Форумџика на годината 2020

Најскапа гардероба, а најмал избор за купувачите. Зошто?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 16 декември 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Зошто во Македонија, земјата која има најнизок стандард во регионот, најниски плати, има најскапа гардароба и најмал избор за купувачи???

    Јас мислам дека ние сме овци кои не стрижат сопствениците на бутици!

    Прво кај нас најголем бренд е Манго. Да го кажеме ова во друга земја ќе ни се згазат од смеење.
    Немаме многу продавници кои се за поширокиот круг на купувачи како Zara пред се, H&M, Bershka, Pull&Bear, Diesel, Kenzo, Victoria's secret a да не зборам за поголеми светски креатори и нивни продавници.

    Друго е што сме најскапи.
    Гледам на хрватски форум девојче од Њујоркер купило чипкано фустанче за 550 денари на попуст, а било околу 1000. Јас истото кај нас го гледав 1800 беше, со попуст 999 денари. А како германска фирма замислете која цена ја има Њујоркер во Германија . Една Хрватска има 50% поевтина гардароба од Македонија |(
    Купив од Бершка пред 3 години дуксер на сестра ми на попуст 15 евра. Во Македонија лани после 2 години донесен во Евроазија беше 2500 денари :swear:
    Аутлет продавници кои немаат благе везе со аутлет цени.
    Само кога ќе се сетам на Зара аутлетот што го затворија, гардароба пред 10 години а цени изгор.

    А и трета работа ... кога пишува на излог 70% попуст, во странство се е 70%. А кај нас само 1 рафт изнафрлано е 70, другото е 20-30% на попуст.
    Се изнасмеав за Нике распродажбата лани кога затвараа продавница. од 3000 блузиче на 1800. Распродажба е тоа?

    Зашто се случува тоа не ми е јасно.
    Преплавени сме со прескапа кинеска гардароба. Шутка е поскапа од Космос во Солун за време на попусти. Елит и Еко имаат цени како Зара, Бершка, Манго што имаат во Шпанија, а имаат кинески турски парчиња гардароба.
    После ќе не викаат предавници што пола Македонија оди во Солун или други земји на шопинг, ама срамота е тоа што го прават продавниците тука.
    И никако да ми се разјасни ЗОШТО е тоа така?
     
    На Cacy, TheCandy880, Gea и 12 други им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.670
    Допаѓања:
    9.755
    Пол:
    Женски
    Навистина не знам како би одговорила на ова прашање.
    Прво и основно, ние сме мал пазар, низок стандард, слаба куповна моќ. Тоа е и причината поради која не се отвараат брендовите кои ги имаш наведено. Се претпоставува веројатно, дека поради нискиот стандрад и да има такви продавници , нема да се купува масовно, како што тоа се прави во другите земји.
    Жалосно е навистина, ама еднаш имам кажано дека од директни извори знам дека H&M нема да отвори кај нас барем наредниве 5 години...

    Второ, според логиката би требало да имаме ефтина гардероба, зошто средната класа кај нас е доминантна. Но ние сме мал пазар, малку купувачи, па мислат дека со помал избор би се задоволиле. Баш заради тоа што сме мал пазар, цените се високи. Немаш каде да купиш, изборот е мал, а сепак мора да купиш. Па нормално за дуќанџиите е да набацат високи цени.

    Трето, вистина е тоа со попустите. Разочарувачки е и дури, што ние толку мизерни и мали , даваме толку пари за гардероба, кој реално вреди тродупло помалку. Единствено што сум видела попуст, ама баш 70% било во Фиори, а тоа е сепак некоја неквалитетна турка и кинеска роба. Другите си држат цени и при попуст. Во ЕвроАзија не ни влагам, се ужаснувам просто кога ќе видам фустанче од пред две години ставено со цена од над 2000 денари. И жал ми е за нашиве девојчиња, кои сакаат да градат сопствен стил, а немаат од кај да најдат гардероба за истиот.

    Да не е така се црно во мојов пост, ќе кажам дека наслушнав муабети дека во Гевгелија ќе градат голем трговски центар, во кој ќе ги има речиси сите брендови како во Cosmos. Дај Боже....ќе ми биде ова Новогодишната желба, па аирлија нека е.
     
