Еј немора да значи ова дена било тапа квалитет и ефтино, со техника никогаш не се знае. Јас и сестра ми имавме исти преси, потполно исти ни ги купија нашите, таа ја користи секој ден веќе цела година, со мојата 2 пати се испеглав и откажа, несака да се вжештува...
Средувајќи денес најдов еден таков. Значи испреплетена сушена трева некоја, со сено, и во средина свеќа. Ај што е кичеста свеќата, тоа некако ќе го преболам, но се прашувам кој можел да измисли ваков глуп изум?! Свеќа ставена во сушена трева - абе „сон“ за пожарникари Освен тоа што се рони ко лудо, па секаде остава траги, фаќа прашина, е и максимално неупотребливо Ете, така е кога се подарува нешто ради реда, им викам јас на сите - не ми носете ништо. Тој што не ме познава, поарно нека не ми ни подарува ништо. Што е најсмешно и самата другарка во моментот на предавањена поклонов сфати колку е глупав па се изнасмеавме заедно. А јас од почит до ден денешен сум го забутала на некоја заборавена полица, си викам дај да не го фрлам, греота е - и денес го пронајдов. Скоро да почне да му биде силна конкуренција на она дилдоно со огромни пропорции кое ми стои ко украс евентуално чека за испорака кај Бој Џорџ. А знам дека во еден дел на Cribs видов дека типов има фетиш на пениси па цел стан му е преполн со вештачки (се надевам барем), големи, мали, порцелански, стаклени, хартиени ....пениси. Се прашувам зошто?!
Уфф...од каде да почнам Имам добиено секакви рамки искршени на парчиња, не знаеш дали земал дрво и изделкал како што знаел за 5 мин или купил од некој кинеска продавница се за 90... Потоа, се нервирам кога некој кој го знам добри 5-6 години не знае каков ми е стилот на облекување и ќе ми купи нешто што би го носела само на орање! Всушност, не ми е до подароците, важно ми е да ми дојдат на било каков вид на прослава и да оддадат некоја почит! Секогаш почитувам подароци кои допираат до моето срце па и да се од 50 ден!
Незнам само дали некогаш во животот сум добила подарок кој ми бил вистински од корист. Рамки за слики, албуми, мечиња и украси имам за извоз (ко луѓево да незнаат да подарат нешто друго). Го ценам вниманието што ми го посветиле оние кои одлучиле да ми подарат нешто иако голем дел од нив за подарокот не потрошиле повеќе од 5 минути но сепак барем еднаш во животот сакам да добијам подарок во кој е вложена некоја креативност и да согледам дека оној кој ми подарува размислил што би ми било од корист и што навистина би ме изненадило. Можеби не најпромашен но најсмешен подарок дефинитивно беше кога имав 7-8 години... Една од другарките по грешка во школскиот прибор што ми го подари ставила испишана тетратка
хаха сум добила еден куп промашени подароци ама нели како што е поговорката на поклонет коњ заби не му се гледаат го зимам подарокот ми се допагал или не, баш за матура тетка ми ми донесе цвеке кое беше пола овенато и еден парфем од оние бугарскине од бит пазар абе жива водичка нема никаков мирис право за во канта, после за родендени сум добила безброј рамки за слики и еден куп украси кои само ми собираат прашина а најново што ми подари една другарка е албум за слики мислам во ера на дигитални апарати ја добив албум wow инаку битна е намерата нели ама ич не ми се свига кога некој ке ти даде нешо колку да се рече да не е без ич
Единствениот нај,ама нај,нај,најпромашен подарок кој што сум го добила беше од една другарка некаде во 5то одд,а тоа беше,ТАДАДАДАДАМ: Spoiler ШАМПОН. И тоа не било каков,туку шампон за кучето мое и тоа против вошки. Стварно не знам од каде и беше таа бујна фантазија уште од толку рана возраст,ама кога и да ми текне на тој подарок се газам од смеење,иако тогаш ми требаше доста време за да сфатам што уствари значи поклонот.
Си се изнасмеав на некои од постовиве, и тоа квалитетно! Најпромашен подарок - дреч и стреч порткалова маичка за 9ти роденден од тетка ми. Најлошо од се’, маичката ми беше до папок, живи бруки. Друг лош подарок - од другата тетка, чибичан играчка, и тоа расипан . Во основно стандард добивав тетратки и моливи, а некогаш и сладолед, дека сум родена во август, па тоа прво им текнувало Другарките пак, цел живот ми погодуваат подароци, тоа морам да ги пофалам
Најчурук нешто...ми делува дека е за подбишега дадено, се знае каде се наоѓаат сега! ВО ЃУБРЕ Подарувачот ке си биде во тајност... !!!
