хахахаха ме изнасмеа постот со пазарењето на вујната во шутка Како и да е и јас имам добиено многу промашени подароци за моите родендени.Имено,моите кумови се добри луѓе,но не се гледаме често(т.е.последните години само за мојот роденден)така да не верувам дека намерно ми носеле промашени подароци.Бидејќи нели не ме виделе цела година,секој роденден ми носеа парчиња облека кои веќе ми беа мали Ниту едно од нив немам облечено
Најпромашени подароци ми носат кумашините СЕКОЈА ГОДИНА по ред за роденден, тренерки бр. XXL (за мајка ми ). И сама си признава кумашинката ама пак и пак носи огромни. Инаку: рамки, саати, дезедоранси скапани и куп украси за никаде ми се, подобро едно чоколадо дај ми, или пари, бар од сите тие неискористливи работи ќе си купам една корисна. Инаку најпогодени подароци ми купува на тато другар му, самиот кажува, бира по 3 саати у продавница. Еднаш ми донесе сложувалка од 1 000 делови, флороцентна, прекрасна, ама за жал никогаш не успеав да ја склопам.
За свадбата ми моја која мразам што ја имав си добив, 1м метро материјалче сиво, бабинско, како свадбен поклон. Толку беше грд, изветено, мирисаше на влага. Се прснав од смеење кога го видов.
Е прочитав секакви мислења, и сите викате дека подобро е пари, ама верувајте, не е. Една другарка моја, која како да кажам... е специфична, се нема сменето едно 4-5 години, останата си е иста, како во облеката, косата, стилот така и во паметот. Ама ајде нели, нема лоша душа девојчето и ја викнав на роденден. Доаѓа, ме гушка и ми дава 100 денари, ама онака баш како НА! Седиме што седиме, она како по обичај нема осет дека треба да си оди, саатот си мине... Кај 1 и пол, после полноќ, и ѕвонат од дома, ајде кај си иди си. И типкава, ни едно ни две, ми вика ,,- Ааа.. имаш да ми дадеш пари за такси, ќе ти ги вратам ,,. Земав и ја дадов 100 денарката што ми ја донесе за роденден и никогаш повеќе не ми ја врати. Друг промашен подарок е едно парфемче што мириса на пластични цвеќиња пребришани со влажно марамче, некогаш завесите си ги шрицнувам.
Ме потсети @Ljubam, за сведбата и јас добив ама од кумата еден материјал од кој требаше да шијам нешто.... а само да го видите, жолто, накај златно, некој сатен светкав, леле ни за постелнина не го бидува, па не за нешто што јас треба да го носам . Најјак подарок ни беше една ѕидна ламба, зелена, ама од времето на нашиот сакан другар Тито. Седам во собата со подароци отварам таква возбудена и кога ја видов ми се стемни, не ми се отвараа другите....покомунистичко нешто не сум видла .. Имаше уште неколку забегани работи ама ај да не кажувам
Не дека јас сум некоја лимон-табиетлика, ама навистина ретко кој ми ги погодил подароците во текот на овие 17 години! Значи, поклони од типот на рамки, албуми за слики, украси, касички и палјачовци со испокршени нозе беа секојдневие на секој роденден И многу ми е криво што подароците ми ги промашуваат баш личностите кои најмногу ми значат - демек не ме познаваат доволно за да проценат што сакам, а што не. Една од најдобрите другарки за роденден (не се сеќавам кој по ред) ми донесе едно ко вазниче и во него 3 ружи со стаклени цветови, исполнети со црвена и жолтеникава течност и мирисаа на нешто...грозно и сега така стојат во витрина колку да фаќаат прашина... Една школска во 5то одделение ми поклони барбика (од оние пластичните од по 50-60 денари) и замислете куклава имаше пенис и стегач во коса! - страшно креативно, се закопа оваа кога виде, а немам појма како дојде до соблекување на куклето Други вакви креативни поклони не ми текнуваат, а секоја чест на мајка ми, која успат со подароците знае да чкрабне две три лепе речи и уште толку ми го разубавува поводот за славење, вујна ми која никогаш ми нема промашено ниту еден поклон и ..толку
едно магнетно делфинце - брош од особа која многу ми значеше и од која очекував порамантичен подарок за роденден, вака се почуствував како баба со брош
Рамки, рамки, рамки, албуми, рамки .... патетики Али нај најружно од се - пластична ружа за 8-ми март. Тие од 10 ден. Ми идеше од глава да и ја удрам на личноста што ми ја поклони. Наместо тоа, љубезно и одговорив -фала-
Еден роденден сите ми донесоа албуми за слики, а пак на следниот да сменат малку сите дезедоранси од по 80ден. Ама ајде не е битна цената, бар да собрале пари па еден асален да зеле. И се сеќавам на еден мој роденден неколку другарки требаше да се собереме таа вечер да одиме до пицерија за мојов роденден, ама предходно цело време пекав книга сакам, сакам да потрошам пари на книга, сакам асална книгаа.. ама само да им дадам дознаење да не купуваат некои рамки за слики, парфемчиња.. туку книга да купат. И таа вечер јас доаѓам во пицеријата тие ме чекаат и гледам во кесето некое поклонче така помало, а јас надежна дека книга ми купиле. По некое време ме молат ајде отвори, отварам, што да видам едно меченце плишано . Ми се идеше главата да му ја искинам, и пердувите да му излетаат, колку убаво како искубана кокошка ке беше. Ем мече, ем кокошка . Јас дома место немам каде да ставам плишани работи, тие мече купиле. Во себе си викам, што купувате бре ако не знаете да погодите . Не беше толку лош подарокот, ама јас бев таа која очекуваше и се надеваше на нешто друго .