    На JuLleE и sesilija им се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    И јас слушнав, мислам и негде прочитав за тоа.
    Супер идеја.
    Гевгелија е супер место зашто тука се купувачи од Македонија, Грција и Бугарија.
    Се надевам дека ќе се реализира тоа.
    Зашто стварно сме овци кои не стрижат :lol:

    Се е точно тоа што кажа, ама најмногу се ужаснувам кога читам коментари на сопственици како се разочарани од купувањето, не можеле да ги покријат трошоците |( За нив покривање е ако купат блуза од кинески пазар за 2 евра, да ја продадат тука 1000. И биле разочарани од купување на попуст. Кој пусти попуст? од 1000 на 899 ден?
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.840
    Допаѓања:
    114.183
    Затоа што кај нас сите трговци се неуки бараби со многу пари,а не вистински трговци.
    Нема врска малиот пазар со цените,со изборот и така натака,да е за друго нешто,каде се работи за навики или специфична стока да,ама за текстилна индустрија,ова правило во принцип ретко се остварува,освен ако не праиме муабет за кинеска свила или ептен за висока мода,дизајнерска облека.
    Брендови од типот на зара,H&M,пул енд беар,бараат многу услови кои не се тешки за исполнување,само бараат следење на правила,ама македонче не сака правила,сака само да си ја реди работата и се у џеб а пика.
    Јас тргнувам од пиљара на пазар,па потоа гледам како ги работат бутиците.Се нема основен осет за бизнис,не знаат да претпостават,проценат,истражат,туку мотивот им е заработувачка,па не иде,епа нема да оди.
    Би образложувала,ама времево ме гази за нешто,може покасно ќе се надворзам,
    Темава е за во општи,иако е за облека,сепак...општа е дискусијата,не е мода у прашање.
     
    На Angelche и rossonerka им се допаѓа ова.
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.670
    Допаѓања:
    9.755
    Пол:
    Женски
    Во принцип македонските дуќанџии нема некој осет за бизнис.
    Па повеќе ќар ќе има да ги продава тие маички од 2 евра , тука по 5 евра. ПОбрзо ќе ги продаде, побрзо ќе дојде до профит.

    Инаку на моја другарка, татко и има некоја менаџерска улога во ЕвроАзија. Ги знае речиси сите бутици, газди и цени во ГТЦ. Секогаш го слушам кога ме советува, зошто знае робата од каде ја носат.Во Трафик на пр. ми има кажано дека реална цена на пар чизми, фабричка значи е 200 денари, а ти ги продава по 3000. Исто и за некои парчиња облека низ продавниците.

    И сума-сумарум, на нас ни се исплати најмногу да си поштедиме малку, и да се пуштиме на шопинг во Солун, на попусти. Тоа што таму количински ќе го купам за 200 Евра, тука за тие пари нема да се задоволам ниту квалитативно ниту квантитативно.
     
    На MarchelineAmaru и rossonerka им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    53.598
    Пол:
    Женски
    Еееј кога вие од Скопје се жалите, што да кажеме ние од Охрид? :'(
    Имаме некои десетина бутици во чаршија и двајца газди. Во сите дуќани е истата роба - кинеска и турска и дупло поскапа од што треба да биде. Не ја знам точната причина за прашањето од насловот, ама претпоставувам дека тоа е македонскиот синдром на лакомштија и желба за инстант збогатување.
    Јас му помагав на еден газда од детски бутик при внесување на новата роба (од Турција ја имаше набавено) и ставаше маржа 2.4, на некои јакнички до 2.7. Претерано. И после попуст ќе даде 30%. Ма дај!
     
