Еднаш сум се изјаснила на темава, ама дефинитивно овој е најпромашениот подарок во мојот живот. Од пријател на татко ми кој работеше во странство, а ме видел еднаш кога бев мала, пред една недела добив играчка рулет пастичен, се' со жетони спакуван, затоа што мислел дека имам 18-19 години. Блиску е со годините ама трагедијата е во тоа што незнам кој на девојка од толку години би и подарил играчка рулет Е си викам неможеше не лути се човече да ми донесеш.
најпромашени подароци ми се две маички од едни пријатели кој ни ден денес не сум ги облекла два броја поголеми и без можност за замена затоа што не се од скопје и едни роднини кога ми се избација за дипломска со кебе
Брат ми кога имаше 12 години а јас 6, и купи на мајка ми за 8ми март кактус со цветче на него Ми рече па и ова е цвеќе Пред 4 години ми донесе блиска роднина, тренерки само долни за роденден, купени уште во 80-тите, имаа дупчиња за врвца на нив, ама врвцата нигде ја немаше. До пред 2 год од истата роднина многу често добивав пудинзи, кашички за бебиња и чоколино со пројден рок- внуците што не успеале да изедат. Добив на мојот 8 ми роденден книга на српски јазик. За 16 ти роденден добив фустан тексас, за 10 годишно дете кое е покрупно и подебелко. Од братучетка ми која мн добро ме познава, за 17 ти роденден ми поклони тренерки барби детски. Од другарки кои ме знаат цел живот обетки кои не се мој стил, ушите мислам ке ми се скинат од што се тешки. Пак се се завршува со тоа дека на поклонет коњ забите не му се бројат Ама и не е баш така. Ако јас можам да им угодам на сите и да ги прашувам што сакаат за поклон, за да не ги фрлам џабе парите, туку да им купам нешто што им треба и што им се допаѓа, така можат и они.
Пред некој ден сакав да пишам на темава,ама заборавив...најважното поклонче... Подарокот не е толку промашен,колку што е смешно...книгата Демијан од Хесе ја добив на подарок...нова,фина,само прекршена корицата многу малку,па веројатно личноста заборавила од каде и е...а и помали бевме...на првата и 14-15 страница,печат од библиотека Браќа Миладиновци и сигнатура се разбира. Ааах...да и керамичко џуџе.Зошто ми е и што мислеле,не знам,а уште помалку се викам Снежана.
многу ми е глупаво демек ај ќе купиме парфем ,,ПАРФЕМ,, демек само за името да се каже што бил поклонот, а тој и без пари да ми го даваат не го зимам на подбишега даден, па боже мој купи подобро една REXONA барем ќе ја искористам ако не друго!или пак кога ќе ми донесат некој долен веш чипкан или од оној материјал што поти поарно 3 за 100 памучни дај ми! многу се нервирам за не измислен поклон, јас ссекогаш се замарам и гледам поклонот да биде на место и да му одговара на тој за кој што е наменет!!!
За последниот роденден добив еден црн фустан, ама долг пустиот ќе си го згазнеш одејќи Како попска мантија беше стварно, па и еден материјал никаков.. без никаков детал на него. И што е најжалосно го добив од другарка на моја возраст.. па нели знае дека јас ако не друго барем не сум во секта бре Поарно така да дојдеше на торта без ништо, или со еден антипреспирант од 50 ден одошто ова кое и така ќе фаќа прашина. Ааа да неодамна добив и обетки пластични ама една дреч боја, а знаат дека не носам пластичен накит..ете таков вкус си имам и упорно. Што е најжалосно едната и беше винтот паднат
Наочари детски, пластични, кармин дреч никаков и едно блузе кратко ептен ко за 10 годишно чупе.. Ај да речам не ме знаеше жената ај, ама најлошо од се шо ми велеше ко го облеков блузето леле колку убо ти седи, а мене до над папок блузето со скусени ракај.. така било во мода и многу скапо го купила бла бла бла....
Meне сега за сега ми текнува на еден пред неколку години за роденден од вујна ми поклон дезедоранс Dior зелена боца со лилјаково капаче и на неа слика од некоја типка ама тоооооооолку гадно мирисаше луѓе аууу не се опишува и ја демек ми се свиѓа одма се намирисав и кога ја гледам мама почнува бои да мењава сиротката ќе се истуреше А да и минатиов роденден нели беа у мода тоа блузите со девојки а мене толку многу ми се одвратни и кога гледам исто вујна ми ми купила таква црна и само за по дома ја носам Ах да ете уште едне ми текна исто од неа ЦРВЕНИ БОКСЕРКИ кога ги пробав пола г*з надвор ми излеваше и така си стојат
Беше тоа пред две години, за мојот роденден. Преубава хартиена ќесичка, а внатре 2л.шише негазирана вода, Ладна, ако добро памтам Во принцип секој подарок ми е мил на свој посебен начин, ама не и овој.
