Па не можеш да споредиш светска ку*ва со комшија, со комшијата постојано се гледаш, комуницираш, се дружиш и нормално е да ти биде гајле, а за Кардишијан само читаш дека се омажила по којзнае кој пат, или дека ги покажала градите, задникот и што уште не, и што е најлошо ваквите луѓе се најпопуларни и многумина им се восхитуваат.
Е шо сеа ке се вреѓаме ли,гарант овде си го сретнала првпат.Мала шала,немам ни Д од Дуника,си носам убаво руско православно име,а Дуника е некоја моја прапрабаба,чие име е својствено за мијачијата пред повеќе од еден век. На темата,не ми се свиѓаат имиња што завршуваат на -ца,и машки со -че
Ќибарет (женско) Пред некое време го спомнаа имево дома, мајка ми и стрина ми, некоја другарка од стрина ми така се викала. Денес неможев да се сетам како беше, ја прашувам мајка ми...како беше името на жената, некако ко ќибритка звучеше?! xD
Знам, знам. Имав во комшии едно бабиште лошо Дилбера се викаше ама сите ја викаа Диљба. Јас и ги корнев цвеќињата во дворот и она фрлаше со сливи по мене аххахах
Мои блиски роднини двајца браќа Фернандо и Себастијан.Во кој шпански филм била кумата кој знае,никако не можам да ги поврзам овие новите имиња со нашита презимиња пр:ања,мила,миа,теа,леа.
Аха, значи ако детето се роди на возраст над 15 години, тогаш ќе биде нормално да се ставаат овие имиња
Па ова што ти кажувам беше пред 15 години јас кога имав 7-8 години, а таа и тогаш умре плус минус некоја година...
Еден професор кој е многу дрзок ми рече да си го сменам името бидејќи сега сум живеел во Македонија не Полска, и не ме викаше по име туку новодојдени, се молам да не ми предева во втора година пак. Инаку Слободанчо се вика, па незнам кој има посмешно име. Имам комшивка Лепосава се вика, а има 25 години така нешто, кој и го даде името незнам..