    На WhiteAngel и Hipica им се допаѓа ова.
  7. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Се е глобална економска политика. Гардеробата зад која стои италијански, германски, шпански итн бренд, се произведува кај нас. Не буквално само во Македонија, туку Бангладеш, Молдавија, Албанија, центри на евтината работна сила. Паметно играат европските бизнисмени, кои во интерес на профитот, си ги бираат бедотиите од земји, за мимимум трошоци и максимален профит и во нашето текстилство учествуваат со мостри, материјали и конторлори а се остало (опрема, работна рака) паѓа на терет на нашите приватни бизнисмени, кои немилосрдно го земаат данокот во крв од нашите мајки, тетки и мили женички во малите погони за текстил.
    И произведени тука со знакот на Мango, Proekt, H&М, Оvisse и не знам кој други се траснпортираат во матичните работилници во Запад и од таму се препродаваат со 100 % заработувачка и повише.
    Е сега, запад си е запад, и имаат разработено доста паметна тактика, како да ги продадат заостантите сезонски парчиња, за следната сезона да изложат свежително и ново, а притоа максимум да заработат и да не ја оштетат државата. Паметњаковичи се. Воведуваат намаление во екот на сезоната, зимското од 10 јануари, летното, средина на јули и имаш фора пола сезона да носиш нови модели, а башка си владее убеденоста дека е истакната реална цена поткрепена со квалитетот, трендовскиот сезонски модел, во таа смисла нема сомнежи за превари, менење етикети, шверц роба и сл. а и државата реагира.
    Стартуваат со 20 % намаление, па следната недела 50 па 80% и ако си меркал џемпер, панталони, од 80 евра, си ги купуваш за 20 евра, или за некоја чудна цена што и нашиот стандард би се запрепастил од можноста за 150 евра буквално да си накупуваш квалитетна облека за две сезони. Навистина шашаво, ама функционира. И замислете, законски се е изрегулирано и не се остава на вољата на сопственикот да се прашува дали сака или не сака. Задолжително е.

    Зошто нема или ги има кај нас по ненормални цени?
    Кај нас не важат тие правила, не сме во европското јадро да користиме, изолирани сме, башка оптеретени со царини и даноци за увоз на истата роба, произведена кај нас и ни остануваат отворени турските и бугарските пазари, каде нашите бизнисмени жарат и палат и немањето избор на пазарот го искористуваат со петократно покачување на продажната цена за шкарт роба, а еднократна употреба на истата. Провидно е, револтира, ама така ни ја подредиле.

    Сето ова е еден глобален синџир на исхрана, во која посилните ги јадат помалите рибички, па нормално дека некои виши сили и интереси ќе не држат упорно подалеку од европскиот пазар и сите негови доблести за да си ја спроведат својата политика на максимално експлоатирање во името на профитот, а ние дотогаш ќе се прашуваме зошто е тоа што е така, неправедно и недолично, срам ги било.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    374
    Македонија е земја во транзиција, далеку од ЕУ, подалеку од Германија, Шпанија( потекло на овие брендови што ги зборуваме ) него ли Хрватска...така да нормално кај нас цените ќе се повисоки ( него ај што се повисоки цените океј...ама пак зошто облеката е колекција од 2008 иста цена како за колекција2010 :^) )ВТФ!! |( Ем Македончето плус на ова сака да си заработи па така да ние само можеме да си пишуваме тука и да се жалиме на високите цени... :!:

    Еве пример...летово идам у Грција на одмор ( не во Солун ) и влегувам во Тали Веил и си купувам чизми на 70% попуст за 8 евра :rock: :wasntme: После Грција идам за Хрватска у Загреб исто на шопинг, влегувам у Тали и истите чизми кои јас ги земав за 8евра на попуст во Хрватска ги гледам и се шокирам чизмите 30 евра на попуст :o

    Ехх...за крај идам Тали у Ск сега пред неполн месец и се запрепастив кога видов дека нема ништо а цените набутани за летна колекција :^) :swear:

    Сума сумарум Грција е во ЕУ...Хрватска поблиску до Германија, Италија, Шпанија....а Македонија :?:
    Можам иство да го потврдам и за другите брендови Њу Јорлер, Бершка...ама многу треба да пишувам, битно ми ја свативте поентата :wink:
     
