1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најскапа гардероба, а најмал избор за купувачите. Зошто?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 16 декември 2010.

  1. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Зaтоа што кај нас сеуште не е развиена трговијата како што е во другите европски земји, кога ќе влеземе во Eвропска унија претпоставувам многу работи ке се сменат, али тоа е ни останува да чекаме или трк до Cолун на шопинг :lol: Mене единствена надеж ми е Skopje City Mall, ќе се отвара во септември годинава и ќе има Zаra, Pull & Bear и уште некои што ги немаме, али не сум сигурна само прочитав така на страната па колку е точно незнам.

    Eдит: http://www.skopjecitymall.mk/
     
  2. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Што дека ќе се отвори? Пак ќе се изгор цените. Се додека владата не го реши проблемов, нема да видеме ние аир.
     
  3. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    Многу чудна работа се нашите продавници. Особено оние како Евро Азија.
    Влегуваш и наоѓаш навистина, оригинален производ од линијата на Џеј-Зи, Rocawear, но со цена 2.500 ден.! Како оригинален ќе објаснам. Сигурна сум дека никој досега не забележал, но неинформираноста нив им годи, затоа што нема да бидат испрашувани. Можеби некој ќе помисли дека цената е реална со оглед на името кое лежи зад облеката, но на тоа би поставила едно прашање.. како се нашло тоа парче облека во Евро Азија?? Имаа оригинални машки кошули од Rocawear.. мене тоа не ми е јасно, никогаш не сум чула дека Евро Азија соработува со овој бренд и легално ги продава производите. Ќе речеш, залутани парчиња, па да ги продадат.. ок, но како ќе ми ја објасни некој оригиналната етикета што се дава од самиот бренд, а стои заедно со производот во продавница како Евро Азија? Имаат некои сомнителности.
    Друго, колкав ли само простор поседуваат и колку облека можат да понудат, барем да се обидеа да набавуваат нови парчиња почесто, да прават распродажби на оние работи кои преку цела година прашина фаќаат.. но, не. Си ја држат цената упорно висока. Секоја зима е истата приказна.. ќе дојдат попустите по Нова година и сите ги спуштаат цените, Евро Азија само става плакат дека има попуст, а тоа врска нема. Всушност, исто е секогаш, не само за време на зимските попусти.
    Теранова ме изненади пријатно годинава. Имаа избор, за разлика од други години кога ништо не можев да си најдам. Почнаа да ги намалуваат реално цените, ама секако, почетните цени се исти како во Италија. Навистина нема логика да одиме со исто темпо на распродажба, а ниски плати. Но, самиот бренд си има фиксна цена и тоа е таа што треба да се наплати, макар живееле во Зимбабве. Нам, ако реално правиме муабет, всушност платите ни се проблем, а не цените во продавниците. :)
    И како што минува времето, се повеќе продавници се испозатворија и останаа само некои, ете така.. да се залажуваме.

    Имам патувано доста низ Европа и секое ќоше е поголем трговски центар од сите трговски центари во Скопје. Од толку избор, вртоглаво ниски цени.. А оние парчиња со високи цени, (рецимо 5.000 ден Најк патика) е навистина квалитет, душата да им ја извадиш од носење. А и тука купуваме (немојте да ми кажете обратно) и преку зима ќе трпиме низ снеговите затоа што се одлепила напред и чорапите ни се мокри, ќе се разболиме ама сме ја купиле од Најк... за 8.000 ден. Ех... Шлог ме мавна кога ги видов цените за време на т.н. попусти.

    Околу изборот..многу ми е криво што гледам трендови кои доаѓаат кај нас после долго време, некогаш не месеци, туку и години потоа. Ugg boots, varsity jackets, дури и хеланки.. и додека да помине време откако сите ќе ги прифатат новите трендови (бидејќи нели, кај нас општеството е најголемиот судија) кај нив веќе е измислена топла вода, а ние стоиме во место.
    Прашањево е тешко да се одговори накратко бидејќи само по себе влече многу теми за разглабање. Менталитет, сфаќања, приходи, вкус, заинтересираност.. the f*cking government.

    Баш ми е мило што ете прочитав дека ќе се отварале нови трговски центри, баш супер, но пак си ја пишуваме приказната отпочеток. Ќе си се жалиме, скапо ќе ни биде, ама пак ќе си купуваме. Веќе првата недела сите ќе ги шетаат ќесите од најновите брендови низ град и ќе бидат меѓу првите купувачи, во тренд.. и како сакате. И после сиромаштија владеела.......
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    За Скопје city mall не сум знаела што точно има. Се молам да има нешто асално, гледам се спомнува Zara па дај боже!
    А да прокоментирам конкретно за Спринфилд. Многу ја сакам продавницата, може да се најдат супер парчиња и би дала ете и 2000 за некое џемперче или барем додека не сфатив каква пљачка прават. Баш отворив страната на Спрингфил и споредив цени. Кај нас патичињата што се 3000 таму ке се најдат за 880! Е ај сега. Подобро ко ке одам во странство ке се изнакупувам ко човек отколку тука да ги дадам. Ај да не е толку за парите, ќе ги дадам ама што се замислуваат стварно не знам. ОК морам да признаам тој што си има си купува ама еве ме чуди LIU•JO реклами низ цело Скопје а кој влегува таму? Ретко некој да може да си дозволи, и на повеќето луѓе им течат лиги пред излозите а не се осудуваат да влезат оти само марама е 14 000. Ако ми е LIU•JO ке одам ке си купам во друга земја, мислам нема потреба да отвараат и онака се е пропала инвестиција. Истото важи за Paul & Shark...
    Всушност ние на многу начини сме пропала инвестиција. Нема ништо, а и да отвори некоја јака марка кај нас ретко кој ќе купува па џабе се мачеле луѓето. Ако ми е до јака марка ке одам во странство ке си купам, ке си нарачам. А овде џабе отворено, само лиги на повеќето да прават. Ама тоа ти е.
     
