промашени поклони добивам често и тоа од другарките моите дома ми даваат пари јас да си изберам што сакам значи од долна облека што не сум ја облекла до фустан како за трудници нешто имаше и козметика до последниот кога добив блуза или фустан не можам да го дефинирам и тоа со секакви бои шаренило прашав од каде го купиле и го заменив и кога им кажав еее па тебе ништо не ти се допага од нас мислам дека доволно време се дружиме знаат што сакам а што не додека пак јас кога бирам поклон секогаш бирам внимателно бидејки не сакам никој да навредам со смешен поклон и доволно е само мало внимание едно чоколадо одколку разни глупости кои никогаш нема да ги користам.
најпромашен подарок??? ги има многу, во 1-ва средно чекав голем роденден , го поканив и симпатијата тој со него довлечка уште 7, 8 другари, падобранци и се наредија во една линија и по еден степ ми поклонија сите ,друг поколн парфем еден гнасен што дури срам ми е на некој поклон да му го дадам или пак гратис, одвратен на некои бугарски ружи, друг поколн од една бабичка за матура папучи и на нив пишуваше ПОМА а не пума , пижами машки.. и многу други безвеза поклони
Еден пар како свадбен подарок добил миксер. Во ред, миксерот е корисна работа и не добиле десет миксери, туку еден. Меѓутоа кога го отвориле миксерот и сакале да го употребат, на него откриле траги од претходно миксирана храна - миксерот не само што претходно бил користен, туку не бил ни измиен. Непотребно е да се каже колку биле младенците непријатно изненадени, а и згрозени. Во 2008 година, на еден брачен пар им се родила ќеркичка, а за подарок добиле и украс за елка на кој пишувало „Прва нова година на бебето“. Подарокот навистина им се допаднал, како нешто досетливо се додека не го завртиле украсот и виделе дека на опачината пишува 2002 година. Украсот никогаш не го ставиле на елка. Кога една девојка се мажела, за подарок од роднини добила сервис за ручање. Всушност добила пет такви сервиси, дефинитивно повеќе отколку што и требаат. Кога ја отворила кутијата, внатре видела честитка упатена до роднината, односно, подарокот и бил даден за свадба па не бил ни отворен туку сосе честитка однесен на другата свадба. Во меѓувреме другите четири сервиси ги подарила, за среќа не го подарила и овој. Една девојка, кога била во посета на роднини, за подарок добила бонбњера. Таа бонбњера одлично ја запомнила, бидејки минатата година му ја подарила на некој роднина, од истиот крај, а на неа сеуште била украсната хартија со која ја завиткала. Бидејќи рокот веќе и бил истечен, веднаш ја фрлила. crnobelo.com
Имам една другарка што стварно ми е блиска редовно промашени поклони ми купува и среќа ми кажува од кај се за јас да си ги заменам
Едни смешни фејк Сваровски обетки со ланче... Да е полошо, беа „позлатени“, да не речам жолтеникави со ПЛАВ циркон колку нокт еден. Ми се повраќаше кога ги видов. Хорорни беа.
Pa site pokloni kakvi i da se gi cenam,no najpromasen mi e parfem koj mirisa na nesto premnogu kiselo i nekoi ruzi so presilna aroma voopsto en go koristev [mod-kirilica:63pz80ht][/mod-kirilica:63pz80ht]
Не сум добила многу промашени подароци, но дефинитивно најпромашени ми беа едни жолти цевка панталони и еден Дигимон парфем кој смрдеше неподносливо многу на некое скапано јајце (бидејќи рокот одамна му беше поминат) а со парфемот ми донесоа и скршена играчка поврзана со цртанот. :geek:
3-4 пати го препрочитав постов. Кактус?!?!?! Кај нашле кактус да купат? Јас би им го треснала во лице, па тие нека си го стават дома како декор. Инаку, и јас сум добила многу промашени подароци. За среќа, никогаш не отварам подароци пред гостите, па никој (освен мама) не ги видел моите реакции кога ќе ги отворам глупостите на кои за џабе фрлиле пари. Врв на се беше подарокот за ланскиот роденден. Ми подарија навлаки за перничиња. И тоа везени со паспури (ако знаете што се тоа ). И, ајде тоа не би било толку страшно (можеби баба ќе си ги употребеше) ако тие не беа со пауни. ПАУНИ!! Луѓе, имам фобија од пауни (и од секакви птици)!! Тоа сите го знаат...можеа барем пауни да немаат. Кога ги отворив навлаките кои мирисаа на нафталин, ми паднаа од раце. Аман, можеби им беа од приќе!!