  9. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    во правосте ама не во целост, бидејки не помислувате какви све трошоци треба да покријат дуќанџиите за својата работа, во Мк плаќаме најскупа струја, индустриската е изгор, какви се не даноци и царини, бензинот ни е ѓавол ипол мора со нешто да ја донесе робата, па после доаѓаат платите за вработени, осигурувње и сл. а за киријата на дуќаните да не ни зборувам, во ГТЦ во ск се движи од 1000е за оние најмали дуќанчиња па нагоре, во рамстор е околу 2000е за месец, кај нас во Ку најголема кирија е 600е за тие бутици што се во центар, но сепак се зависи од големина на истиот, па кога ке додаде и трошоци за роба и инвентар за средување.
    така да воопшто не ми е чудно што имаме најскапа и најнеквалитетна гардероба во регионот а и пошироко.
    а во Охрид цените се високи само поради тоа што е туристичко место и гледаат од туристите да се збогатат плус, а не им е гајле за охриѓаните и другите од мк. За разилика од другите држави, пр. во Турска кога бев кажуваа турците дека кога ке приметат дека си странец веднаш цената рипа на тродупло отколку што би продале на турците. но тоа ни е ке си трпиме
     
    На NadicaBT му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.192
    Hе не не, што да кажат тие од Велес? :(
    Мизерни плати имаат значи 7-8.000 по бутиците дури и по 5000-6000 ги плаќаат, а облеката :x Колку им е скапа не сте свесни, ма Скопје е вода за нив бе!
    Јас се чудам кога гледам по бутиците, цени до небо парталчињата
    А инаку ако се отвори тој центар во Гевгелија ќе биде супер, грците сите пари ќе ни ги носат :)
    и така тие што живеат близу до граница, па дури и од Солун доаѓаат да купуваат храна и бензин во Гевгелија ;)
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.517
    Некаде прочитав или наслушнав дека продавниците кои рекламираат фамозни попусти од 50-70%, а не се придржуваат кон истите ќе бидат казнувани.
    Јас сум сонувала или навистина се спрема такво нешто и како би функционирало тоа?
    :?:

    Една пријателка од Анкара ми кажува како за време на летниот попуст во Манго кај нив, купува парчиња за смешна цена од 10 евра и тоа на попуст е нормално последната колекција, не некоја од пред 4 сезони.

    Боли тоа што некои фирми како Зара, Бершка што во Шпанија да речеме се токму достапни за средната класа, кај нас со астрономските цени се издигнуваат на некое толку високо скалило, што се недостапни за просечниот македонски џеб, дури и на попуст.

    Кај нас облеката е ужасно скапа.
    Не можам да најдам нзс и не знам зошто е тоа така.
    Најевтини испаднаа македонските фирми и текстилни компании, а порано беше обратно.
    Сега се ужаснувам и од цените на обичен пазар за одредени парчиња облека, не сакам ни да продолжам понатаму.
     
    На MissDior, MarchelineAmaru, maca99 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    Дека сме мал пазар сме, и Словенија е мал пазар, па да не ви кажувам какви се работи има во Словенија и какви се попусти нема во Словенија. Ама словенец не е македонче.
    Незнаме ние да правиме бизнис, таква нација сме, глупава, алчна.
    Гледаме само да ќариме, па макар и краткотрајно, па после ако пропадне, нека, битно некој се напунил со пари.
    Има врска до некаде дека имаме мала куповна моќ, па затоа не ги носат сите познати бренови кај нас.
    Но тоа не е причина зашто Манго е 20% поскапо кај нас отколку во Солун. А за Њујоркер, па да не зборувам |(
    Ауроазија е грабеж, не се нормални со паметот, и јас истата алка од пред 2 лета ја најдов сега есенва.
    Јас ја земав 4 евра на попуст од 8, тука беше 500 денари на попуст од 1000 :swear:
    И како човек да не се разочара, и да сака да купи нешто кај нас.
    Не ми е мене нешто очајно важно, дали работата е од пред 2, 3 или 5 години, не сум толкав помодар, ме иритра фактот, што не прават офци и не стрижат со изгор цени на нешто што е застарена колекција и го купиле сигурно на некоја смешна цана, помала и од тие 4 евра за кои јас сум ја земала.
    Жални сме, и гревни, кај сме утепани, уште толку не осиромашуваат :(
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    Се согласувам со тебе , но тоа не завршува кај облеката...Извини што сум off но нели често слушаме на телевизија споредби на пример на квадрат на стан во Скопје и други појаки метрополи......
    Значи заклучокот е дека кај нас има многу лакоми бизнисмени кои сакаат преку ноќ да се обогатат на сметка на другите, значи мора од некој да се "украде" за да можат така да се издвојат и да влезат во високото друштво преку ноќ....
    Размислуваат себично , а се здружени меѓу себе и затоа ни е вака..Треба некој да го прекине овој круг на мамење на народот па да видиме сите дали и тогаш некој ќе држи вакви лажни попусти па сите да му избегаат кај конкуренцијата....
    Мал пазар сме :shake: , па што... Нели да се реални и ние повеќе би трошеле тука и би бил поголем обртот на целата Македонија.. И ќе бевме ем задоволни потрошувачи ем појако стопанство .......
     