Мече големо! Ќе му се радував премногу .. го добив од многу блиска другарка. Но пустата заборавила дека дента кога и го подари дечко и ( сега бивши ) беше со мене на кафе заедно со мечко !!
Од кој ако не од дечко ми. Знам дека идевме 1 година тогаш, 1 месец +-. И фраеров мој ми подари мече. Ај на страна што знае дека не сум љубител на мечиња и слични на нив предмети, мечево беше не било какво . БЕШЕ УЧЕНИЧЕ. Со наочарки како на Хари Потер, со книгичка во рака и со оние коцкастине капи . Катастрофа. А он сиромав ми го даде радосно. Фала реков. А дома кога стигнав незнаев што да му правам. Да го фрлам не бива, греотка е, да ми стои истакнато ич па не иде. И и го дадов на братучетка ми 2 годинки има. Му се изнарадува . Знам злобна сум, ама неможете да претпоставите какво беше. И пред некое време, после 2 години му текна да ме праша кај е тоа чудото. Јас му реков: Еј па уште одамна и го дадов на Маца, му се изнарадува. И искрено не ми се свиѓаше. Не ми се уклапаше во ентериерот на собата . А он на тоа: ЗНАЕВ... Не се налути ич. Ми падна камен од срце
за роденден добив гоооооолемо гоолемо мече беше спакувано во розева хартија со срценца.. се беше во ред се додека не ја здогледав етикетата на која пишуваше *СРЕЌЕН РОДЕНДЕН, АНА!* (другарката што ми го "купи" поклонот) мечето го дадов на едни циганчиња што лежеа на улица ми падна жал ама многу ме изнервира другарка ми што барем неколку години по ред ми носи нејзин поклон!!
Mи текна на уште еден промашен подарок,прееска кога си ги средував шминките :geek: за католичкиов божик добив кутија со шминка,не беше којзнае колку голема,ама имаше руменило,сенки,безбоен сјај,и моливче мрсно за очи(розе) кутијата имаше огледалце,и пробав сенките луге каква боја имаа ај тоа на прст имам боја,на очи ставам нема боја ставив руменило-почна лице да ме чеша,сјајот-устата да ме пецка,единствено кутијата вредеше.и имаше подлога пластична,ја иставив,ги ставив сите сјајчина,а сенките,руменилото-ги префрлив.Aма не се налутив воопшто затоа што ми беа подарени од женска особа- која не ме познава,онака само сум и паднала во играта
Знам на какво мислиш,братучетка ми имаше такво. Code: http://www.google.com/imgres?imgurl=http://www.teddybearfriends.co.uk/images/teddy-bears/thumbnails/student-teddy-bear.jpg&imgrefurl=http://www.teddybearfriends.co.uk/teddy-bears/gund/&usg=__a5nozVh6hA6SbOLtlBgb1iJlBPY=&h=120&w=120&sz=4&hl=en&start=30&zoom=1&tbnid=CAKYjJ-pnvCQ1M:&tbnh=88&tbnw=88&ei=cQjITc_NFNGBswaw4JmACw&prev=/search%3Fq%3Dstudent%2Bbear%26um%3D1%26hl%3Den%26safe%3Dactive%26biw%3D1280%26bih%3D899%26tbm%3Disch&um=1&itbs=1