  5. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Порано мислев дека причината за високите цени и покрај нашиов стандард лежи во сите трошоци, дозволи и сл. што ги плаќаат Манго, Евро азија и ред други. Но ништо од тоа..Манго шие во Штип, а откога слушнав дека Евро азија купува на кило парчиња Бершка, Страдивариус од аутлети кои веќе не се заинтересирани за да ги продаваат ни таму, ми се слоши, од тогаш немам влезено во Евро азија. Уште поеќе и ме иритира кога ќе видам некое парче дека го враќаат упорно во секоја “нова„ колекција (тоа пред 2 дена било на попуст, а денес со цена поскапа и од претходната). Тоа е, немаме никаков избор па не користат како сакаат. А незнам колку е точно но слушнав дека сега е или ќе биде донесен закон дека доколку стои на продавницата дека има 70% попуст ќе мора и парчињата внатре да се навистина со тој попуст или така нешто..Е сега уште да биде точно
     
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Да не мешам политика,ама ако влезиме во ЕУ ќе немаш пари леб да си купиш,а не пак облека.
    Во секој случај носењето среднокласни брендови не зависи од државата, туку од тој што ќе ги донесе,а и тоа не е многу ефтино.

    Tаа кинеска роба што ни ја нудат тука,можат многу поефтино да ја продаваат, бидејќи реално ниту е квалитетна, ниту е нешто посебно убава. Треба да превртиш цел град за да најдеш едно парталче и тоа што ќе го најдеш нема да ти биде толку убаво колку што ќе мораш да го купиш.
    Но, тоа е што е.. ние сепак и покрај се ќе продолжиме да купуваме.

    Јас си имам купено и фармерки за 250 денари и џемперче за 150 денари од Албанци што идаат.. фармерките веќе ги износав,а џемперчево има голем потенцијал.
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Покрај сето набројано, да не се повторувам со сите претходни феминки, ќе ја цитирам rossonerka
    Јас мислам дека ние сме овци кои не стрижат сопствениците на бутици!
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Па едноставно е лугето немаат пари.
     
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    епа затоа што енма избор ние пазаруваме откај оседите и поефтино ни излева за разлика од тука а и плус што е сезонско кај нас го носам после 1-2 сезони....јас си купив јакна од грција пред 2 години а кај нас ја видов онаа година и тоа ја рекламираа како најнов модел...
     
  10. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    дојдете во Кавадарци и да си купите се. Кај нас се е во нормални цени, моите братучеди од Охрид и Скопје 3 4 пати идат во годината на шопинг во Кавадарци, оти кај нас не само во бутиците туку и во другите продавници се е по ефтино од Скопје, Велес, Охрид, и другите градови кај нас да не ги набројувам.
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ Да?
    Што ти ќе препорачаш од Кавадарци?
    Бидејки од тие неколку пати што сум била и што сум шеткала низ продавниците дефинитивно заклучив едно нешто, дека Кавадарци е поскап од Скопје.
    А и пријателките од таму не се задоволни од цените од продавниците.
    Истата облека што ја гледам и низ Скопје низ просечни дуќанчиња кои имаат турска роба ил од кинеските пазари од Солун, таа ја имаше и во Кавадарци, ал ТВРДАМ дека беше поскапа.
    Не ми се веруваше дека истите фустани во Скопје беа 1000, во Кавадарци беа 2000.
    Само во Скопје се во Елит на тезга да речеме, во Кавадарци во продавница.

    Во маливе вака гратчиња продавничињата држат и те како добра цена. Пола град се знае па ти даваат продавачките стандард попуст, божем поефтино. Како да не.
    Во Скопје имаш конкуренција голема, во маливе градови ја немаш, па можат да си "играат" со цената.
    Може си имате вие круг на поефтини продавничиња, ама глобално цените не се нималку ефтини за шопинг. А и изборот е тој, ист како и секаде, униформиран.


    Моето мислење е дека само конкурентен град за шопинг во Македонија кој нуди нешто поинаку е Штип. Ги има тие фабрики, тие извезувања, па што остане се продава во продавничињата покрај фабриките или во нивните магацини. Домашно, квалитетно и достојно за шопинг.
    Другиве градови во Македонија држат цена за неквалитетна роба.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    јас летово во Кавадарци што си изнакупив фустани по 600 денари, и тоа салам убави фустани, во Скопје истите беа по 2000 денари, е сега зависи и во кој бутик си влегла во Кавадарци, треба да прошеташ со мене и да видиш дека сум во право. А ако си шеткаш по главната улица, секако дека држат цена тие бутици ама сепак мислам дека не е толку висока колку што има во Скопје.

    Инаку и тука има такви мини фабрики да ги наречам, што шијат и извезуваат роба. Е од таму па да купите нешто е со дури смешна цена. фармерки за 300 денари, фустани по 400, блузи и џемпери за 150денари.