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.796
    Да почнам од она „зошто?“. Затоа што им се може! Пумпаат цени на кинеска неквалитетна роба, ама народот купува... Лажни попусти во реномирани фирми, ама поминуваат неказнето, а народот (пак) купува. На пр. Пеко. Чевли од 2990 намалени на 2990. Како? Лесно, горе е напишано дека биле 3490! И ако некој не бил пред попустот и не знае, ќе си се израдува дури. Не се виновни во Евроазија, тие си гледаат за сопствен ќар, туку тоа што Евроазија е секогаш преполна и постојано се купува. Па зошто тогаш да намалат цени? Точно дека за поголем пазар цените секогаш се пониски, ама знаеме со какви цени настапи Victoria's secret кај нас, а да не зборам со какви партали. И сигурно купува некој. Кај нас роба од 500 ден се продава без проблем 5пати поскапо. Производите на Топ Шоп се поевтини во Србија (Ист бренд, ист производ, ама таму поевтин и тоа за најмалку 1000 ден. од тука). Да не зборувам за авионските билети, туристичките аранжмани, козметика, не е само гардеробата. Спомна некој за становите, па како може квадрат во слепото црево на светот, Скопје, да чини исто како во светски познатата Будимпешта или некоја друга европска метропола? Сигурно тоа не е реалната вредност, ама ако се купува и за таа цена, зошто би поветинило... И додека низ светот има сезонски попусти и до 90% (ама реални!), а Американците измислиле дури и Black friday, кога и техничката роба е со неверојатен попуст, кај нас со најмала заработка се во IT секторот, друго се е едноставно легализиран грабеж. И се додека е матно ќе биде така.
     
    На silvice, MarchelineAmaru, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.231
    Допаѓања:
    8.050
    Па првото секако се однесува на тоа што е мал пазар. На некои поголеми брендови едноставно не им се исплаќа да се замараат со земја што има 2 милиона народ. Или пак ако отворат продавници, тогаш компензираат со цените.
    Но настрана брендовите, јас ужасно се нервирам за набиените цени на кинеската и турската роба со којашто сме преплавени. Ај за продавниците во центар ќе речеш имаат висока кирија (но и те како се покриваат трошоците со пристапни цени), ама кога ќе видам во Шутка или некоја збутана продавничка некои ненормални цени, стварно ми се одмилува да купам. Барем да беа квалитетни па да ги даваме парите. А вака што, добиваме нула квалитет, облеката се кине и избелува после 2 перења...избор никаков, а цени исти и поголеми како во некои европски метрополи.
    И не само за облека, спомнавте и техника, ама уште една работа што ми боде очи тоа е храната. Обавезно кога се ближат поголеми празници, цените магично се зголемуваат за 50%. Поскапува и месо и зеленчук и овошје. Наместо сите да имаат храна разновидна на трпеза, да се мислиш на што попрво да скратиш и да не си ја дадеш цела плата на јадење.

