Дефинитвно најпромашен подарок до сега ми е бил пљоска за ракија. Славев 25-ти роденден. Веднаш после роденденот ја подарив на дедо ми
Е ова друго е више. Да го добил и не му се свиѓа па ај да се ослободи и го дава на друг. Тоа е непочитување и незамарање, глеа само побрзо да те откачи и да не му мисли што ќе купи. Освен да е некој стварно солиден поклон којшто не му е воопшто потребен, а му стои дома, мада и тоа не е убаво некако. Мене ми е го дале или го иам и да го подарувам. А праат вака луѓе, многу добро знам. Па поарно земи и нешто прескромно ко у случајов со ресаните отколу така да се брукаш.
Тоа ти е ради реда. Некако.. Како непочит ми делува. Подобро чоколада ќе однесам. Не знам дали ме имаш читано за соковникот што го добив. Ужас.
Нее, што, да не ти донеле користен или расипан соковник? Да ти кажам, со луѓево околу нас ништо не ме чуди више.
Ај пак ќе пишам. Ме мрзи да го барам постот. Тоа беше за веридбата. Го отварам дома соковникот со намера да цедам сок. Што да видам. Делот што е за стискање одоздола целиот беше со остатоци од овошје. И тоа, запечени беа. А кутијата беше оштетена.
Маж ми во тој момент беше дома. Го викнав да види и ми вика - Сигурно таков и го продале. А подарокот беше од негова роднина. Кој ти продава нечист производ.
Како не, го продале таков. Незгодно му паднало на чоекот пред тебе па ај морал така да каже. Бруки за роднината, не ми еве јасно како бе може да си дозволат да се брукаат вака? Шо луѓе се тоа и шо ги тера вака да постапат?
Уште се чудам. При првата употреба соковникот се расипа. Всушност, не правев сок. Го пуштив за да видам дали го бива. Еве на пример... Ако го вратила затоа што не го бивало, сигурно немало да и дадат нов нечист. Уште кога ја видов кутијата се посомневав дека нешто не е во ред. А жената има пари. Е тоа е она што често го коментирам овде. Тие што имаат пари се стиснати. Доаѓаат со евтин подарок или со нешто ради реда. За веридбата добивме и чаршаф за на маса кој чини 200 денари. Сосема обичен чаршаф. А четиричлено семејство дојде со тој подарок. И тие имаат пари. Искрено... Ако веќе носам чаршаф ќе гледам тоа да биде со некој интересен дезен. Не ми беше проблем чаршафот, туку тоа што истите тие луѓе после веридбата зборуваа наоколу дека ништо не чинело на нашата веридба. Нормално, за свадба не ги поканивме. Се налутиле, ама баш ми е гајле.
Нај ефтини и нај добри да ти залепат цревата... Подобро се ЈАФФА ама секој гледа да земе најефтиното тоа е најважното
Тие немаат вкус се тие што ги постирав претходно а тие што ти биле поубави се овие... Само што овие се поскапи неколку денари
Секој подарок со пари во плик, или онака некоја 500-ка на рака ми е бљак. Подобро не давај, не брукај се.