Скината сукња, подарок од една моја братучетка Пижами 10 броја поголеми, дури и на мајка ми и беа големи И едно ташниче жолто дреч броја и внатре портокалов кармин
Никогаш нема да ги забравам поклоните кога ми донасаа тетратки(од тие со кошаркарите што највеке ги мразев) и молив или смоки Имав добиено и една проѕирна зелена кошула најгрозна . празни шишиња парфем и ми текнува кога една комшика ми донесе едно тестерче парфем до пола истрошено. Последниов роденден имав промашени подарци како машна за главата( такво не можам да смислам, незнам ни како можеле да ме замислат со машна на главата ) ,обечки (инаку немам дупчиња за обечки) и прслук два броја поголем (ме прецениле).
Пред неколку години на роденден ми дојде некоја пријателка на моите и ми донесе помаранџести мрежасти чорапи и би ју парфем... добро ајде океј жената немала време и незнаела што да ми купи па ајде следната година пак ми дојде на роденден и верувале или не пак ми донесе мрежасти портокалови чорапи и ист таков би ју парфем ајде парфемите се најдоа за нешто ама чорапите не Иначе на мајка ми и беше роденден пред некој ден и одиме ние на вечера во ресторан со нивни пријатели кои ги знаат долго време. И сега женава и купила на мајка ми една марама бело лилјакова со лилјакова алка а пред тоа за нова година и донесе дречливо лилјаков шал. И добро не беше тоа толку страшно ќе се најдат некако туку најлошо беше што женава и објаснуваше на мајка ми како кога била во продавница им рекла дека мајка ми многу сакала лилјакова боја и стално носи лилјаково (а мајка ми има само една лилјакова кошула и тоа не ја носи многу ) Али на поклонет коњ не му се гледа во заби ама до толку да се пукнат пари на глупост....
најголема утка веке 2 години од другарите за роденден му купуваат ланчиња ама одвратни големи и за ништо не личата ама ај машки се ама оваа година и мојата најверна другарка ми купи ланче др чанта со одвратна боја кафеава ама нема во прозиводство таква проливот е подобра боја хаххаха
Тетратка за споменарки да си пишувам во неа... ццц... и тоа дечко ми за годишнината (покрај другите поклони) тој видел кај мене некој споменар од пред 5 години и мисли уште цртам срциња и пишувам „Јас сум шекер, ти си мед, заедно сме сладолед“....
За матаура од една комшивка добив чаршав за спална( кој беше со неколку дупки). Од друга комшивка исто така за матура добив бањерка сина 5 броја помала. А од најдобрите другарки за 18-ти роденден добив топка , играчка што се врти и свети во разни бои
Мене најмногу пари ми даваат. Ајде нека се потрудат малку и промашен да биде поклонот нема врска. Едно од најгрозните подароци што ми ги дале се: часовник-црвена пиперка кој нон-стоп паѓаше Едни четки пластични од продавницата за 50 денари и едната се скрши одма. Комплет стегачи и шнолки за коса-како за мало дете Плишано не мече туку... куче Заедно со едно пенкало во форма на цигара. Ајде кучето ми се допадна до некаде, уште го имам, ама пенкалото? А сега најубавите подароци Златна кутија за накит-од мама За мене и за братучедата зела и ме праша која боја ја сакм. Заедно со тоа кучето ми донесоа еден спреј розов што го прскаш и од него излева едно така лепливо за закачување. Цело го истрошиме таа вечер и ми остана дамка на ѕидот и вратата, ама многу оригинално. И плус една голема чоколадна превкусна торта од Скопје што тетка ми што таму живее ми ја даде. Специјално донесена преку дедо ми. Мислев дека се шегува кога ми рече за роденден торта ќе ти купам.
Покрај сите промашени парфеми добиени на поклон на полуматура, најпромашен ми беше еден што мирисаше на пипс hock: па и дезодоранс имаше со него , потоа на 17ти роденден од еден другар една обична црна блуза, куса а широка
За овој роденден собираа пари и ми донесоа пегла за коса. Не е лош подарокот многу се израдував ама... Ја искористив едно 3-4 пати и дојде братучедка ми ќе се сликала за пасош и да ја испеглам и у сред пеглање ПА ПАУ!Пукна! Ти се сневиди во квалитетот поарно парите да ми ги дадоа .
Кој од кој...попромашен тешко да ми погодат... парфем нула,фустанче никакво,се некои обетки без везе,чантички..... се на се мн демоде работава... најдобро пари,и малце да се со мерак ке ги потрошам...