    Можеби трговците се криви, но во ова време кога се врти се околу пари не може да се очекува ништо друго. Кога народот е овца, нема они да се прават фини па да намалуваат цени. Затоа ќе кажам дека поголема е кривицата на купувачите. Гледам на форумов па и околу мене, се убиваат сите од замарање пред нова година, се фрлаат премногу пари за матури, а во поново време и полуматури. Одамна не купувам кога е масовна хистерија низ центар, едноставно нема да придонесам во тој брз профит.
    Една година да се бојкотира шопинг во вакви периоди, нека зашкрипат малку со профит, да видите како одма ќе има реални попусти.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.570
    Ова ме потсети крајот на Ноември во евроазија, јакна за само 10 000 денари. Ја погледав како да е икона и културно се прекрстив пред јакната.
    Конкретно за бутици кои носат кинеска роба, која смрди во радиус од 10 метри. Прво парчињата облека ги купуваат на кило и тоа 1 кг облека има цена еквивалентна на едно парче од тој куп облека, па можеби и помалку.
    Попустите со непарни цени се фантастични.. од 2000 на 1899.
    Како што многумина кажаа, во аутлетите гардеробата е поскапа и од новата колекција и она што е нормално за другите држави,за нас е луксуз(зборувам за брендовите кои ги носат од типот на манго и компанија)
    Да не можеш да си дозволиш барем еднаш месечно шопинг. Додека во светот за 20 евра се облекуваат од глава до пети, ние за 20 евра купуваме едно мизерно маиче кое не вреди ни 2 евра.

    И после, што би рекол Маријан... стил ќе фураме. Шо стил.. стил е ако имаш пари.
    Некогаш си се жалам зошто секогаш кога купувам, не купувам нешто настрано за задоволство, туку за потреба.
     
    На MarchelineAmaru и mims-89 им се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.035
    Настрана тоа што е скапа гардеробата ама трговциве барем некој вкус да имаа па да не беше 90% од гардеробава со циркони, пердуви и шљокици |(
     
    На gwen и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  18. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.562
    Каде е тој трговски центар, зошто јас не го знам? :D Плус гледам коментарот е од 2010.
    Ох нека не ви биде надежта во Гевгелија бидејки дефинитивно е нај скап град од цела Македонија.Не зборувам само за гардероба туку за се.Поради Грците цените ги креваат во вис.За викенд доагаат, ја полнат колата до врв и си одат.
    За гардероба има најмногу 10 предовници во кои парче под 1000 денари нема.На излог 70% попуст, а намалението да ти било на ѕвонести фармерки од пред 5 години.Е тие фармерки ги продаваат 900 денари.Да ти се сврте паметот.За 1 парче не ни се исплаќа да одиме за Скопје или Струмица но кога е во прашање повеке сите пазаруваме од друг град :)
    Оние кои живеат во поголемите градови каде, каде имаат повеке избор.
    А за тоа што во Македонија едно кремче го купуваат по набавна цена од 20 денари а го пордаваат 300 не ми се зборува.Да пукне човек од мака.
     
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    ^ Ма не да е скапо во Гевгелија, изгор е. Поради овие Грците и Казината цените се кренати најмногу што може. Попусти има чудесни, од 2000 на 1800 обична фармерка. И за јадење е исто скапо, и гардероба. Прост пример во Скопје во една бурекчилница 1/4 бурек е 30 денари а во Гевгелија е 50. Додека една со извинение мочана пирошка е 80 денари. ИЗГОР! :x
     
  20. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    58
    Не знам зошто ама...пумпаат цени на кинеска неквалитетна роба, ама народот купува...Во теранова дуксер од 2500 намален на 2000?Една другарка моја помина 2 месеца во Грција летоска и кога дојде,со нејзе донесе уште еден куфер полн со алишта што ги купила таму.И ми збореше за тоа како таму (не само таму,во сите Европски земји) брендови како Zara,H&M,Bershka.... се наоѓаат по цени што кај нас ни на пазар ги нема.5 евра за маичка,10 за панталони и тоа све брендирано.Само,ете... И кај нас има за 300 маички ама работата е што за нив,треба да чекаш 3 месеци да дојде попуст и секој ден да одиш да проверуваш дали ја намалиле. Нешто спомнуваа ќе краделе трговски кајшто ќе се продавало брендирана облека по супер цени,жими гзов ќе се продавало |(
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.