Јас да ви кажам една смешка, минатата година сестра ми си славеше роденден со многу големи очекувања за добри подароци Си купи торта, грицки мицки, жестоко и си чекаше гости. Јас си бев излезена за да не и пречам и по неколку часа се враќам и ја гледам во кујна скисната само дотура грицки, сече торта и носи чаши. Ја прашувам што тие? Ми вика ебати подароците 3 другарки ми дојдоа со по едно чоколадо а 2 ми рекоа ќе ми донесат подарок деновиве од останатите ефтини парфеми и рамки за слики. Умрев од смеење.. тие две другарки и по 2 месеци уште и го купуваат подарокот Битно како термити се изедоа и се испија. Најважно од се, сестра ми научи лекција оваа година знам дека убаво ќе размисли како и со кого ќе го прослави својот роденден. Инаку навистина неможам да разберам да појдам на нечиј роденден само со чоколадо Најсмешно од се беше тоа што едната другарка работи со Орифлејм па и имав нарачано кармин. Девојчево и ја дало кесата на сестра ми со кармин и чоколадо и и рекла едното за тебе, а другото за сестра ти. Сестра ми нормално си помислила карминот дека е за неа и и рекла аууу супер си ја погодила бојата и си ставила од карминот на уста. Оваа на тоа и рекла е сега сестра ти ќе те убие! Зошто? Па карминот е за неа а чоколадото за тебе
^^^ Извинете вака и ти и сестрати, ама роденден се слави за да го прославиш денот кога си се родил, а не наменски, да собереш поклони, како ти што велиш...нормално сите се радуваме на поклоните, ама да го славиш специјално за да собереш поклони....јок.... а можеби и дечките што дошле очекувале скара и ордевери а не грицки ....извинете на офф, ама морав......... аха...и да..он топик....нон стоп добивам промашени подароци, а најпромашен ми е една алка од старосватицата, златна со зелено розеви влакнесто додатоци....втф...си викам, ваков ли впечаток оставам
Се сетив сега на мајка ми и беше роденден пред некој ден и има комшивки со кои се дружи, ама кои имаат чуден вкус за поклони И доаѓаат и носат ламба и мајка ми Лелел какваааа е, супер одлично, многу убавка, баш немам ваков украс бла бла а јас приметувам по зборење дека одвај го гледа поклонот На крај си одат и вика боже што поклон ќе да беше ова Замислете си ja ламбата +
Јас не напишав дека јас сум очекувала добри подароци туку сестра ми. Јас родендените мои одамна не ги ни славам. Исто така лага е и дека не ти битно каков подарок ќе добиеш, за тоа е и темава на крајот на краиштата. Ако на сите им е гајле што ќе добијат никој тука нема да пишува за промашени подароци. Чоколадо и празни раце А нај иронично и мизерно е да се појавиш на роденден само со цел да локаш и јадеш како дома да не те хранат родителите што во оваа ситуација беше повеќе од очигледно. Сестра ми цела вечер конобарка изигравала, затоа и реков оваа година знае што и како а богами и со кого. Воопшто не се грижам дали гостите очекувале скара и ордевери. Им беше пружено се во нашите можности. А познавајќи го нивниот финансиски статус, можеле многу повеќе од чоколадо и празни раце.
Сум добивала глупости бајаги, ама последно што памтам е еден шал уби боже, цел се митареше по мене а јас насмеана морав да го носам и да се преправам дека многу ми се допаѓа за да не ја навредам личноста што ми го купила... Само два пати беше ставен на мене тој шал и тоа пред тој што ми го купи, зошто беше навреден како не го носам замислете.... Ццц од некој што те познава, знае каков ти е вкусот да добиеш мизерен шал.... А јас колку се трудев да најдам поклон што знам дека би му се допаднал но тоа е..
Сјај за миење садови. Јас останав подзината, а мајка ми се израдува зошто при крај ни беше нашиот па да не мора да купува Имам добивано скршени чаши, прстени што светат во темница 1312443214354 рамки за слики, облека износена од Бог знае кој, еден портокал, пиперка, мастика... ова се случуваше кога канев кој треба и кој не треба. Сега си ги викам најблиските и секогаш си кажуваме што сакаме и тоа го купуваме.
Цигари , јас не пушам веќе три години Ама од кај да го знае тоа беа увозни и дамски...абе цигари ... ги издува сестра ми
За дипломска од "блиска" роднина добив сваровски менѓуши,кој потоа дознав т.е. ги видов во златара дека се обично сребро чинеа 300ден а таа само ги ставила во кутија нејзина од сваровски
Во основа го ценам секој подарок и не сум многу пребирлива во тој поглед, но се изнервирав кога за Нова година се отепав од барање некој убав поклон за една другарка и најдов една прекрасна марама, дури и се осигурав со повеќе мислења пред да ја купам...а таа ми купила (иако се сомневам во тоа, мислам дека и на нејзе и била поклон, ама ај...) една шолја со некој отепан снешко и не знам уште што се имаше на неа...Толку се разочарав, изгубив желба да купувам било што....Сега и се ближи роденден и коса ми се крева кога ќе помислам дека треба да и бирам подарок, зошто очигледно ништо не и се допаѓа... а и не се труди посебно околу моите подароци
Попромашен поклон од мојот нема.Значи за роденден добив: користен чешал за куче ПА ЈАС НЕМАМ КУЧЕ, + моментот е користен!
за ланскиот родендне од еден другар добив огромно црвено лижалче јас би рекла лижалчиште ( метар на метар) што памтам дека не знаев како да го јадам па го топев за да можам да го обликувам и да го гризнам некако - цела куќа мирисаше незнам дали јас повеќе утнав со постапкава или тој со изборот