Мене искрено сите најпромашени подароци ми ги има дадено вујна ми. Не можам да се сетам на некој промашен подарок од друга личност, барем не во моментов. Вујно, ако си член на форумов ќе се препознаеш во моево мислење 100% Ти обожаваш да пазаруваш во Шутка, ама не како сите нормални луѓе. Ти за разлика од останатите сакаш да купуваш од бувљакот. Не си дошла до тој степен бре жено. Фала му на бога финансиски супер се држите не ми е јасно зошто? Никогаш и нема да ми биде. Барам логично објаснување со години попусто. Имаат пари за надпросечен живот а се циганчат. За оние што незнаат да појаснам дека бувљакот е дел од пазарот во Шутка каде што гардеробата, храната, чевлите, козметиката и уште што не се продаваат на земја и чинат од 10 до 50 ден. Тоа се веќе носени или работи со поминат рок. Многу вакви работи по различни поводи ми ги донесе дома: Шминки, блузи, долна облека, фармерки, кондури уште храна што не ми донесе. Сите како дошле така и отишле. Језа ми беше да ги земам во раце. Ама баш сите подароци потекнуваат од таму Ова ми е тешко да го разберам ама уште потешко што знам дека и храната од таму ја купува. Ги жалам братучедите кои очигледно отрпнале и го прифатиле овој начин на живот. Вујко ми пак не можам да го разберам бидејќи има пораснато во семејство каде вакви работи никогаш не се случувале. Очигледно вујна ми е доминантна. Јас кога сум кај нив на гости никогаш не сум гладна Свесна е дека не ми се допаѓаат нејзините подароци. Во неколку наврати ми го има спопикано: Дека се од бувљак не ги носиш нели? Гад ти е? Јас позеленувам и поцрвенувам од срам, најтешко од се ми е правдањето.
Неколку свеќници, од иста девојка со која многу се сакав на времето... За потоа да ми кажат (уште додека одевме беше тоа, и пред неа ми го кажаа) дека свеќници се давале кога некому му посакуваш смрт, хахаха! Да беше така, досега со мене ќе можеше да се сними цело продолжение од филмот Final Destination.
лелее се изнасмеав од постовите погоре инаку нај ама најнајглупав поклон сто имам добиено е тој од баба ми и тоа на мојот 10 роденден ми донесе прслук и гаки кои ден денеска ми се големи мајка ми немозесе да си поверува на о4ите ја тогас ни влакна под пазуви немав за гради да не зборам ама како сто казав ден денеска ми се големи
па сум добивала многу промашени поклони,рамки,украси стандард си е тоа во моментот шо ми текнува е еден сервис за кафе од времето на прадедо ми,со бокал бе на времето шо пиеле свашта
Како промашени подароци ми се машки парфем за роденден од другарка кој прашање е дали воопшто коштал 50 денари, некои никакви дезодоранчиња кои копаат на цвекиња (фууј), некои безвезе украсчиња и тоа од кинеска (се гледа дека ич не се потрудиле туку правец во кинеска и најефтиното безвезе укравче ) А најпромашениот подарок ми беше за последниов роденден е тоа што ,,најдобрата'' другарка не ми дојде затоа што е многу стегната, ич не и се даваат пари own: Најлошо е тоа што на телефон не се ни потруди бар да измислеше некоја причина зашто не доаѓа туку се здтка и на крај си призна Не ми е битен толку подарокот, најубавиот подарок е самото присуство на некоја личност, што дошол да те испочитува.
Ме изнасмеа Можеби го купил уште тогаш кога те видел , па бидејќи од тогаш те нема видено, да не мења човекот, сега ти го дава
најпромашен подарок, незнам ни дали беше подарок . На мој 16 роденден доаѓа баба ми да ми честита роденден, а живеевме во куќа заедно, и во рака носи 1 кг. брашно. Јас го гледам брашното и и викам го купи па дојде, дај да го ставам во ходник да не си го заборавиш, а она мртва ладна не бе Неса ова ти е подарок за роденден од мене и дедо ти за да станеш добра домаќинка. До ден денес се чудам и со мајка ми се смееме
касичка за 18ти роденден! па дааааај не сме дечиња више... и тоа од најдобра другарка на која секогаш и носам убави поклони пр книга... а она брате ни око да и трепне касичка си купила една шарена мала не е ни прасе. и шо да и праам јас на касата? кај да ја стаам -.- мн мрзам такви непотребни работи што факаат џабе место -.- ууууууфффф се нервирам кога ке се сетамна ова. -.-
Слично ни се случи и на нас за свадбата, само што во прашање беше кафемат, кој уште додека го вадевме од кутијата ни се распадна во рацете, и беше чистен со жица,се познаваа траги на капакот, а од задната страна имаше насоберено некакв мрснотија во жлебовите. И исто за свадба добивме прекривач,кој мирисаше на нафталин.