно искрено да добијам мече Ама со букет цвеќе нема утка. Може и некое чоколадо
Не , stalker vibes ми дава искрено. Едит за истава девојка по улица што ја гледаш е поклонов ? Ако да дечко повлечи се , ако сакала контакт со тебе ќе ти возвратела на некој начин она те игнорира константно верувам намерно праи да изгледа ко намќор
Едит: ако не се познавате воопшто во живо, немој. Ако се познавате, подобро напиши од кој е. Инспирирана од последниот коментар на членката под мене.
Дали се познавате? Ако не, лично, I'd be scared for my life ако најдам поклон, без да пиши од кој е и без да сум интимна со некој па да претпоставам од кој е. Пошто некој ме гледа, за да ме бендиса, а јас не сум забележала. Би ти предложила ако имаш момент да кажиш "здраво" шо ќе донеси до чамче муабет, шо по некое време ќе донеси до можност да кажиш дека ти се допаѓа па да ја поканиш на кафе - би одела со таа рута. Ако се познавате - би пишала дека е од мене ако низ поклон и кратка порака полесно ти е да се отвориш како се осеќаш. But honey, има толку многу начини на кои можиш да се отвориш. Ако не се познавате you're coming in too strong.
Обиди се да продлабочиш муабет. Стандард комшиски "ах од работа? Јас бев до таму."; "како си, како помина денот комши?"; ако некогаш видиш дека нешто средва влези/излези - понуди се за помош. Хел, оди на врата и побарај помош чак било филџан шеќер за то шо месиш. Ама да ѝ дајш поклон со нота "твојот таен обожавател" на адресата за живеење, која на сите сакаме да ни е безбедно место, без да знај од кој е - крајно ќе се осети загрозено. Помалку мањачки е да пишиш дека е од тебе ама ко за некој почеток на контакт е coming off too strong.
Мислам дека нема потреба од мече. Цвеќе е океј, ако се претставиш на картичка или нешто и после да видиш дали ќе има некаков фидбек од целата таа ситуација.
од дечко што одевме година дена лакиран новчаник, не ме распнувајте ама сосема знаеше дека не ми е тој стилот и не ми се свиѓаше и пак го купи, немам појма зошто
Да, не се лоши, има едни полоши ресани со никаков вкус, не ги пробал изгледа тие па да види што е неубаво. А и на поклон бе, ако стварно поклон биле, маана ли се наоѓа? Неблагодарни.
На мене ми се омилени ресаните. Кога се купува подарок треба да се знае вкусот на славеникот. Не можам јас да купам зелена блуза ако знам дека личноста не носи блузи во таа боја.
Е има едни понеубави, не знам кои беа ама ич немаа вкус на портокал, благи само никакви, а овие што ги постирал добри се. А ако не го знаеме вкусот каков му е? Не сите се познаваме најдобро и сме толку блиски. Што знам, нејќам маани да наоѓам, каков е таков, битно се потрудила личноста па и се потрошила, колку и да е скромно.
ја имам пробано еден куп ресани ама како нашиве од Агроплод Ресен ниедни не ми биле вкусни и уште истите си ги купувам...ем се најевтини..а инаку што и да ни подари некој,некултурно е да наоѓате маани...битно е вниманието, секој го знае тоа...би било навреда само ако некој намерно ви подари да речеме нешто веќе користено ако е на пр. облека или мобилен или нешто што некој веќе им го подарил ама не им се допаднало па ајт да го тупне негде да го искористи за да не се потроши негде со пари за нов подарок..ама имаме една наша поговорка која гласи: на подарениот коњ во заби не му се гледа